На натпреварувачите и пари им се дават за учеството. За големите ѕвезди нормално тоа се мали пари, ама за овие се добри.
Сте се запнале за тоа не се ѕвезди не се ова не се она... Па оние кои се баш ѕвезди се најангажирани со други проекти. Во контекст на ова еве баш вчера ги изанализирав СИТЕ натпреварувачи од сите сезони од американската верзија на Танц со ѕвездите и од сите нив најпопуларни беа Ким Кардашијан Вилијам Леви и Никол која патем и победи! Сите нејзини танци беа феноменални Мене искрено ми се допаѓа емисијава. Малку само Тони ми е чуден. Многу некако е сериозен. Една шега две ако кажи арно. Треба малце во негов фазон да биди, а не онолку стегнат. Сепак е забавна емисија која е каде каде подобра од сите глупости кои ги даваат на тв во последно време
Тамбс ап од мене Немав можност да го гледам на тв, погледнав само неколку клипчиња на нет и ми се допадна. Очекувам понатака повеќе да се опуштат, ќе биде интересно. Од американското, Derek Hough е брилијантен, со кого и да игра. Јас најмногу си го бендисувам со Џенифер Греј (Бејби од Валкан танц) во танцовите имаа и делови од филмот, башка тогаш се играше и во чест на Свејзи мислам. Kолку години има женава, а како игра, прекрасна е. валцер http://www.youtube.com/watch?v=oF_K9jy0RYY пасо добле http://www.youtube.com/watch?v=KZkprIHAjog слободен стил http://www.youtube.com/watch?v=oqaDoJogsRI
линк од цели емисии незнам дали има,ама можиш на ју туб да пишиш dancing with the stars или само DWTS и ќе ти излезат многу видеа.еве само од 14 сезона 1 епизода на ЈТ ја најдов цела,патем ова беше нај добрата сезона според мене,да да барај видеа од сезона 14 а можи и 15 сезона ептен суперски беа THE BEST до сега, 15 сезона беше со нај добрите звезди што учествуваа пред тоа на шоуто и се вратија по втор пат https://www.youtube.com/watch?v=OBORmQ5YwBQ https://www.youtube.com/watch?v=KJ-rLjR ... VoDV_Xp589
Едно голема ДА од мене! Требаше нешто вакво, да не размрда малку, да ни го оттргне вниманието од индијци и турци. Од паревите најмногу ми се допадна танцот на Лоба. Најраздвижени и најопуштени ми беа. Па и фустанот и се вклопи супер а и изборот на песна беше одличен! Други, Маријанчето беше арна и иако не сум нејзина голема обожавателка морам да признаам дека беа едни од најдобрите таа вечер и дека поените им се заслужени. Останатите не ги ни паметам кои беа, но не беа лоши ни тие, како и да е сепак тоа им беше прв настап, каде се уште 9. Едно нешто што не ми се допадна се водителите. Тони од крај не сум го сакала а водителката прв пат ја гледам. Не се доволно опуштени и Тони треба да намали малу со читањето од картончиња и да си го научи барем малку тоа што треба да го кажува. И ќе повторам, многу ми се допадна шоуто и ќе го гледам до крај.
Одличен е проектов, браво! Баш ми се свиѓа што можеме да погледнеме нешто вакво и кај нас. Се изненадив од некои за толку кратко време да научат да танцуваат, луѓето со години се усовршуваат. Белов беше многу смешен, ама таков си е, природен, нема ни грам преправање кај него. Ќе го гледам и понатаму дефинитивно.
Мене многу ми се допага ова шоу и едно големо браво.Конечно нешто интересно да се гледа на нашиве телевизии.Не отруа со тие турски серии,аман нека ги забранат веќе.
