1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Танц со ѕвездите (МРТ)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Snow-Queen, 17 јануари 2013.

  1. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    10.130
    Простете ако грешам ама мене ми проработе геј радарот кога се појави во кадар Илија. :^)
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.783
    Допаѓања:
    162.984
    Јас сум тука у двоумење. Ама мислам дека тука е у питање неговата ароганција и самобендисаност повеќе,него ли геј... Еден од ретките кои ме бунат јал е ил не е геј,ама непобитна му е одвратноста ко лик.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.248
    Допаѓања:
    67.790
    Пол:
    Женски
    И мене ми личи дека си има нешто за Маријана, како ја гледа само... А за антипатичен е, ептен.
    Бранко е многу симпатичен, ама ги нема движењата сиромашкиот. :lol:
     
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.226
    Допаѓања:
    25.837
    Пол:
    Женски
    јас немам можност да гледам цели епизоди и затоа само гледам видеа на јутуб,ама не се цели епизоди и не знам ни отцени ни коментари од судиите,е сега незнам што се случува понатаму,дали веќе некоја двојка замина дома?? нели веќе им е 2 недела и нели секоја недела двојката со нај малку гласови си одат.
    И сега друга работа и за ова ме интересира ваше мислење :) Е сега доколку е вистина дека Васил (само да нагласам дека и мене ми е фаворит) предавал танц на факултет,значи он е веќе танчер,дали и вие мислите доколку ова е точно,дека не е фер спрема другите натпреварувачи кои почнуваат буквално од НУЛА :?: ??
    П.С.
    вечерва почнува новата 16 сезона од американското Dancing With The Stars,пре среќна сум,ги следам од 2 сезона,но за жал мислам оваа сезона имаат нај слаби и нај не познати ѕвезди :( ,ама затоа пак си имам неколку омилени од професионалните танчери така да нема да е лошо,плус еден од судиите Бруно е многу откачен и ќе има смешки невидени :lol:
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Бранко е како со две леви нозе пустиот, а стварно е многу симпатичен. :inlove:

    Сега ради вас со други очи ќе го гледам Илија :rofl:
     
  6. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.774
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема фер,нефер, нема апсолутно никаква врска, ниту пак мене како гледач ми менува нешто тоа.
    Еве на пример, во американското DWTS некогаш ѕвездите се некои кои претходно се занимавале со танц и имаат големо искуство ( на пример Nicole Scherzinger ), а некогаш се некои рандом селебритис кои немаат допирна точка со танц, така да... не е важно.
     
  7. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.226
    Допаѓања:
    25.837
    Пол:
    Женски
    ОК,јас прашав а ти си го даде своето мислење,но морам да кажам дека не се согласувам со тебе,нели сепак ова е натпревар и не ми е фер некој што има претходно искуство да оди против аматери.то ми е исто како ајде јас ќе одам да играм кошарка против Шекил о Нил или како да пробам да се над певам со Кристина Агилера или Селин Дион,мислам нема шанси уште од старт се знае кое е подобар кој е победник :!: нели не е само обично танцување пa ајде танцуваат и толку, ами во овој случај се натпреваруваат.го спомна американското,па и таму не е фер ако појдиш на официјалната ФБ страна на DWTS ако ги читаш коментарите ќе видиш дека народот се буни.секоја сезона имаат некој што веќе се занимавал со некаков вид на танц,годинава ја имаат Zendaya,претходно беа:Roshon Fegan,Nicole Scherzinger,Jennifer Grey...итн.
     
