20:45 Танц со ѕвездите Шоу програма Hа нивната страна ова пишува инаку Mаријана лото и Aделина се вечер, и не знам уште кои 3 други
Ја и татко ми го чекавме вчера Белов да го гледаме, оти пресмешен ми беше на Макфест и општо на било кој фестивал, колку здрвен човек е и тежок антиталент за играње. Башка со тоа тортата на глава, не ја сменил. Од вчера најмногу ми остави впечаток Зафирчев, па се обидувам суптилно да откријам меѓу редови што напишале Лилит и Жапче. http://www.youtube.com/watch?v=YtXIOHIgZ4U
Пред се , шоуто е феноменално . Водителите добро си ја вршат работата а жирито мава добро критики . Не знам зошто се буните за насловот на шоуто .. сите тие се успешни и млади личности кои постигнале многу во животот , кој актер , кој ракометар ... бла бла бла . И зошто да не ѕвезди се . Ке го гледам шоуто до последната епизода . Ај поздрав ..
Сега гледав некои клипчиња на јутјуб и ми се допадна. Претходно мислев дека е само уште една глупост на МТВ. И луѓето си се арни, не се спонзоруши и исфорсирани фаци како што кажувате. Што им фали на Зафир и на Јелена. Јас небива поарна да сум. Ќе биде добро да постигнам колку нив. Јелена арно се покажа, супер одиграа. Васил Зафирчев е закон и исто добро се покажа, не ни очекував помалце од него. https://www.youtube.com/watch?v=dlpyR5NtfXk Тато имал фудбал вечерва не ми дава да гледам ама ќе гледам на јутјуб. Едит: и Лоба била добра.
Дефинитивно мој фаворит е Јелена!! Според мене добро се соживеа со танцот!! На Лоба и препорачувам да се занимава со танц и да не спаси од нејзиното таканаречено "пеење". Фала Спојлер Партнерот на Лоба
Xеланките и се искинати од паѓање Kој антиталент е овој Белов човече инаку многу јасно дека на шоуво ќе се пријават некои звезди кои не се многу застапени на нашата сцена, тие дошле да си се промовираат со шоуво
Ама е симпатичен партнеров на Маријана ама и двајцата си одговараат некако како пар Белов Смешки беше хахха
Јас не знам таа Марина како не летна дур ја вртеше овој сиромашкиов, врска си нема, па кога почна да ја тресе, мислиш ја тепа човече Инаку од Аделина сега што ќе игра, очекувам МНОГУ нејзе ја бива ептен за играње, си го има тоа во крвта
иле и маријана се многуу добри.. а мислам дека од овој првиот судија(не ми текнува името али на прима данза директор е ) се очекуваше ваква оценка за иле пошто ко што знам тренер во прима данза бар беше додека јас идев.
ау шо беа овие потези на Атанас овие па,жириво па.. колковите да ги мешал вака-онака. Пфф. Врска си немаат. Баш мешаше ко што ја не би можела ни на сон
Ванчо ми изгледа како бонбона од Т-mobile. (така ми е облечен во тие бои) срцка Сите денеска убаво изиграа. Само Белов малку ме изнасмеа, кога за малку ќе ја испуштеше Марина хаха...ама ај сигурно ке се подобрат!
Најдобра беше Аделина мислам најопуштена,и Марјана не беше лоша. Спојлер О.т.Си мислам да се организира танц со домаќинки како мене,децана-инструктори има да избегаат преку врата кога ќе сфатат кого треба да учат
Мислам дека тој првиот што коментира, го заборавив како се викаше, го тупи повеќе од потребното. Ама со оглед на тоа дека скоро во сите Dance with the stars има по еден таков, му се простува. Пред неколку години на Италијанското Танцувај со ѕвездите, имаше еден мнооогу поненормален од овој, да не кажам најмрднат од сите досегашни судии на било кое Dance with the stars, ги отру сите значи. Мене Марјана ми беше супер, одлично одигра, а и Зафирчев вчера ми беше целиот внесен у фазонот I'm the staaaaar, поминува и тој значи Јелена ми беше толку слатка и спонтана, просто човек не може да не ја засака! Јас навивам за неа и партнерот. Будимир исто ме изненади пријатно .
Зафирчев беше најслободен и баш опуштено си се изнаигра. Како се фрцкаше со тоа газето . Пријатно сум изненадена од Маријана (манекенката). Навистина ја бива за танцување. Јелена изгледаше многу лошо! и еве нешто што мене многу ми се допадна - https://www.youtube.com/watch?v=jxupuUimByY
Mене Лоба, ме остави вцера без здив, таква грациозност, таква енергичност и сексипил невистина одамна немам видено. Браво за неа, другите беа онака просечни ма да Будимир, беше многу згодна ама некако не е за танц премногу беше здрвена. Што се однесува до шоуто добро е што конечно дојде нешто нормално кај ас што не е шунд.