Онаа Маријана во Џамбо бинго спомна и така дознав а баш сакам да го гледам, на пинк ги гледав и беа интересни Се надевам и нашите нема да бидат лоши
Jaс сум задоволна од шоуто, мислам сакав да видам нешто вакво на нашите канали, сепак сметам дека некои од „ѕвездите“ не ни може да ги наречеме ѕвезди, ама ајде.Танчерите ми се одлични повеќето, а и повеќето добро се снаоѓаат.Жирито е океј, мада сметам дека е престрого за почеток и некако не беа баш реални во оценувањето.Пример Иле и Маријана добија највисоки оцени, не дека не беа добри ама Викторија и Јелена мислам беше(танго што играше) со партнерите многу подобро изиграа, не дека јас многу се разбирам, ама сметам Илија ја доби оценката зошто е многу близок со директорот на прима данса и тоа го знам од сигурен извор. Како и да одлични се горе доли сите, како за прва емисија...сигурно ќе бидат подобри. A да, мора да се погрижат за костимите на жените бре, ужасни се А инаку со цимерките се зафркаваме за муабетот со „ѕвездите“ дека секој ден ни биле на дофат, а не се потрудивме за автограми, живееме во зградата каде што е студиото каде што вежбаат, па си ги гледаме како се шетаат натаму наваму, активни се нема што.
Го делам мислењето со оние што им се допаѓа шоуто, добар новитет е. Малку покасно од светот, ама подобро некогаш отколку никогаш, нели? Мене фаворит од „ѕвездите“ ми е Јелена, сепак треба да се испраксира во танцувањето. Сите имаат многу да учат, ама за почеток задоволителни се.
Шоуто не е лошо за Македонска работа онака баш освежување донесе, доста беше веќе со тие „Фарми“ и „Велики Брат“-ој - НАПНАЈА! И премногу ќеф ми напраја на 2 песни од Glee шо играја до сега, прво на Americano/Dance Again па денес кога ја слушнав и Toxic спобудалев дома целата бев: dmsadnoiwencsa На колку поќе песни од Glee играт, толку поќе ке ги поштовам
Шоуто е баш добра идеја и добро смислено,но има лоша реализација. Забележав дека коментарите на судиите воопшто не се совпаѓаат со нивните отцени и се премногу строги. Претходната емисија најмногу ми се допаднаа Васил и Наде а во оваа емисија најдобри ми беа глумецот Вишка и Ива. Просто ме воодушевија и не се согласувам со отцените на судиите. Исто така ми се допадна и Аделина
Денес не успеав да гледам ако имаше некој кој изиграл повпечатливо ве молам дајте линк или слично да ги видам!! А И од Јелена линк обавезно!! Ве молам !!
Денес гледав 1 пат, а вака настапите предходно на youtube ги гледав. Денес ми се допаднаа Будимир со партнерот, преубава беше денес, а и многу добро изиграа, исто и кајакарот нз како се викаше а и Вишка со партнерката беа кул. Белов со партнерката и Аделина со партнерот не ми се допаднаа иако добија највисоки оценки. И сега утре ќе испадне некој ?
Ми се допаѓа шоуто, меѓутоа имам една забелешка. Сметам дека на местото на местото на ѕвездите би требало да бидат некои луѓе како што тоа беше со идол за да биде уште поинтересно. Сега навистина е заради забава ова тука да бидат ѕвездиве ама сепак. Од судиите најмногу ми кине живци Влтко што на многу малку им кажува дека биле во ред место да им каже дека совладале нешто поради тоа што сепак тие се пејачи а не професионални танчари. Миланка многу ми се допаѓа што ја руши негативноста на Влатко и гледам дека жената е полна со позитивна енергија. За другиот судија така-така. Иначе најчесто кога даваат оценки дури и погодувам што ќе дадат поради тоа што каква оценка ќе даде Влатко ќе даде и 3-от судија а Миланка секогаш дава за една или 2 оценки поголема оценка од двајцата. Фаворит ми е Маријана а од сите најхумор сметам дека има кај Белов.
Многу ми се допаѓа, иако мислам дека жирито малку ниски оцени им дава, особено Влатко, знаеме дека е професионалец во таа сфера ама сепак, можеби треба малку да омекни. Маријана од лото со партнерот ми се меѓу омилените за мене се најдобри, и Васил со Наде ми се супер, многу си одговараат.