танчерка на свадба НИКАКО кај моја комшика на свадба имало танчерки, а мажи како мажи веднаш се нацртале до неа, па кога видела жената на еден од нив се степала до танчерката на сред свадба, зошто му играла на мажот, брука невидена, ја упропастиле свадбата. само нека не осмели некој да повика и танчерката и тој што ја викнал преку врата, дома нека си ја носи да му се тресе
хаха глупа и љубоморна работа! па зошто отишол маж и кај танчерката? што е крива танчерката. Мене воопшто не би ми пречиле, цел харем ке донесам на свадбата
аууу жива глупост е да се степа за такво нешто и да упропастиш туѓа свадба. мене ми се интересни ѓто вика meandyou ќе донесам цел харем нека му игра на мојот иден сопруг
епа сигурно нема да го изедат де штознам јас не сум љубоморна личност и нема да ми пречи ако има танчерки
Аууу никако танчерка,па нели невестата и младоженецот се главна улога на свадбата,а не некоја таму што се тресе ко луда
ццц малограѓанштина и простотлук невиден.Смешна и сирота жена.Се степала пти оваа му играла на мажот.Не ми се верува која љубомора и психа е у прашање.
soncenceto.matea,нормално дека младенците се центар на внимание, обично танчерките доаѓаат на 15тина минути за време на вечерата.
Не ми се допаѓа и не сакам на моја свадба да има. Ако мојот сакани има таква желба, радо би му испратила една за ергенска вечер, море и 3, па нека му мешаат колку сака. Ова танчеркиве некако ефтини ми се бре, некако (да не навредам некој) ама селјачка работа ми се . Дур да се омажам ја, којзнае каква нова мода ќе излезе Гостите мои на свадба идат, или на турско шоу?
Не знам кој ги измислил тие глупости со танчерки, изгледа Драган Вучиќ прв почна да ги носи во емисии кај него, и од тогаш станаа "популарни". Танчерки, стриптизети, стриптизери, никако! Замисли мажот да има некои вакви одлепени другари и да ти уништи свадба на ваков начин , ќе ги стрелам http://www.youtube.com/watch?v=1O_NPGvE ... re=related
може да биде танчер наместо танчерка или пак јас во мегу време да го усовршам танцот, па јас да бидам танчерката
Малку оффтопик ама сакав да прашам дали некој можеби знае колку пари се да викнеш танчерки и некој број за контакт дали има? Може во лп да ми пише да го прашам и некои други работ, благодарам.
Еве оваа Електа Данче е танчерка и знам на една свадба што беше па еве и на оваа слика се гледа пак исто на некоја свадба е била па сите гледат во неа.
На последната свадба каде што бев, танчерката беше причина што двајца сопружници дојдоа до раб на развод Добро де, не беше танчерката крива, човекот не можеше да се контролира. Едно што трчаше да ја гушка да ја милува, ами и 100 евра и залепи. Мене искрено многу ми е глупаво доаѓа сега некоја и на твојата свадба глуми главна. Не сакам бре. Тоа е моја вечер. Ако им е за танчерки, на момачка вечер нека одат во клуб нека гледаат. Ама на свадба нема шанси. Исто не ги разбирам пример, викаат славен пејач на свадба. Не знам каде беше, Џенифер Лопез им пееше на свадбата. Не сфаќаат дека автоматски ѕвездата е центар пажња и се паѓа во вода? Сите со неа сакаат да се сликаат, да ја гледаат, да играат. Нема логика