Ц ц, овој Влатко ќе победи! Најмногу гласови има секогаш. Уште кога не беше почнато танцувањето си имав претчувство дека Наташа ќе биде најдобра. Прекрасни се! А кога ќе има сега? До кога ќе трае ова Златна бубамара 2? 147 99
Прекрасни ми беа вчера Сара и Мишо! Сара веќе ми изгледа како професионална танчарка,а дефинитивно Влатко Илиевски ми е промашен случај
Мене фаворит ми е Сара Мејс уште од самиот почеток. После пасо добле вчера со салса уште повеќе ме освои. САРА ДО ПОБЕДА
Мене во старт ми се издвоија Сара и Мишо и Наташа и Даниел, одлични се, ама искрено си навивам за Сара и Мишо, многу одговараат како пар, овој пат му ја погодија за разлика од Будимир, посветени се, работат и тоа се гледа. Вчера беа убедливо најинтересни за гледање. Од друга старана, како успеваат на Марина Овезовска да и дадат некој со две леви нозе и апсолутно без ритам тоа е чудо Белов бар се трудеше лани, ама Влатко не го бива никако! Како ги фрла нозете, а колк е научна фантастика за него
Супер беа Сара и Мишо. Ама некако имам одбивност кон Сара, некако простичка ми е со таа песната нејзина, врне врне. Наташа и Даниел форевр
Не знам дали следите, во моментов е финалето на МРТ Изиграа Мишо и Сара, а како изненадување - нивни двојници, мали танчари со ист стајлинг како нив и ја играат нивната кореографија. Не знам дали е оригинална идеја или копија, ама е генијално Мене фаворити ми се Наташа и Даниел, но сум пријатно изненадена од Сара и Мишо п.с.закачени кај мене во влез
Јас сум неодредена и Мишо и Сара се супер и Наташа и Даниел. Даниел и Наташа се некако подобри, ама нејќам да победат, ради Даниел оти е многу арогантно детиште што еднаш многу гадно ми се испонаша и од тогаш ми е многу антипатичен.
Леле овие Мишо и Сара како ме изнервираа. Видеа што пали кај публиката и жирито. Исто како лани. Баш ми е мило Наташа и Даниел што победија. Јас и не видев некој танц во последниот настап на Сара и Мишо, само перфектни акробации и тегнења. И лани не ми се допадна, и сега не ми се допадна. Не знам за другите, ама кога велам танц мислам на играње, танцување, а не влечење натаму наваму. Гледам дека со убедлива победа победија Наташа и Даниел. Заслужуваат. А тоа што го направија Сара и Мишо беше веќе видено, ајде сега секоја година на финале се’ исто - пак исто. Бог да чува. И немаше потреба од тие деветки на вториот танц. И двете двојки заслужуваа барем една десетка, ама нели да не се цело време десетки. Како и да е, овојпат победи оној кој навистина требаше. Мирна ми душа.