1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Танчерка на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од elenaklasik, 29 август 2010.

  1. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
    Ma jok.treba da se ima pocit prvo kon postarite licnosti koi se prisutni,potoa kon mladozencite i na kraj kraeva da sakale da napravat tancarska svadba ke napravele vo nekoj bar a ne vo restoran,hotel ili sto li veke.znaci ne bi sakala toa da go vidam ni na moja ni na bilo civa svadba.poz
     
  2. Sharlott

    Sharlott Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    14
    Ама ајде |( Па кога ќе ги видам сите испостанале и како некои дебили се собрале околу танчерката и не трепнуваат |( Ужас!
     
  3. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Плус, дежаву. Веќе видено.
     
  4. ejasbe

    ejasbe Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    jas ne bi povikal tancerka... toa ke bidi moja svadba i na mojata zena. ne sakam celoto vnimanie da go privlekuva tancerkata, koga veke toa treba da bide za nevestata :D tancerka ne moze da se sporedi so nevesta... :D
     
  5. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    да бе зашто да не?јас бев танчерка на мојата свадба :D си купив такви алишта и се изнаиграв.искрено тоа ми беше желба и си ја остварив па што?и тоа помина ете :D а за друга да дојде да ми игра е бога ми неееее :D тоа си е моја свадба
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Имам видено плесачици на една свадба ама беа згодни ептен, и не беа ич вулгарни, јес да мешаа, ама не фаќаа, не се триеја од мужи, си танцуваа цурите и за поштовање беа. Да сите се собраа околу нив, се направи гужва, леле големо чудо ако невестата не е 15 минути во центарот на вниманието |(

    Јас свадбата ја сакам коа има шоу, па да има и виолини и пијано и фолк и рок бенд, ако некој сака плесачици негово право, јес да мене ми се мноогу досадни и веќе видено.
    Ама ако е така Благица Павловска, Сузето, и ред други певаљки на свадби што пејат имаат миничи и деколтиња бетер од плесачиците. Тие се далеку повулгарни од едни 2-3 танчерки што 15 минути ќе мешаат. А што дедовците тоа не виделе па срамота. Не е стриптиз, танц е стомачен, тоа е уметност.
    Додуше мож има некои танчерки што се без осет и претеруваат, ама јас овие што ги гледав си беа супер. Кој сака да ги има на свадба супер, негово право, негова свадба, кој неќе да гледа нека искочи. А никој не искача ;)
     
    На srcekrsacka и MacenceEna им се допаѓа ова.
  7. dan1

    dan1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    Јас на мојата свадба никако не би викнала танчарка.....ако мажот ми толку сака не е проблем секоја вечер ќе му играм... :!: НА СВАДБАТА НИКАКО :^) Свадбите кај нас и онака се весели и со 300 адети убави и неубави (според мене) па уште танчарка фали....не не и секако веќе е досадно :yawn:
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Многу смешно и интересно ми беше што бев на последната свадба. Музичарот најавува,, еве сега еден подарок од бабата за зетот,, и ние целите во ??? иииии што му купила бабата и излетуваат танчерки. Тие 30-45мин додека тие рипаа од маса на маса никој не ја забележи снашката која мирно си седеше на маса, додека зетот глумеше таму нешто во некој ќош.
    Смешно и глупаво, поубаво плех музика или зурли и тапани да му викнала и сите да се изиграа додека оваа глумажа не ми е интересна.
     
  9. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    бравос за тебе :clap: секој друг наж на твое место ќе речеше да за танчерка :lol: се гледа дека си ја сакаш невестата :!:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    5.715
    Свадба : двајца луди и 300 гладни
    Наворучение : кој ти гледа во танчерките гледај најади си се оти денес има , утре нема брате зимај и бегај !! :D
    да не свати некој погрешно се имам изјаснато на ова прашање :)
     
  11. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Танчерка на свадба лелеее :puke: недај боже на некој да му текне вакво нешто на моја свадба за коса и надвор нека игра танчерката.Нешто најмногу што мразам по кич здравје,дошла таму да се тресе со салото и пари да и фрлаат фуј одвратно.Никако никогаш не би дозволила вакво нешто.
     