  8. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    тоа кој ќе победи публиката ќе одлучи неможат сите да го сакаат васил :) ако е за тоа и маријана се има бавено со танц исто така и аделина.
    а овој илија уште на почетокот кога почнуваа кога се појави типов многу ми беше некако нарцисоиден,на моменти и арогантен ама мислам дека не е геј . несреќно влубен во маријана :D
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Илија и Аделина требало да играат заедно ко пар, и двајцата кој од кој посамобендисани, ние сме најдобри, ние се знаеме.
    Арно ги спуштаат судииве со оцените, оти многу летнале и двајцата. И партнериве на двете плавуши ко ластовички летаат околу нив.
    Претходната недела овој партнеров на Аделина одеше со подадена рака накај нејзе, оваа му сврте грб и си промаршира сама накај судиите. Овој виде - не виде, дојде до кај нејзе и ја заобиколи со рацете, не и даде да дише. Урнебес. :rofl:

    Можеби (сигурно!) Марјана и Илија ќе се вадат на сексапилот на Марјана и ќе прогураат далеку. Има будали, ќе трошат кредит само за да ја гледаат Марјана полугола секој викенд, башка и ако се види гаќичка ... :D
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Леле кога ги читам негативните коментари за Илија исто како да читам за некој што не го познавам, а не за Иле што цел живот го знам. Го обожавам! Прекрасна личност, барем со мене, секогаш приземјен, многу културен, заебант... ама се најдобро за него. Иле го знам скоро цел живот, ја знам неговата желба за играње, го знам неговиот почеток со играњето и за него неможам да кажам лош збор. Неми се верува дека толку лош впечаток остава кај другите луѓе :) Инаку на мене Маријана ми е одвратна, но одсекогаш ми е била не е од сега и да ќе гласам за нив, но за Иле, а не за Маријана.
     
  11. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Мене па Маријана баш ми ја бидува за играње, супер се со Илија. Сега сексапил не сексапил ја бидува дефинитивно и ваквите коментари ми се стварно непотребни. Мое мислење, не ми се нафрлајте одма. :)
     
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.665
    Допаѓања:
    23.935
    Пол:
    Женски
    И јас како да не читам за истиот Иле кој го познавам! Нема врска, можеби остава таков впечаток на арогантна и самобендисана личност кај оние кои не го знаат од блиску, ама не е така. Воспитан дечко е, и знае да се снајде во животот. Уште додека беше дома, во мојот град, имаше огромна желба и талент за играње, ама немаше каде да го покаже тоа. Си ја најде шансата во Скопје, и баш ми е мило што успеа!
    А за Марјана, и мене од секогаш ми била антипатична, и гласам поради Иле, а не поради нејзиниот сексапил.
     
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Абе Викица зашто непотребни, го гледам тоа како што е. Мое мислење е дека на таа карта ќе се оди повеќе, не дека она е трупец за играње, си кажав јас дека ми беше океј. Не е ништо невообичаено, згодна си е, си го користи тоа во секој поглед и на секој начин. ;)
    Дали ја бива или не, тоа е чисто субјективно.

    Внесена си е во танцот, можда и малку премногу со партнерот, али и самата знае дека сексот продава, не за џабе најгледано е видеото нивно заедно со Илија, и се оставаат сељачки коментари од типот kako bi i vlegol итн.

    Јас сум повеќе за парови од типот на Зафирчев и неговата партнерка, и Јелена со партнерот.
    Непосредност, природност, а не напумпаност. :)
     
    На nati44, LaBella и Mishela им се допаѓа ова.
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Од она што успеав убаво да видам по клипови, ме воодушевија Васил Зафирчев со партнерката. Кој склад, која енергија, буквално светски! Васил - ко роден за танц. Дисциплиниран и многу храбар во изразот, морам да речам.
    Сега засега, само тој пар ми е онака, баш светски спремен за танц :)

    Од останатите, палец горе за Будимир. Спортистка со таков тежок скоро и неженствен пристап, толку фино си го одигра својот дел, одлично. Дури и не изгледа толку масивно, а секоја чест на Мишо, кој мошне спонтано се најде да ја води. Јелена ме воодушеви со пасодоблето, иако делува кревко и отсекогаш ми била мила, делуваше баш актерски во перформансот, со доза сензуалност.

    Висар Вишка се гледаше дека му е срам или е укочен. Човекот е за глума, за танц, можеби само со својата Елена по дома. Исто и Александар Белов. Има обиди, ама во првиот танц, делуваше како тетин на свадба што малку отповеќе се напил. Важно е дека се потрудил.

