1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Танц со ѕвездите (МРТ)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Snow-Queen, 17 јануари 2013.

  1. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Ги гледав само на јутјуб што ги има од синоќа. Васил ми се допадна, и Андријана, иако се познава дека е спортист, силна жена. И многу висока. Женетина :lol:
     
  2. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189

    Девојката е танчарка и глумица, јас ја знам од римејкот на Footloose (оригиналот е подобар!), ама во случајов дечкото е ѕвездата, американски лизгач на кратки патеки и олимпиец колку што разбрав.
    Ептен се добри, девојкава фантастично танцува ама и дечково супер ја следи. А и брат и е еден од професионалните танчери Derek, ептен добар особено во сезоната каде што танцува со гимнастичарката Shawn Johnson...

    Туку да не должам, back to topic

    Интересна идеја е шоуто, конечно да се направи нешто различно од Велики брат, фарма и тако даље кои натаму ќе ги рушат рекордите на гледање ама ете, тоа повеќе го забавува народот.. |(
    Ги прегледав набрзинка и вчерашната и денешната на MaxTv, не се лоши како за почеток, не ми е јасно само што очекува жирито со оценкиве, 3чиња фрчат, 4ка ако имаш среќа ептен. Не дека заслужуваат 9ки и 10ки, далеку од тоа ама нека олабават малце уште е прва епизода, па луѓево до вчера освен пајдушкото не мрднале нешто друго да заиграат :^)
    На кратко ги погледав натпреварувачите, така да сега за сега според првиот впечаток, дефинитивно ми се свиѓаат Зафирчев и партнерката, баш опуштени ми изгледаа, Зафирчев мислам дека уживаше додека игра, си се изнарипка, се изнафрцка. Јелена ми е многу слатка и убава девојка, уште пред да ја видам знаев дека ќе ми е фаворит иако не се покажаа нешто посебно. Барем јас ретко можам да добијам некој "wow" впечаток од валцер или од други така спори танци ако можам да ги наречам...

    Утеха ми е дека со шоуто малце ќе се зголеми интересот кај народот како за модерни танци, така и општо за информации во однос на нив... па може некој ќе го прошири спектарот на музика, нели освен наочаре црне, лепша од ночи 8) aww, aww ..
     
    На nati44 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Мене ми се допаѓа многу идејата, а и самата реализација е добра за наши услови. Се гледа дека многу труд вложиле и организаторите и самите учесници, па греота е да плукаме само на се што е наше. Ги гледам одамна овие емисии во други земји и баш ми се допаѓа целиот концепт.
    Убаво што им текна конечно да воведат нешто што ќе ги врати младите пред ТВ екраните, откако го затруја и пореметија народот со нискобуџетни турски серии. МТВ се врати во живот слободно можам да кажам дека моментално па и најдобра програма нудат на екраните.

    Гледав и синоќа и денес, баш уживав во танцот и добро се покажаа како за прва емисија. За звездите нема да коментирам, реално пола држава некои од овие ''звезди'' првпат ги гледа, ама сепак кај нас и нема вистински звезди, па и оние што на прсти се бројат и се познати на цела поширока јавност тешко би прифатиле еден таков ангажман со оглед на тоа колку време, труд и енергија треба да се посвети и оддели. Не се лоши избраните, се потрудиле да научат и совладаат што повеќе башка и ризикуваат да се избламираат ако нешто тргне наопаку. Сепак ова им е и добра можност за промоција, затоа и највеќе дошле де.

    Ми се допадна како танцуваше Зафирчев, се гледа дека целосно се внесе во задачата и улогата. И Јелена ме изненади пријатно се нејзиниот партнер, многу ми се слатки заедно.. иако не ја знаев од претходно девојкава. Маријана добро се покажа, ама мене ми е толку антипатична па што и да направи пак не можам да ја гледам.
    Исто кајакарот кој вечерва настапи беше навистина добар. Белов се префорсира и преценува, каде нашол овде да дојде тој како споменик е кога пее сега па одеднаш танчер ќе изигрува :lol:

    Воглавно планирам редовно да го гледам шоуто, очекувам допрва да се покажат натпреварувачите. Кога ќе се опуштат и помине почетничката трема би требало да се изнагледаме на добри танци.
     
