Вчера бев на свадба која беше убава,отмена се до моментот кога пристигна танчерка ,почна да се тресе на српска музика и им го привлече вниманието на сите присутни.Стана од мало до старо,се собраа околу неа ,ја сликаа,а таа само врти ли врти со тоа марамата,барем убаво да играше.Ама буквално невестата падна во сенка.Навистина беше невкусно да се гледа од страна. Јас не би викнала во никој случај некоја тресалица на моја свадба.Па ,јас треба да сум главна,јас да играм ,мене да ме гледаат и зетот секако. Значи прашањето ми е што мислите за танчерка на свадба?Дали би поканиле да им игра на гостите ,дали би ги почастиле со таков ''ексклузивитет''?
јас бев на една свадба каде имаше танчерка,само што невестата и младоженецот не беа воопшто во сенка,зашто играа со неа ако јас веќе бирам за мојата свадба,ќе си земам танчар
Ma kakva tancherka.Toj den e moj i sakam site mene da me gledaat,a ne nekoja tancherka da mi se trese tuka
Ау не !!! И ајде средновечните мажи да почнат безобразно да ја гледаат и на моја свадба да се растурат цел куп бракови ..не .. А и меѓу останатото некако таа идеа одсекогаш ми била глупава , сакам отмена и современа свадба без турбо фолкови и трбушни плесачици , без пијани чичковци и стари тетки , далечни роднини кои не ме побарале цел живот а сега на свадба ми дошле да се најадат
Танчерка на свадба уште бугарска певаљка и ќе биде исто како емисија на Драган Вучиќ. Не, не , не. Се знае што е свадба , не некоја да ми тресе стомаци и цицки на свадба
НЕ! Абе од каде сега овие нови моди..танчерка на свадба Застанала некој типка...ајдее трбушен плес..па сите поднапиени и ставаат пари..Па ајде по ново..сите со мобилните..другиот ден атракција на фејсбук Не сакам танчерка да ми вибрира по масите..На мојата свадба одлучно кажувам НЕ!
Многу добро размислување, и јас сакам така дефинитивно Што се однесува до плесачици, доволно е што ја си го имам тој занает одлично усовршено, па ете нека гледаат во мене Исто така ми се свиѓа идејата да си ја соберам бившата моја танчарска екипа па да напраиме некое мини шоу, или пак уште поинтересно, бидејќи сепак е забава поради младожењата и невестата, да си го научам милиот мој нешто, а сходно на ситуацијата тоа би бил некој валцер (но не обичниот, мафтање у круг), па да останат импресионирани гостите и да си кажат -ех камо да беа сите свадби вакви-...Многу мрзам да одам на свадби баш поради тоа што сите личат една на друга ко јајце на јајце.
Јас сакам мојата свадба да биде убава и модерна со некои стари традиционални детаљи.Танчерка-никако!!!Тоа е мој ден,каде целото внимание сакам да биде посветено на мене и верувам дека сите невести го мислат истото.Не сакам трбушни танцови или турбо фолкерки...Не фала за таквите. Пред некоја година кога бев на свадба кај прв братучед беше многу интересно што татко ми е така откачен,пристанува по децата и ги натеравме свирачите да ни ја свират макарена па игравме како што тој ќе ни каже.Преубаво беше,и невестата и младоженецот и стари и млади сите играа..
Танчерка????? Да гледам како некоја го тресе салото и цицките е така нема. Сакам свадба како што кажа и багуфче.
се согласувам на мојата свадба не сакам да има ни танчерка ни танчер сакам да бидам најубава и да се чувствувам како принцеза танчери/танчерки можеза моминска т.е ергенска вечер
tancerka na svadba?ne blagodaram!da e na nekoja zurka,zabava,momacka vecer i slicno zaso da ne,ama na svadba neeee.nekako ne mi ide.ke se zazjapaat site u nea kao da ne videle zensko,i komentari posle toa..a zetot i navestata kaj ke se,pa oni treba da se glavni a ne nekoja si tamu so dosla da igra za pari.mnogu mi e nevkusno.ne daj boze nekoj da ni napravi takvo iznenaduvanje na svadba,ke go ispratam odma so tancerkata i nego
Не би прифатила во никој случај. Ако сака маж ми нека си ја викне на ергенската вечер. И стриптизерка нека си викне ако сака, ама на свадбата такви тресоцицки не ми требаат.
Нема шанси. Не сакам тоа да биде "моментот" на свадбата. Инаку, сакам елегантна свадба, без такви -тресоцицки-, како што кажа Лоли .
Лично мене не ми се допаѓа да имам танчерка на мојата свадба... Сум била не неколку свадби каде имало танчерки меѓутоа не сум ги доживеала како некоја посебна атракција. Кој си сака, нека си има, кога јас ќе се мажам, танчерка ноу тенкс
Во никој случај не би имало танчерка на мојата свадба.Тоа е мој ден ќе биде така како што јас ќе испланирам.А некаква танчерка да ме фрли во сенка на мојата свадба,не доага во предвид,нема теоретски шанси.
Хаха и јас не доаѓа во обзир да дозволам танчерка на мојата свадба. Тој ден јас ќе бидам во центарот на вниманието, и не сакам заради мешање со колковите, невестата да дојде во заден план
Глупости! Чисти глупости, нови моди, старите обичаи не ги почитуваме, а си ствараме нови безобразни и вулгарни. Се плаќа ли тоа чудо за свадба. Ако си маж, барем плати некој асален пејач(ка), некоја звезда која навистина ќе ти ја разигра свадбата, не ТаНчАрКа...
За мојата свадба сигурно ќе нема танчарка! Нема никаква потреба таквата преубава свеченост да биде расипана од една разголена танчарка... колку само не доликува - има постари лица, можеби важни гости, деца... Тоа е нискост! Невестата и младоженецот треба да бидат центар на внимание! За нив е целата свеченост!
Малку ми е глупаво тоа со танчерките, некоја нова мода ли е?! Таму некоја да им се тресе на сите во фаца? Не фала, може и без тоа супер да си се забавуваме. На мојата свадба дефинитивно нема да има такво нешто, освен ако некој не посака да ми приреди изненадување... е тогаш ќе ја гледа свадбата од надвор, низ врата!