    Во секој случај, иако не следам тв програми, ова што го видов, баш ме израдува. Интересно е, и независно од исходот, мене ми е допадливо.
     
    На Wild-GirL и DzingrlakaDzikica им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.783
    Допаѓања:
    162.984
    Абе вие Иле знаеле,не знаеле и други го знаат,па не се многу воодушевени од неговата личност за која тука не правиме муабет,туку чисто онака малце ја споменавме. Ако повеќето го мислат тоа,онда, тоа е, нема трето. Дечкото е полн со себе на многу лош и воочлив начин. Маријана ко Маријана... ако тргнам од друштвата по кои се движи, до нејзината не толку убава фаца,ама и тоа не е тема на муабетот. Не е талентирана за играње,иако се труди и крај.
    Збориме за перформансот кој и тој им е далеку од добар. Будимир е подобра од неа,иако е покрупна,да не се лажеме... Од секогаш ми биле смешни оние луѓе кои самите си се прогласувале за нешто дека ги бива,ко Маријана, демек сакам танци,од секогаш сум танцувала,ме бива за танци и сега јавноста треба да се согласи со истото. Епа девојко,како да ти кажам,ама не...
    И не го бива за латино танци. Хип хоп танцува типот и нека си остане таму, зошто за ова не го бива и точка!
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.774
    Пол:
    Женски
    Добро е, не мора комшиски муабети и за овие, јас прв пат во животов ги гледам некои од нив и на крај памет не ми падна да мешам приватен живот,или пак додека танцуваат да речам - еј овој добро танцува, ама карактер има крш |( Сериозно? Некои ги знаете лично, или преку пријатели, ама тоа не е доволно за некого да се оформи мислење.
    Во случајов најмалку ме тангира тоа каков е некој карактерно, или дали е професионалец на други полиња освен танцот, тоа е и поентата на емисијава, некои кои не толку ги бива, да покажат што можат да научат за кратко време и да дадат се од себе.

    Е сеа, кога ќе се надоврзам на овој муабет, јас како неутрален гледач и со око на лаик, Маријана играше сосема солидно, а тој партнерот искрено не го ни забележав, бидејќи она ми се истакнуваше во танцувањето.
    Плус, ова е еден од многуте танци, нема да играат само латино. И на ова мора да му пројде редот.
    Гледајте ако ви се допаѓа и уживајте, што да ви кажам друго.

    :)
     
    На MSkorpionka, Camellie, nati44 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.221
    Допаѓања:
    81.767
    Пол:
    Женски
    Колку само ми беше патетична онаа Аделина или како и да се викаше.
    Толку многу патетична, ко гревче со таа нејзината изјава во зелената соба: „Јас ќе дадам сѐ од себе, јас ветувам дека подобро ќе играм наредниот пат, јас ќе бидам најдобра, јас ќе се потрудам многу повеќе, ветувам...“ ама ВЕТУВАМ бре луѓе, небаре мора она да биде најдобра. Жити Бога. |(
    Антипатична фаца + глава во облаци ... не чини. Не ми се допаѓа ни нејзиниот „талент“, па не е нешто посебно нели, да речеме дека Белов со неговите НЕпотези ми е поинтересен него ли она со ветувањата ко некој од коалицииве. :?:
    Дефинитивно си останувам на моето претходно кажано, дека Васил е Бог во шоуво.
    А фала Богу дека ќе го бидува за танциве, сигурно на студиите ги изучувал сите оние покрети ваму-таму и ова-она, а не се сомневам дека и применувал нешто низ актерската му кариера.
    Небитно, битно е дека одлично им оди и прехаризматични ми се со Наде или како и да се викаше девојчево. :)
     
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    Јухууу!! Почнува почнува почнуваа!!!!! :inlove: :inlove: :inlove:
    Ќе играат Христијан и Јелена, нели? :geek:
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Лоба и партнерот, многу глума, танц 0. Па чак цела песна ја испеа. Цел настап во раце беше Лоба.


    Песните ги удрија на балади. Скајфол румба! :o