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.224
    Допаѓања:
    25.832
    Пол:
    Женски
    така е во право си Аполо е ѕвездата а Џулиан е професионална танчерка а сега е глумица и девојка на Рајан Сикрест,а само да му го видите фри стајалот последниот танц на Аполо и Џулиан навистина беше боли глава,мислам дека се едни од нај добрите што до сега воопшто настапиле на било кој танц со ѕвездите https://www.youtube.com/watch?v=YhaQTYClcUA
    дали од вечерва што танцуваја има ставено некое видео на ју туб,сношти одма ги поставија вечерва уште нема ништо,или не можам да најдам
     
  5. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    И синоќешната епизода ја изгледав, многу интересно е, а вечер ќе има ли? или само петок и сабота ќе го дават?
    мене најубаво ми изиграа викторија лоба и тој нејзиниот партнет, а сепак не добија толку добри поени, како што добија александар белов, кој што не изиграа толку добро, исто така беше интересно и на марјана, :clap: за нив а и за целово шоу
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Aбе нели Аделина не заслужи толку ниски оценки?
    Мислам не играа лошо, посебно што танцуваа низ цел подиум, јас секој момент очекував дека ќе се ѕвекнат во некоја скала со чекорите наназад ама супер беа. Е сега кај неа и нејзиниот партнер ме нервираше она најдобри сме, танцуваме, ќе победиме, вивнување во облаци предвремено. Ама па не беа за 3ки бре. Може оценките им беа за малку на земја да се спуштат.

    Ах да а Белов ми е срцка, иако неговава танчерка некако ми збори премногу ама ај да не и давам заклучоци предвреме, ама како си збореше дека нема везе од играње, ал се труди бе сиротиот, се труди тоа е најбитно. Ме изнасмеа вчера. Ако тој научи да игра секој може :D

    Од првиве емисии и запознавање со натпреварувачиве сите речиси ми се допаднаа, освен некако Вишка ми беше најслаб, ама може имаа и најдосаден танц, ќе видиме.
    Всушност има 10 танци и во 10 емисии ќе ги играат сите тие танци по еднаш? Така доаѓа или?
    Зафирчев, Јелена, кајакарот и Марјана ми беа најдобри, тука се и Лоба и Аделина иако од нив очекувам и многу повеќе. А за Белов, Будимир и Бранко јас ќе кажам само браво, се гледа дека тешко им оди ама па и не се откажуваат бре, срцки. Во нив се препознавам јас, да ми дадат да танцувам не 3 месеци, 1 година ќе ми треба, затоа ми се најинтересни, си се поистоветувам со мене како дрво за танц :D
     
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Да, сега тие 10 танци ќе се делат на тие двојки, секоја недела - танците наизменично ќе се менуваат.
    Тоа е супер, пошто ќе имаме прилика да видиме која двојка во кој танц ќе се снајде.

    Ама луѓе, можда сум лаик за танциве ама мене сите океј ми изгледаа. Не ви изгледаа некако претерано строги оценките на судииве?
    Да не дадеше вчера Миланчето 6ка, уште ќе мислев дека оцените се до 5, а не пак до 10. :o

    Белов леле, знаев. :rofl: Арен беше за почеток, ама многу ми е смешен колку е здрвен пустиот. И стајлингот со она кошулчето не ми беше најсјаен.
    А што толку фалби му удрија на кајакарот, неговата партнерка 80% од танцот беше активна.

