1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Танц со ѕвездите (МРТ)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Snow-Queen, 17 јануари 2013.

  1. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    http://m.youtube.com/watch?v=XXtYw9E53vg

    Колку и да беше добар танцот, промашена копија на ланските победници.
    Лани ме трогна моќноста на настапот, и гласав за нив затоа што понудија нешто ново, а блиско до нас.

    За фејкериве и копирачиве уште кога ги видов во аутфитиве ми стана јасно дека идат на ланска карта и се тотално неиновативни, и не секоја птичка значи пролет.

    Честитки за Наташа и Даниел.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Се сложувам дека е копија на ланскиот т.е.со истиот мотив, а и самите рекоа дека Атанас им помагал за оваа кореографија, па логично е зошто била таква :)
    Како и да е, убаво изгледаа и двата пара, од почеток бев за Наташа и Даниел и многу се израдував за победата :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Мене Сара ми е родена за сцена, девојката е камелеон, се претопува во секој танц, корографија, костим, а и Мишо е невистина талентиран и фин дечко.
    Јас не го пратев ова ич ни лани ни годинава, не сум фан по танците, ама не сум едина сум Сара и Мишо им беа фантастични. Не само со овој танц, сите што ги гледав на јутуб мене ме освоија сосема.
    Штета што не победија, според мене Сара ја има грациозноста за танц што кај Наташа мене ми фалеше.
     
    На Polsko и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  4. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Сара и Мишо повеќе ми се допаднаа. Уште од самиот почеток беа одлични но исто и Наташа и Даниел. Оваа година беше подобро ова шоу.
    А што се однесува до последниот танц на Сара и Мишо стварно беше одличен и не е битно дали бил сличен на ланскиот, зашто и онака повеќето кореографии кои ги играат сите натпреварувачи се превземени од американскиот танц со ѕвездите. Најбитно е како ќе се одигра,не е битна толку кореографијата
     
    На Hipster и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  5. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204
    Не ја пратев многу оваа сезона и не можам да кажам дали е заслужена победата. Но Сара и Мишо со финалниот танц ме оставија без зборови. ..
     
  6. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    653
    Двете двојки беа добри, потполно заслужено во финалето останаа најдобрите.
    Наташа и Даниел беа стандардни со своите танцови презентации демонстриираа одлични танцови перформанси.
    Сара и Мишо е тие беа феноменални потенцирам феноменални во финалето се представија во најдобро можно светло досега, нивниот танц со кој се представија беше убедливо најдобар танц досега изведен во овие две сезони од шоуто танц со звездите, нивниот танц беше импресивно изведен и преполн со одлично изведени танцови елементи со етно мотиви, нешто наше автентично македонско, проследено со една тешка емотивна песна која го прикажува тешкото историско минато низ кое поминувал нашиот народ, значи танцот, елементите и песната во синергија беа толку моќни, ипресивни, впечатливи, просто ве поместуваа од место со нивната енергија која ја шират, незнам кој би останал ладнокрвен, рамнодушен, воздржан на еден таков маестрален танц.
    И воопшто не се согласувам со некои мислења овде изнесени дека тоа е копија на минатогодишниот танц изведен во финалето, секој си има свое право да избере со каков танц ќе се представи, дали тоа ќе биде стандарден латино или пак некој од овие во комбинација со етно елементи кое јас лично многу го ценам, вреднувам, респектирам, тоа е негово индивидуално право, право на избор.
     
    На Polsko и sanja.burgundy им се допаѓа ова.