Имам одено на модерен танц, а да многу сакам да научам и стомаачен танц, дури ги следев чекорите, даваа се детално на една телевизија(странска, не ми текнува точно која) :roll: А класичен танц многу сакам ... уште мала баба ми ме учеше, и ден денес уживам кога треба да се игра
Obozavam da tancuvam gi sakam site vidovi tanci a i imam talent samo mi e zal sto nikogas nemam posetuvano kurs za tanc najmnogu od se sakam stomacen tanc i bi sakala da idam na kurs VE MOLAM AKO ZNAETE NEKOE MESTO VO SKOPJE KAJ STO IMA KURS ZA STOMACEN TANC DA MI KAZETE JAS IMAM SLUSANO DEKA IMA SAMO NEZNAM NIEDNO KONKRETNO AJ VE MOLAM AKO ZNAE NEKOJ NEKA PISE pozzzz
Латино танци..каде?! Заинтересирана да се запишам на латино танци, ама незнам каде има, кои термини, која цена .. ако знае некој, ќе му бидам благодарна доколку сподели со мене
Стомачен танц ме научи една соседка на баба ми.И многу сакам уште повеке да научам.Имам поклон од сопругот марама што се врзува на половината со такви едни што тропкаат
Аххх...многу сакам ориентален танц едноставно ме бива за тоа. и од септември планирам да се запишам а би сакала да научам и латино танц и хип хоп !
да не знај некој да не има случајно во Битола стомачен танц негде да се учи? не можам да најдам а многу сакам МОДЕРАТОР: Не користете bold за целиот текст на мислењето. Прочитајте ги правилата за пишување на мислење.
Не знам никаков танц,знам само ОНАКА да се мавам Сакам многу да научам полка,стомачен танц и фламенко
Ејј колку убава тема!!! Јас порано танцував, модерен танц, латино-американски, и стандардни танци. Одевме по натпревари, колку беше убаво. Се надевам дека немаммногу заборавено. Поздрав до сите девојки кои биле член на некој танцов клуб, Роко Партнер Прилеп, Ритам Плус, ич не ми текнува од Битолчаните како се викаше
Степ од Битола, и ми текнува имаше и клуб Танго ама незнам дали сеуште функционира...поздрав и до тебе
Јас одам на балет и хип хоп... Ама во програмата има од се по нешто има стомачни танци, ориентални, има латино...и многу други... Супер е !!
Танцот ќе беше мојот живот да не се откажев....не. Лажам. Танцот сеуште е мојот живот иако повеќе не танцувам. Кога одам, обично слушам музика, и замислувам како би направила некоја кореографија, замислувам како сум во неа, како танцувам. Доживувам еден вид на уметнички оргазам кога гледам како некој убаво танцува. Сепак највеќе може да ме воодушеви модерен и џез балет, таму се гледа како секое ковче, секое мускулче на човечкото телото знае прекрасно да ја изрази музиката доколку се разбира тој што танцува е талентиран. Музиката се чуствува и доживува на сите можни начини, но според мене само танцот знае навистина да покаже тридимензионално како некој ја доживува музиката и визуелно да ни ја пренесе пораката. И кога тоа го гледам на сцена, едноставно тонам. Прекрасна тема, браво И повелете едно клипче од мене http://www.youtube.com/watch?v=uM0IYfxi1i0
Одев и јас на модерен танц, 7-8 години, ама кога тргнав во средно, некако интересот го снема, за жал... Сега сум опседната со балет, гледам редовно (на тв или на компјутер), и тоа класичен балет - руска школа, тој ми е омилен. Поздрав до сите кои се влечеле по натпревари, можеби сме се сретнале, иако јас одев пред многу години Ме нервираше некако организацијата, патувањето и заморот од автобус, чекањето, преслекувањето... Секогаш си одев дома со главоболка. Но дружењето беше прекрасно, незаборавно!
Знам да танцувам валцер и танго, одев на часови по танц во 3то одделение и учев многу интересни танци а од нив сум ги запомнила само валцерот и тангото...
jac веќе 6 години танцувам хип-хоп, модерен балет....... во професионална група и сакам да продолжам уште 66