    Аделина се движи супер, и не очекував 3ки од судиите. Марјанчето ми беше многу добра, и мислам дека си ги заслужија досега највисоките оценки.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Пуст Белов, најтромав е, дефинитивно најнеталентиран е од сите.Па и корегорафијава му ја направиле најнезахтевна. А Симона се жали од овој новинаров како топка ја третирал, а Белов да ти се паднеше :D
    Дефинитивно Зафирчев е роден за танц, од сите е најпрофи, ама добро на престави они и играат и пеат така да него не му е ова нај нај ново.
    Маријана исто беше солидна, ми се допадна. Аделина ми беше добра но очекував поише од неа.
    Зафричев ги шие сите, од нетанчериве, како се движи свака му част.
    Али ипак сум за Симона и Бранко и јас од субјективни причини.
    Али костимиве на жениве им се мајко моја, ужас, ретко кој да беше океј.
     
  9. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Мене емисијава ептен ми се допаѓа. Ја следев амрекинаската сега еве конечно и кај нас. Мене фаворит ми е Маријана и нејзиниот партнер, дефинитивно најдобри беа. Уште ми се бендисаа Атанас(кајакарот), Зафирчев и Аделина(која не заслужи толку ниски оценки). Јас сум ептен возбудена бидејќи денеска ги гледав и двете епизоди по ред и одвај чекам наредна :lol: Како што кажав премногу ми се допаѓа шоуво, а на вас мрчалата што викате вакво е такво е одете и гледајте Крвта не е вода, Брачен судија и такви сра*а ако не ова. уште еднаш секоја чест за организаторите :clap:
    Инаку за ова од американсково мене дефинитивно најдобар танц ми е овај
    https://www.youtube.com/watch?v=Sszc5oMvq60
     
  10. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Васил Зафирчев ми е најјак досега. Одигра како професионалец. :rock: Ја гледав Аделина ама не ми беше ништо посебно.
    Оваа Наде и Зафирчев ми беа најинтересни, погодени и музика и стајлинг, се.
    Александар Белов имаше многу крути чекори, ама партнерката добра му беше.
     
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.710
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Недостигаше нешто вакво, ем наше, ем не е класика фестивал или емисија, нешто што ќе ја разбие монотонијата од турски серии и нивна синхронизација или српскине Мењам жену и компанија.
    Многу ми се допааднаа генерално сите, се потрудиле навистина, изобилуваа со позитивна енергија и на вечерта и на пробите, во поинакво светло од она виденото ќе ги гледаме.

    Белов ми беше најсмешен во подготовките и пробите, интересни дијалози имале со Марина, ме изнасмеаа за хеланките, 2те леви нозе, кревањето. :D Сакам далеку да стигнат и да останат во овој стил на однесување :D

    Аделина на настапот ми беше како принцеза, и партнерот и ептен срцкаст. Веднаш воспоставија контакт при запознавањето и се опуштија, за разлика од Белов и Марина кои беа како здрвени и усрамени :D
    Заслужија поголеми оцени Аделина, и смешни беа за тетивите, вртењата и паѓањата.

    Маријана беше многу грациозна, како да е професионална танчерка.Убава хемија има со Илија, и ми се допаѓаат.

    Партнерот на Будимир, Мишо е богами најлеп од сите, само покрај неа која е многу крупна не доаѓа до израз, се губи, и она не ми женствена, има груби чекори.

    Првиве три пара се мои фаворити, и само се надевам дека позитивната енергија ќе ги држи до крај, а и нас гледачите со тоа ќе ни задржат внимание, ќе ни бидат интересни и смешни, оригинални. :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Интересно е шоуто сеуште е почеток има време да се доусовршат се надевам дека ќе видеме танци во стилот на Derek Hough & Nicole Scherzinger.

