Еве ве гледам каде барате места каде ќе фрлате пари за да научите нешто, а ја научив се од Јутјуб. Стомачен - done. Hip Hop - way done. Freestyle - done. Breakdance - done. Сеа сакам балет ама чудото не се учи од нет.
Искрено сакам кога некој ќе ме покани на танц. Макар денешниве машки и не се толку по играњето на танцови. Инаку не сакам да научам стомачен танц, туку повеќе ме влечат латино-американските.
Охриѓанки, дан знајте некое студио за танцување во Охридов? Сакам латино-американски танци да учам, ама појма неам каде. Би ми било од огромна помош ако знам кај да се обратам.
Има во градинката Развигорче (кај Дон Маркет) во недела во 12 е групата за твоја возраст (ако ти е точна на профилот). Еве и прашав, од прва рака е информацијава.
Точна е, 15 години имам. Ќе се распрашам и по други луѓе па веројатно ќе одам недела, првично за да видам како е. Инструкторот, другите деца, атмосферата и се` тоа. Фала ти Ливинг, многу ми помогна.
Искрено јас незнам да танцувам и незнам која е таа иронија на животот значи на секоја прослава секоја свадба секоја глупа вечер во кафич мора да се најде некој будала што ќе ме покани на глупиов танц ... зошто,зошто баш јас... и тука јас настапувам ла дива де ла ноче како сопнат коњ ама нели не смеам да ја покажувам мојата неумешност па за време на секој танц јас отворам некоја тема со дотичниот танчер да не обрнува многу внимание на моите фалш чекори... камуфлажа
Хип хоп. Уште од малечка со другарките (паметам како вчера) ќе се договоревме и ќе смислувавме кореографии цел ден кај некого во соба. Секогаш ќе имам љубов за овој тип танцување и секогаш најмногу ќе ги почитувам оние кои го применуваат, но и успеале да направат нешто повеќе од тоа. Се опседнав со сезоните на ABDC и филмови од типот Step up, LXD, You got served, Stomp the yard.. и ден денес сум во постојан допир со танцов. Обавезно си откачувам по клубови и дома, секако. Си запознав и многу танчери како мене. Кај нас многу задоцни овој стил. Кога јас првпат започнав да излегувам луѓето ме гледаа како да ми фали нешто додека јас играв. Мене секако не ми беше грижа, бидејќи знаев дека еден ден и оваа "новост" ќе ја прифатат. И така бидна. А штета што некои го злоупотребуваат низ клубовиве, привлекуваат загреани момци, а згора на тоа уште се прават недостижни, играат топло-ладно. На моменти ми текнува и многу мразам што штркот мораше баш тука да ме остави, каде нема абер од танцување хип хоп, реално кажано. Нема степен погоре од она што е.. навистина штета. Одвај се наоѓа по некое студио, а камоли просперитет. И затоа не почитувам потплатени натпревари со медали кои надвор оттука не значат ништо и луѓе на кои единствена цел им е да направат пари, а од друга страна ќе те понижат и ќе те направат ментално нестабилен.
Јас знам латино-американски танци,бидејќи порано одев на часови и супер ми се совладани и можам да кажам дека ваквите танци те одржуваат во топ форма и плус ќе знаеш да играш!
АКо некој гледал "Dance moms" може да ми каже каков танц и тоа (модерен балет ли е ?) и кај има такво нешто во Скопје-Центар ?