  12. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Зар ова танчеркиве се уште едно клише за македонска свадба? :^)
    Не не, неможам да го замислам тоа. :shake:
     
  13. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Нема шанси! Толку ми се тие работи кич и ефтини и толку глупави што не знам! Свадбите треба да бидат отмени,фини тој ден зетот и невестата вечно ќе го паметат и еве на пример невестата после некое време што ќе се сеќава? Целото внимание на танчерката,тоа ми е глупаво,а српска музика уфф на живци ми оди кога ќе им слушнам некоја песна од Гранд, уфф...
     
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    многу ми е3 некако кич и клише танчарка на свадба, цицлеста, растресена тетка која нема ни т од трбушен плес :puke: и не само танчарка мене глупо ми делува и плех музика за време на свадба се избацуваат од нигде никаде, не несакам така. си плаќам музика која сме си ја одбрале и свадбата си тече по одреден терк. несакам никакви изненадувања ни танчарки ни плех :puke: :puke: :puke:
     
    На srcekrsacka и Nine25 им се допаѓа ова.
  15. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Подобро јас ќе го научам тој танц па да покажам нешто :D :D
     
    На srcekrsacka, Trendafilka и marama им се допаѓа ова.
  16. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    :lol: Сите гледаат на танчерката како на потенцијална опасност,демек ќе ја засени невестата,ќе им игра на мажите но не мора да биде така! Бев на свадба каде младоженецот и приреди на својата невеста изненадување,и тоа танчерки :!: Демек да се подгрее атмосферата после вечерата! И започнува музиката па преку врата влегоа 4 танчерки ама невестата од далеку им даде знам со раката да застанат и започна таа да игра,да меши,да се крши,такво играње немав видено! Сите и плескаа за храброста и беа воодушевени од тоа како знае да игра! Дури потоа невестата ги викна танчерките да и се придружат и тие играа со неа цело време! Всушност тие ја подржуваа неа,кејф и правеа на невестата а не на мажите! Тоа ми се допадна ептен бидејќи беше пристојно и тој половина час кога беа танчерките присутни беше највеселиот дел од свадбата! :dance:
    Не порекнувам дека танчерката може да ја уништи атмосферата играјки полугола пред мажите (викнете ја Данче Електра и ќе си ја упропастите свадбата) но ако предвреме се постават услови да се прави ќејф на невестата и младоженецот мислам дека нема да има проблем! Всушност тоа како ќе влијае танчерката врз расположението многу зависи и од гостите,така да потешко може да се предвиди дали е интересно или не да се повика танчерка на свадба!
    Јас не би повикала,од причини што мислам дека тоа е веќе излитено изненадување, неинтересно ни за гостите ни за невестата и младоженецот!
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Нека има некој среќа да ми донесе танчерка на свадбата, сама ќе ја фатам за коса и надвор. Ако некој сака танчерка нека си ја викне дома! А мене на свадба не ми треба. Главни ѕвезди на свадбата се знае кој треба да бидат, а не некои танчерки кои ми дошле таму да ми се тресат и пијаниците по нив пари да фрлаат! По мизерно, покичесто и поефтино здравје, не мислам од мојата свадба ја да правам циркус.
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    mina
    se согласувам со тебе зато и јас пишав дека и сум за ама и не сум баш
    како што кажав на последната свадба каде што бев имаја викнато 2 танчерки жените напраја атмосвера невидена цела кафана беше на нозе жените станаа сите да играат со нив а мажите на маса со насмевките до 6ка како и да е човек немаше седнато 2 пати изиграа по 20тина минути ама јако беше...морам да признам
     
  19. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    епа вака за такчакрка на свадба не сум бидејки е СВАДБА и не ми е нешто складно овде. ова можеби не е за тука но морам да прашам каква свадба планирате ВИЕ што не слушате турбо фолк? немора да ги сакаш и да слушаш секакви сељаци ама она ич да не се разбирас и сето тоа да ти е селско што планирате да ви свират на ВАШАТА свадба?
     
  20. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Не не фала.Не сакам некоја да ми го преземи целото внимание на денот на МОЈАТА СВАДБА.Сепак тој е ден на зетот и невестата.За други прослави сум за танчерки али за свадба,а посебно мојата НЕ ;)