    https://www.youtube.com/watch?v=piNhACnJVQs
     
    На lunicka и mileystar им се допаѓа ова.
  13. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Значи некои како сте се фатиле за то ѕвезди па ѕвезди а не сте разбрале ни шо сакам да кажам. Јас реков уште пред да почни шоуто и пред да прочитам кој ќе учествува дека не ми се свиѓа како идеја, јас нејќам да гледам такви емисии и реалити ;) Јас не сум ни ја гледала емисијата за да давам негативни коментари, само идејата ја коментирав дека не ми се допаѓа па незнам чија да е, и американска и англиска и наша. А многу ми е глупо некој сам себе да се форсира како ѕвезда, па ако сака и во холивуд нека живее. Не е дека не сакам танци, планирам да се запишам на нешто такво во иднина, ама емисии како оваа или како џиш нејќам. Толку, можете сега да престанете да се замарате зошто некој не гледа глупи емисии, доста се турските серии за глупирање, барем знам дека парите одат кај некој однадвор шо знае да се понаша во јавност а не кај овие шо ги пишите после на темата за македонските јавни фаци дека ви ја креваат главата на улица и ролаат очи на секој шо поминал покрај нив а вие сами им ги кревате акциите, ѕвезди јаки хаха ;) , то си е мое мислење и нема да го смените вие гледајте си и пријатна забава ;)
     
  14. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    На прво гледање и јас така помислив, ама денес ја вратив емисијата и баш буљав да видам зошто им дадоа слаби оценки, и приметив дека немаа никаква синхронизација во чекорите - едниот заостануваше, што не го забележав при првото гледање, најверојатно затоа добија слаби оценки. :^)

    Инаку мене ми се допаѓа шоуто, се гледа дека доста е вложено, не само пари туку и натпреварувачите ептен сериозно имаат влезено во проектот.

    Зафирчев и Наде беа добри и некако ептен погодени од тоа што можевме да го видиме, а ме изнасмеа коментарот на Тони дека им препорачува помалку да се дружат оти почнуваат да си личат еден на друг. :D
     
  15. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Па нели е ова форум каде што секој може да дај свој коментар? Без ''Мрчало нација бре'' .
    Еве јас на пример , Маријана-лото не ја рачунам за звезда, Будимир мислам дека ова го направи чисто колку да не е заборавена фаца, Аделина прв пат ја гледам , и со ''операција триумф'' не сe станува звезда.
    Што се однесува на Зафирчев, Јоавана таму им е местото и баш уживав во нивните танци.
    Нема потреба од твоето чудење секој си има свое мислење, ваљда го сваќаш тоа.
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.238
    Пол:
    Женски
    Мене шоуто многу ми се допадна :)
    Не успеав да го гледам првиот дел, ама по се она што го видов вчера одлични беа сите.
    Јас одев на модерни танци уште кога бев помала, и некои од нив се Битолчани и ги гледав секој ден додека танцуваја, и стварно се феноменални танчери :)
    Марина и Александар ме бендисаја стварно многу, другите исто така беа супер, сите кој од кој пограциозни, Маријана беше преубава, Аделина исто, а танчерите, мх мх :P
    Мене стварно ми е ќеф вака со ваквите емисии, да олабајме малце од турските срања шо се на секоја телевизија |(
    Одвај чекам другата сабота да ги видам и другите :)
     
  17. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    не го гледав 2риот дел во колку часот почна?
     
  18. zbj19113

    zbj19113 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Ептен ми се допаѓа емисијава а и овие што играат се супер.
    Не успеав да го гледам на телевизија, па гледав некој делови на нет, и од тоа што видов најинтересни ми беа тој глумецот и таа танчерката што е од Битола :rofl: пустата се стопи кога виде кој и е партнер.
    Инаку, кој денови се емитува ова не телевизија и во колку саат ?
     
  19. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    89
    Синоке за прв пат случајно најдов ТАНЦ СО ЅВЕЗДИТЕ и викам чекај да видам шо е оваа.Погледав 3-4 парови интересно беше.
     
  20. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Го поздравувам овој проект на МРТ. :up:
    Одличен е концептот, а и реализацијата како за почеток е добра.
    Од сите двојки што танцуваа највеќе ми се допаднаа Васил Зафирчев и Наде. Најмногу беа внесени, најсинхронизирани, и имаа најдобар настап.
    Иако, морам да споменам дека сите ја сфатиле задачата доволно сериозно, и тоа е за пофалба.
    Инаку, меѓу фаворитите ми се и Јелена Јованова и нејзиниот партнер, Христијан, кои исто така танцуваа феноменално.