Обожавам модерен балет и хип-хоп... онаков стил како во филмот Step up отсекогаш сум сакала да се запишам во средно за модерен балет, но што работа и профит ќе имам од тоа во Македонија така да си се запишав типично општо гимназииче, па што ќе биде - нека биде
Кога бев мала ме молеа мајка ми и татко ми да ме запишат на некој танц ама јас нејќев БУДАЛЧЕ да можев да го вратам времето сигурно ќе одев освен тоа професорка ќе ми беше мојата 2 брачеда. Ах колку сакам балет п.с и стриптиз сакам да играм како Кејт Мос, а да и како Шакира сакам да играм
Имам порано посетувано курс за стандардни и латиноамерикански танци и уште не знам зошто се откажав. Ете така ми се смачи.
Ах колку е прекрасно човек да гледа кога некој вака прекрасно знае да танцува... http://www.youtube.com/watch?v=Z2UCUD6lFFo http://www.youtube.com/watch?v=3yZYOghQYG0
Да се надополнам на моето.. Кога бев мала значи на изглед бев многу многу помала од годините што ги имав. Кога се запишав на часови кореографот ми рече дека не е дозволено да се запишуваат деца под 6 годинки. Јас вака го гледав и се прашував сега пак за кое дете ми зборува, и го прашувам: за мене ли мислите? и тој ми одговори ,,а пак кој друг има околу тебе?,, хахах се изнасмеав и му реков дека сум 3то одделение а потоа следеше и неговата фаца ете така . Ептен мила му станав, такво мало суштество и брзо ги учев чекорите.. Ехх колку сакам пак да учам, многу сакам да танцувам.
Сакам латино танци... Го имам и талентот за танцување, и страста, желбата, и волјата...но не и ВРЕМЕ.
на едно цд ми е снимена музиката од филмовите Step up и секогашкога играм дома , кога го губбам вишокот енергија ги пуштам , ме инспирираат .
Школа за танц Девојки не најдов ваква тема па затоа ја отварам ова но ако случајно има ваква тема оваа слободно под клуч Отсекогаш сум сакала да танцувам, било каков танц, било која песна.... би сакала да ве прашам дали е добра идеја за да отворам училиште за танцување и што е потребно за тоа Фала ви позз
Школа за танц Супер е ако отвориш, ако бараш професори барај ме. Одев во Ритам Плус скоро две години и мноооогу научив. Што ти треба од документи незнам, само знам дека ти треба добра локација и реклама.
Школа за танц Локација и реклама тоа е лесно но за докуметите кои ми требаат незнам инаку супер ке биде ако отворам затоа што во мојот град нема вакво училиште
Школа за танц Па не знам од кој град си ама Prima Danza имаа во повеќе градови школи, а бираш што сакаш имаш латино танци, класични ,џез, хип хоп имаше одев јас пред 3 години, имаше во моето школо не се потребни посебни документи, чланарина не ми текнува колку беше, ама знам под 1000 беше. Ако сакаш хип хоп ги знам Брејк а лег и Аква ( и Аква има повеќе видови на танци, а носат на натпревари една другарка пред некое време во Нови Сад беше) ама не знам за овие многу детали бидејќи не сум посетувала. Играорна има во скоро секое училиште, побарај, распрашај се, сигурно ќе најдеш. И извести не што си направила
Школа за танц Од Неготино сум па ми дојде оваа идеја затоа што во мојот град нема вакво училиште..... ќе се распрашам па ќе те известам...
Школа за танц Абе неможеш туку така да отвориш школо за танц... А за да го направиш тоа, најпрвин ти требаат многу финансии. треба да најдеш место , голема сала, и да го опремиш да личи на нешто, Од клима уреди, огледала, соодветно осветлување и озвучување итн....... . А после тоа ке ти треба и професионален кадар за да држи часови. Ти ако многу сакаш да танцуваш, и ако само си танцувала дома пред огледало, во никој случај нема да можеш да бидеш инструктор. Во училиштето за танц каде што одев јас, инструкторите се луѓе кои цел живот се занимаваат со тоа, ги познаваат сите танци, дури имаат и лиценци... А за документи мислам дека не е воопшто тешко. Колку што сум запознаена, треба да регистриташ фирма, тоа е околу 50тина или 100 евра...
Не можам никако да се одлепам од столот Спојлер а требаше да сум до пола спремна за излегување Ова е Slavik Kryklyvyy, професионален танчер познат по многу честата промена на партнерки. Причината е тоа што е премногу доминантен и ги засенува партнерките, а се знае дека во танцот жената треба да е повпечатлива. Поради тоа и најчесто не е на врвот кога се гледа како пар, но секогаш е на прво место кога ќе се спомне машки професионален танчер. Пред некое време читав дека се враќа на сцената после подолга пауза, и вежбал да биде посмирен и не толку доминантен. Тоа не ми се допаѓа баш, ама изгледа темпераментот му опаднал со годините Друго што ми се допаѓа - не прави извештачени фаци како што прават сите (а не ми е јасно зошто и не можам да ги поднесам ). Си игра човекот со насмевка и уживање. Еве некое видео да погледнете ако сакате. Неверојатна острина, темперамент, страст, ууууф срцево ми тупка кога го гледам. Жежок е, нема што http://www.youtube.com/watch?v=6hX59v-gt-M http://www.youtube.com/watch?v=NpKGY-AZO5M http://www.youtube.com/watch?v=Qbcs2rDAjk8 Според мене најдобрата негова партнерка (љубоморна сум и’ за изведбава ): http://www.youtube.com/watch?v=6p__PRNVjak Неговите партнерки можете да ги видите на снимка со друг партнер - мажот во тој случај нема ни да го забележите Еве споредба Кворова со друг партнер, просто го проголта (добро ова веќе и не мора да се гледа ) http://www.youtube.com/watch?v=NOiByplr ... re=related Спојлер И не, не сум опседната, само обожавател де
Сакам да научам хип-хоп и танго и салса Не сум била на часови но би сакала да научам Па ако некој знае каде има часови во Струмица по танцување нека пише или нека ми пиши во ЛП
Порано одев на часови по модерен балет(делумно и хип-хоп) и тоа 3 или 4 години.Супер ми беше, одев два пати неделно и уживав на часовите.Сега повеќе не одам...А од време, на време, ако ме подигне некоја песна, по дома, си играм со некои чекори од часовите, а и крадам некои движења и на Шакира
Танцувам латино танци. Стварно е супер. Влева позитивна енергија. Прекрасно е чувството додека танцувате. Пробајте,нема да ви биде жал
Порано одев на латино танци и модерен балет и тоа подолго време, за жал поради други обврски и недостиг на слободно време морав да се откажам. Инаку мислам дека танцот е одличен начин за обликување на телото, а освен тоа е и многу забавно.