Јелена и партнерот се без конкуренција! Јелена е многу талентирана, обожавам што внесува доза драма во настапите, кореографијата и приказната добиваат нова димензија ко што и треба впрочем да изгледа една комплетна точка. Се гледа дека се научени еден на друг и има доверба меѓу нив, прекрасни се и многу компатибилни. Не би можела доволно да ги изнафалам, уживам кога ги гледам. Лоба е трупец, во вистинска смисла на зборот. Девојката не знае да се движи и нема воопшто чувство за танц, ама ни најмалку. Од сите настапи само првиот личеше на нешто и само заради фустанот од реси кој и лењир да го облече ќе изгледа дека прави wow покрети. Не знае да игра и тоа не е од типот укочена па ќе се опушти или навежба, не умее едноставно.
А што го гледаш шоуто тогаш, оди гледај ја таму на бинго и нека ти биде убава. А кога ќе почнат да испаѓаат, како ќе оди тоа? Не сум слушнала до сега да објасни. И награди нешто ќе има?
Јас искрено не дека се разбирам во танц, ама за окото на еден обичен човек вчера имаше прилично послаб танц а повисоки оценки. Со исклучок на Јелена и партнерот кои ми се совршени од другиве очекував повеќе. Како иде секоја емисија си наоѓаме фаворити, си наоѓаме антипатични личности итн. Мене лично се поодбивна ми станува Аделина. Земала црвен картон за судиите. Човече да пукнеш ме изнасмеа! Девојката не дека е лоша толку во танцување, туку кај неа ми оди на нерви она нејзиното преценување. Судиите биле криви. Изгледа не гледа она дека има многу подобри од неа и дека нејзиниот партнер реално има проблеми со нејзините кревања и спуштања, бидејки не е слаба како останатите танчерки, а некако и не толку еластична, покрута ми е некако. Кога она ќе направи како Јелена стој на раце на рацете на партнерот и притоа за тоа добие 6ка, е тогаш може Аделина да се буни со црвен картон. До тогаш нека вежба и нека не ломоти толку
леле, баш се изненадив, сите румба - сите слоуфокс кајакаров со партерката воопшто не ми беа нешто посебно... Големи оцени за нив беа тие! Викторија се повеќе се подобрува, баш ми се допаднаа, се подобри и подобри, другата недела едвај чекам да ги видам, прекреативни се, Нермин е прекрасен.. Маријана и овој беа баш добри, ми се допадна нивниот танц.. Аделина и Ванчо ми се најмизерна двојка, толку се вештачки, воопшто не ми се допаѓаат.. а Аделина пак каква е по фаца со тоа забите Јелена и Христијан ми се секако фаворити... Најдобри се... се гледа дека многу вежбале, ги бидува и двајцата, песната се знаеше која ќе е особено при првиот рефрен како семо нежно беше тоаа, прекрасни, едноставно едвај чекам да го стават видеото па да си го изнагледам едно 5-6 пати.. А овој судијава, првиот, секогаш ќе најде нешто да не му се свиѓа, чекорите, колковите, па и тоа оценките како ги даваат слаби, слаби... па на почето се, што сакаат... Вака би ги рангирала јас денешниве: Спојлер 1. Јелена и Христијан 2. Викорија и Нермин 3. Маријана и Илија 4. Аделина и Ванчо 5. Атанас и Јована
Мислев дека претерувате кога овде велевте дека првиот судија е престрог!! Ама човече!! Луѓево 3ти пат излегуваат да танцуваат а он им зборува кој танц што требало да содржи а што не На крајот толку ме изнервира што не го слушав кога требаше да зборува па сите приметија дека претерува!! Сега за натпреварувачите.. Овој кајакарот не знам како се викаше - ништо посебно!! Маријана - романтично Лоба - прекрасно Јелена - совршено!! Иако Лоба многу не ја запреметив повеќе ми беше важно да го фатам Нермин во „кадар„ дечкото е прекрасен Аделина ми е крајно антипатична и танцот не и беше ништо посебно.. само музиката ми се допадна!
Јас се прашувам, бидејќи засега е уште на почеток шоуто, дали кон крајот некоја од дамиве ќе успее покомплицирани и потешки чекори да совлада или да растура попут Никол во америчката верзија од шоуто. На повеќе наврати се гледаат моменти не крадени ама инспирирани од нив да речам, мило ми е што се трудат. Со тоа што Никол ниту е аматер ниту било која од нашиве ѕвезди има таква конституција на тело. Ама баш би сакала на такво ниво да стигне некоја да танцува. :geek: И да, сериозно го дрви првиот судија, ама сериозно! Мислам, не знам кое такво му е ама е општо мразен, претерува и оди на нерви уште пред да отвори уста. Вчера не знам која двојка заврши со настапот, сите аплаудираат вриштат тој се намрштил мислиш му чади од ушите, дебил.
Мора во секое жири еден да биде намќор, нема да биде интересно ако сите само ги фалат, нели тука се тие за да оценуваат стручно, не за да ги фалат.
Синоќа, наместо да ми се заврти во глава од убавите настапи и убавото играње, мене ми се заврте во глава гледајќи го вртењето на девојките ко ... ко вртимушки. Излезена бев и беше пуштено шоуво на mute-опција, па ме интересира - да не случајно темата им беше вртење? Ептен го отупеа, а оваа Аделина ми е патетична над патетичните, дечко ми само вака ја гледа зачудено и вели - абе, да не случајно оваа си запее „шоп-шопинг“ !? И се согласувам дека имаше слаби настапи, а оценките беа превисоки на некој начин и очајно се надевам дека ако оценките се од 1 до 10, дека некој до крајот навистина ќе си заслужи едно десетче.
Јас вчера заборавив да го гледам шоуво, и сега ќе чекам да ги стават видеата на Јутјуб. Ама вечерва ќе гледам обавезно. Мене ме интересира до колку им се оценките кои ги даваат судиите? До сега највисока што видов беше 6ка. И да, нели гласаме за да излезе еден пар во следната емисија кој има најмалку гласови? Или вечерва ќе кажат кои ќе го напуштат шоуто?
Јас сум единствената изгледа што е нема гледано емисијава. Ај ве молам клипчиња кај што танцува Маријана и Лоба,и ако може да ми кажете во кое време се емитува? Фала однапред
http://www.youtube.com/user/TancSoZvezd ... eos?view=0 ^Тука ги имаш сите видеа, само тие од вчера не се сеуште поставени. Инаку, вечерва Танцот со ѕвездите започнува веднаш по завршувањето на натпреварот што моментално се емитува на МТВ.
уште ги немам видено како танцувале оваа недела,само што отворив јутуб да видам дали има поставено нови видеа,и прво што го отворив беше ова со Тони Михајловски кај што објаснува како се танцува ох леле Боже се пресмеав https://www.youtube.com/watch?v=VY3kl4zTRNU
Сега пуштив мислев во 9 почнува, и гледам има кошарка на МТВ1. Што е работата? Таман еднаш си реков ќе ги начекам, и пак ништо, ич не ми прави мерак да гледам клипчиња само...
Конечно започна. Едвај чекам да си ги видам фаворитите, Зафирчев и Наде. Не се ни сомневам дека одлично ќе изиграат, до сега во сите епизоди знаеа позитивно да изненадат.