Од сите точки, оваа од Викторија Лоба и Нермин Кочан најубава ми беше до сега. Ептен ми се допаѓаа Овој Бранко здрвен е малку, ама убав бил бре
^^^Не е помината уште Едит: Уууу и овие беа добри, Христијан и Јелена, лајк, лајк Едит2: И Васил и Наде ми се свиѓаат хахаха Едит3: Јао Маријана, браво Ај да заокружам, сите ми се добри вечерва Прва наша емисија што онака со мерак си ја гледам
Емисијава браво Дефинитивно најдоибрата емисија која некогаш била емитувана кај нас без конкуренција. Од емисија во емисија станува се подобра и подобра и се подобри и подобри танци гледаме. како што веќе кажав Маријана ми е дефинитивно фаворите, уште пред да почни ми беше. Од другиве Јелена ме изненади браво, предобро одиграно а и Зафирќев и Наде ми се едни од омилените. Се на се да заокружам сите ми беа одлични и сега со душа чекам наредна емисија.
не ми никако јасно зашто и кај нас неможе да се направи исто такво шоу како и на пинк сто беше. За лица кои навистина им треба помош. инаку ова шоу е убаво.
јелена одлична беше , многу позитивно изненадена од неа се гледа дека се труди . васил и наде прекрасни како и секогаш навивам за нив само судииве малце го претеруваат со ова оцениве ама добро од наредната емисија се надевам ќе се подобрат инаку вакво шоу и ни требаше малце нешто интересно и кај нас на тв . браво за реализацијата
За пофалба се Васил и Наде, Марјанчето и Илија и Јелена и Христијан! Човек да се замисли кој е професионалец помеѓу нив, браво! Чак и Лоба може тука да ја додадам. А ептен ми се досадни Симона и Бранко, Атанас и Јована и Вишка и Ива.. Во целост шоуто си е супер, Тони не е баш смешен и судиите не ми се по мерак али како за промена по телевизииве си е топ. И да, едно прашање, кој освои најмногу поени вчера?
Маријана и Илија растурија на сцена. Браво, алал да им е, одлични се и Васил и Наде. Ептен се сите подобрени, да не знаеш за кого попрво да гласаш. Само Бранко лошо изигра и убаво го прашаа, што воопшто правеше тој на сцена? Трчаше по партнерката.
Сега ги видов некои од видеата!! Лоба Многу ми се допадна!! Фаворитот останува - Јелена и Христијан!! Прекрасно изиграа!! Спојлер Инаку како се вика песната што играше Лоба? Маријана - Прекрасно како и минатиот пат
Се поинтересно станува. Ме изненадија Јелена со партнерот, танцот им беше доста возбудлив, ама Зафирчев и партнерката ми се допаднаа најмногу. Си ги има движењата Васил, а и кореографијата и песната им беа полн погодок.
Убедливо најдобриот настап до сега, ептен ми се бендиса, ептен http://www.youtube.com/watch?v=9MXfqBEataM
И повторно во вторава емисија ми се допаѓаат сите, се трудат, и со многу љубов и мерак го прават сево ова, се приметува по лицата на учесниците. Туку оваа Симона водителкава, лево и десно не ги владее Учесниците седат спроти неа, и постојано им вика на лево на лево поместете се (кога седнуваат со неа) , а нивното лево е спрема телевизорот, а она всушност спротивно сака. И ги гледам овие се поместуваат на лево кон телевизорот, и отпосле ќе рече за да ги видиме поените убаво, па овие се поместуваат на десно. Симона твое лево е нивно десно, затоа викај им на десно и така ќе се поместат на десно и ќе го видите убаво телевизорот со поените
А оценките се од 1 до 5 или од 1 до 10? Ако е второво, зашто им даваат толку ниски секогаш? Нема смисла,сите се трудат и се солидни... Инаку Васил и Наде ми се омилени уште од првата епизода, ама во оваа растурија. Предобро изиграа. И Атанас и Јована исто... Туку што ми беше друго зборот.. ги гледам некои од паровиве има страшна хемија и симпатии меѓу нив, осеќам некои искри...if you know what i mean.
Мене ми се најдобри Викторија и Нермин.. он ми е баш симпатичен .. Гласам за нив https://www.youtube.com/watch?v=RYXtRGM1__Y
Јелена ми е ужасно харизматична и една од фаворитките, ептен си ја сакам и многу сакам да стигнат до самиот крај. Маријана е ок, ама сепак некако она оди во преден план со сексипил да привлече внимание, не дека не ја бива за танц, ама сепак далеку од тоа дека ја имаат усогласеноста со партнерот како Зафирчев или Јелена. Аделина некако па ми се одмилува, некако ептен ми е уфилмана и преценета. Не дека игра лошо, ама јас нема да навивам за неа. Зафирчев ми е исто фејворит, да не речам дека е Д БЕСТ! Само како што дознав (а колку вистина не знам, нека потврди некој) тој на факултетот за драмска уметност имал предавано танц порано. Ако е вистина тогаш тој има огромна предност пред другите "ѕвезди".
MandyLane од 1 до 10 се оцените ама ова судииве скржави малце уху и да не да има хемија поготово ептен се смеев овој со аделина што игра мислам ванчо се викаше абе не ја остави да дише се залепи до неа не и дава да мрдне и овој илија се препотува покрај марјана(или како и да и е името) се топи кутриот Инаку rossonerka знам дека васил има играно во претставата исидора главен лик беше ја имам гледано многу добро игра а + и што е актер и тоа многу добро му легна
http://www.youtube.com/watch?v=bVfam5y7VnY Поантипатичен дечко од Илија не сум запознала. Го знам и од друга страна,толку опседнато со себе суштество не сум запознала. А колку е пустиот заљубен у Маријана...тоа е друг муабет,а трет муабет е тоа што он може да си игра хип хоп,но не и латино танци. Ова не е САМБА!!! Oва е слободен стил со примеси на самба! А Маријана,освен нозе и сексапил,друго нема што да понуди,она може да си сака танц,ама да си сака само или да игра некои модерни танци. Воопшто не е за танцување,ама воопшто, гломазна е,висока е и слаба,нема елеганција,нема отсечност. http://www.youtube.com/watch?v=9MXfqBEataM Oдлични! Немам дискусија! http://www.youtube.com/watch?v=HvVuQ-QvG6s Исто!