Скајфол не им требаше, ме изненади Влатко со 4рката, може ги поткарале малку. Румба би требало да биде динамичен танц, слоу фоксот беше на Лоба подинамичен.
Оваа Симона ама ми е одвратна, сега сте меѓу првите три, а три двојки танцуваа. Лукс, снимени се емисиите, не одат во живо. Маријана е антипатична, некако е премногу висока, мене ич не ми е складна. Битно ја испофаќа Иле.
Маријана ми личи на Карлеуша у фаца . Прв пат ги гледам, ама овие двајца, мислам на Илија и Маријана, ми се неподносливи. Пресамобендисани, самоуверени и препотентни. Лигави бре. Илија среќа што не скрши среде емисија, што дрпање и удри . Се случува, знаете . Лоба ми е просек, уствари под просек, не ја варам никако, а камо ли како танчерка. Атанас и Јована ли е, Јелена ли е , досега се најдобри. Велам досега. Земете во предвид дека воопшто не се разбирам од танцување, коментирам она што ми влегло во око. Ни румба, ни самба разликувам .
^Претходно се снимани емисиите. Инаку, првава двојка кајакарот и неговата партнерка ме зачудија со изборот на песна, решиле да играат румба, танц кој бара мрдање колкови, на песната Скајфол. Кај Атанас сеуште се забележува слаб баланс, и крути движења, сепак сеуште е почеток, се надевам дека ќе се подобри. Кај Лоба се гледа големо подобрување, како што кажаа и судиите, за разлика од претходните емисии. Маријана и нејзиниов партнер не ми се нешто посебно, иако убаво танцуваа, сепак целото време акцентот беше ставен врз неа, а партнеров речиси не се забележуваше. ПС. Миланка освен „добар избор на песна“ не слушнав друга критика да даде, другиве двајца членови на жирито се многу поконструктивни, иако едниот на моменти знае да биде престрог.
Миланка Хиперболичната. Волшепство на сцената, не вовлековте во вашата прекрасната приказна, ау, ау... Што е нешто конструктивно да каже. Аделина и партнерот колку беа без баланс, цели расклатени при кревањата, се измучи сиромашкиот, може кила ќе добие. А толку високи оцени. Последниве ми беа подобри минатата емисија, некако поускладени, ама сега имаа интересна приказна. Мило ми е што имаат највисоки оценки.
Колку глупаво што се бакнуваат ко прв пат да се гледаат тогаш(а претходно заедно биле), од се досега што се случуваше, од сите танци, се си беше во ред, ама бакнувањето пред камери own: ич не ми се бендиса во такаречената зелена соба.
Што и е на Симона со коментариве? Сака да се направи интересна, но не и оди.. Инаку, од вечерашниве двојки, не се ни сомневав дека Јелена и Христијан ќе бидат најдобри, штета Зафирчев што не беше вечерва. И мое мислење е дека Аделина не заслужија толку високи оцени. Патем, не требаше во една вечер да има различни стилови на танц, а не да се повторуваат?
Инструктор во Prima Danza Своевремено реномирана танчерка, Миланка денеска помога на најмалите со нивните први чекори во танчерските води http://primadanza.mk/%D0%B7%D0%B0-%D0%B ... %80%D0%B8/
Ова Rossonerka го има напишано поназад. Ама тука се однесува ко прв пат да гледа некој да танцува, целата воодушевена. Овој пат ги замешале малку двојките, минатата недела сите интересни беа во една емисија ставени.
Вечерва на прво место ми се Јелена и Христијан, ептен ми се допаѓаа, уште кога видов како се облечени знаев на која песна ќе играат Другите ми беа мееех онака... И некако и Тони и Симона ме нервираат многу се извештачени, многу се силат да бидат интересни а мене барем воопшто НЕ МИ СЕ.
Бацувањето во зеленана соба ми е ко моми на чешма кога ќе се видат. Дај бре доста со вештачки потези.
Не сум знаела дека Миланка има врска со танцувањето, мислев дека си е само по Оскарите . Делува како некој лаик, како воопшто да нема познавања од танц. Инаку ги изгледав видеата со Зафирчев и Наде и на Христијан и Јелена. Засега ми се фаворити, особено Зафирчев и Наде. Одлични се.
Зашто толку негативни мислења за Маријана и нејзиниот партнер?! Мене еве навистина таа не ми се допаѓа воопшто, дури и ми е антипатична и смотана, ама пак најубаво ми танцува. И највеќе ми се допаѓаат како танцуваат со партнерот, имаат неверојатна харизматичност и сексипилност. Не ми делуваат нималку нападни и извештачени. Многу ми се слободни во играњето, а не здрвени како останатите. Мене па Јелена, за која сите навивате, ми е малку повеќе од вештачка. Ама ете го контрашкото во мене. Изгледа моите очи не гледаат како мнозинството. А дефинитивно навивам за Зафирчев. Човекот е енергија во движење. Там- там со газето како мрда, како за машко тоа е неверојатно добро мрдање на колкови.
Исто и мене, Маријана многу убаво ми игра. Како лик ни јас не ја сакам нешто многу многу, ама тука моран да признаам меѓу подобрите ми е.. И Јелена исто, браво значи за девојката и за партнерот. Лоба во првите две некако крута ми беше, ама денеска мноогу подобро изигра
Како што гледам има многу негативни коментари за Маријана. Да можеби како личност е премногу лигава и сл. ама дефинитивно ја бидува за танц, иако овој од сношти не ми беше толку добар како последните два. И гледам повеќето викате дека била мн висока и тоа не и личело, па манекенка е бе луѓе, колкава да биди метро и жилет за растење?? Инаку Јелена дефинитивно ми е ФАВОРИТ, најдобри се со партнерот нејзин. Го делам мислењето за Аделина, овој пат не ми беа нешто посебни како што казаа над мене како расклатени и разглобени ми беа целите и не ги заслужија оценките-според мене. Лоба беше за нијанса подобра од минатите емисии, а овој кајакаров и неговата партнерка дефинитивно ја утнале песната.