Добар ден девојки, Деновиве ми отпаднаа очи барајќи танчерка за изненадување за роденденска забава, го обрнав цел ''Гугл'' и ''Фејс'' но се што можев да најдам беа ''Жаде'' танчерки, кои реално мислам дека само ќе ја задушат забавата со ориентална музика. Роденденот ќе биде во домашна атмосфера. Би сакала танчерка која ќе му посвети внимание на славеникот и ќе направи Шоу. Ве молам помогнете ми доколку би можеле да ме насочите некаде!! Поздрав
А повеќе женски примате ли? Оти знам тука на форумов сакаме повеќе да се пријавеме. Или па мора да е само една?
И јас сум за, знам некој секси потег, за повеќе информации побарајте во Феминско Младинско Ќоше. И идеме во тандем сите 6 не се делиме.
Мене таман ми се ближи роденденот , за танцувања само нудам 20 илјади ден. Плаќам на рати 68 месеца. Може и пица да нарачам ако е гладна. На гладен стомак не се игра.
Ja имав прилика во неколку наврати да присуствувам на такви „изненадувања„ со жаде-танчерки (терминов малце не е соодветен ама најлесно се сфаќа хахаххаха) и беше добро.. малце адреналин.. еуфорија.. дури ја гледаш сите потези и ги знаеш хаха а ако се впуштиш во „плес“ си заебал работа од старт хахах али за забава е нели интересно искуство во секој случај
ова со профи танчерки или со жадиња ми е некако издувана работа.... жадињата веќе одамна се ОUT ... а профи танчерките некако не се препорачливи ако е присутен и партнерот на славеникот, доколку го има... оти лесно ќе стане, од играчка - плачка...
На тоа шо имав прилика да го видам имаше доста интеракција.. нормално да нема премногу(нападни) допирања и такви ствари Жадињата се’ измината работа т.е. некако неконвеционални за периодов али сепак стојам на ставот дека има сеуште провокативност во нив има доста добри типки во жаде-„скафандерот“ A за тоа играчка плачка мислам дека скоро е и неизбежно
Јас вежбам фитнес на шипка. Е сега до сеа трипати сум била на час, ама од кај знаеме, може сум талентирана.