Школа за танц не е тоа толку лесно како што изгледат....долго време танцувам, 12 години...(сега на пауза ради факс надвор од земјава) аа балетското студио постои 20 години, значи кореографката моја го основала на свои 13 год и почнале да играат во гаражи со своите другарки... така од никој и ништо „БАХ“ прерасна во име познато ширум Македонија (нејќам да праам реклами) ако се интересирате во врска со балетот ќе го знаете и ова.... така да женски школо за танц неможе да се отвори лесно...захтева многу а пред се ИСКУСТВО
Одев 2 години во школа за стандардни и латино-американски танци. Стварно си поминував прекрасно, научив многу работи и уживав во танцувањето. Но за жал, се намали бројот на девојки кои го посетуваат курсот, а исто така немавме и машки партнери, па се затвори школата
Јас одев едно време на танц (пред 3 години), класични, латино и модерни танци, знам Прима Данца кај нас во школо одржуваа часови.Одев една година, завршив 2 степена и се распуштивме летото и другата година ни трага ни глас од нив.А баш саав да продолжам, многу убаво ми беше. И башка си научив некои танци што и сега си ги памтам.
^^^ Девојката или дечкото е срцка? Иначе јас сум опседната со згодни танчери, без разлика кој стил го танцуваат, ептен ми се секси без разлика што пола од нив се геј. Мнооогу ми се секси тие од спотот на Алехандро од Гага. Еве еден не-геј кој ми е незаменлив http://www.youtube.com/watch?v=2pHBQ37frlQ И уште едно клипче од мое време (кога се бавев со танц) http://www.youtube.com/watch?v=O519y5fwat4
јас четри нивоа бев во Прима Данца али нешто ми текна ми се тренираше одбојка и се отпишав од танц али излеа сеа пак ќе се запишувам али во Мак Моделс....
Музикална сум, цел живот ми е исполнет со музика, свирам пеам.. и нормално танцувам Сакам hip-hop и belly-dance. Тие 2 танци ми се најубави
Едно време и тука си ја пробав среќата , ме запишаа на модерен танц кога имав десетина години,добро ми одеше ама некако не ме трошеше целосно ...Научив некои основни танци како Ча Ча Ча , од тие валцерите ,џаив ,ламбада и самба ,нешто памтам, нешто сум подзаборавила, ама не е страшно Многу сакам да играм,а најомилени ми се стомачни танци.Ја користам секоја прилика да се истресам така сензуално А сакам да научам да играм танго,има многу страсти тука, не смее да се пропушти
Многу години веке танцувам и се уште се занимавам со тоа.Во моментот спремаме со другарките една прекрасна кореографија за една посебна прилика ако успее кореографијата точно како ја замислувам ке биде супер па потоа може да се натпреваруваме и на еден натпревар за танци.Во групата танцуваме повеке хип-хоп и искрено повеке ме бидува за кореограф но доста солидно играм.Имам многу желба да играм од оние латино танци но во мојот град нема такви групи освен една али не доволно добра и скапо е (и не сакам да танцувам со девојче бидејки машките не се заинтересирани )
Ко бев мала одев на курс по латино-американски танци и многу ми е жал што прекинав а чекорите уште ги паметам. А сакам да научам да играм танго и пасо добле.
минатата година посетував часови по танц-основни, сакав да продолзам ама немав време, студент, обврски,навака-натака и криво ми е што не продолзив оти многу сакам да танцувам
Дали некој слушнал за Спенс Модерна и да ми каже препораки за нив? Исто, дали има некое школо за модерен балет за мали дечиња во Скопје, ама поевтинко, под 1000 денари?
криво ми е што не продолжив , пред неколку години посетував часови за танц вака нешто http://www.youtube.com/watch?v=p-wl-_SJ ... e=related.. преубо беше се оформува телото, секоја грпка се исправа .. жал ми е али немав време од училиште правец таму .. за учење муабет да не прајме морав да откажам :/
Ако може некој да ми каже, некој од Тетово, каде има студиа за балет хип хоп и сл и албански да се ми требаат под итно. Ако знае некој нека каже. Освен студио Менада тоа го знам. Фала однапред
devojki oddamna sakam da posetuvam kurs za stomacni tanci, dali znaete kade ima vo skopje ili slicno ???
Знам стомачен танц и танго да танцувам најдобро. Друго чат-пат. Сакам латино танци да научам, интересни движења имаат