Тао (道, Pinyin Dào ) е метафизички концепт кој се среќава во таоизмот, конфучијанизмот, и воопшто во древната кинеска филозфија. Иако самиот термин се преведува како „пат“, „начин“, „доктрина“ или „принцип“, сепак најчесто се користи за да ја означи основата или вистинската природа на светот. Иако Тао не може да се опише, таоизмот вели дека може да се спознае, а неговите принципи можат да се следат. Значаен дел од таоистичките ракописи се насочени кон богатството од следењето на Тао, и кон крајно бескорисните обиди да се сфати или да се контролира Тао. Ова најчесто се прикажува преку јин и јанг, каде секоја акција создава контра-акција како природно движење, односно манифестација на Тао. Тао често се споредува со водата: чист, јасен, безбоен, незабележлив, сепак сите суштества зависат од него. Основниот извор на информации за Тао е Тао Те Кинг, класичен кинески текст кој се верува дека потекнува од четвртиот век п.н.е, а за негов автор се смета митскиот кинески мудрец Лао Це кој според преданијата живеел од сто шеесет до двесте години. За да биде појасно ќе издвојам неколку цитати 1. „Тао, кое може да биде искажано со зборови, не е вечно Тао. Име кое може да биде именувано, не е вечно име. Неименуваното е почеток на Небото и Земјата. Именуваното е Мајка на сите други Нешта. Само оној кој е ослободен од страсти ја гледа магичната тајна на Тао, а оној кој поседува страсти ја гледа само неговата крајна форма. И неименуваното и именуваното истекуваат од ист извор, но со различно име. И двете се бездни. Преминот од една бездна во друга е порта кон сите тајни.“ 25. „Тоа е Нешто што се изродило од хаосот, уште пред Небото и Земјата да се родат! Безвучно! Безлично! Постои и не се менува. Дејствува насекаде и за него нема граници. Него можеме да го сметаме за Мајка на Поднебесното! Јас не го знам неговото име. Ќе го означувам со знакот Тао. Под принуда јас ќе го нарекувам Големиот. Големиот - тој е во бесконено движење. Оди далеку, но секогаш се враќа (кон својот извор). Ете зошто е големо Тао, големо е Небото, голема е Земјата, голем е исто така и Човекот! Во вселената има четири големини, а меѓу нив е и Човекот! Човекот го следи законот на Земјата. Земјата го следи законот на Небото. Небото го следи законот на Тао, а Тао ја следи сопствената природа.“ 42 „Тао создава едно, едното создава две, двете создаваат три, а трите ги создаваат сите останати Нешта. Сите Нешта во себе носат Јинг и Јанг, кои заедно со Кинг образуваат хармонија...“ Многу истражувачи пробуваат да ги поврзат Таоизмот и Христијанството. Пукајте!
Рататататата! ) Значи прво и основно, разликата меѓу Христијанството и Таоизмот (од тоа што прочитав овде) е тоа што Христијаните веруваат во личносен Бог, кој е прославен во три ипостаси. За разлика од Христијаните, Таоистите веруваат во нешто безлично. Тој “бог“ се споредува со вода, ама кукавен е тој “бог“ кој нема волја. Значи водата течи низ река, а јас можам земам од водата и да ја навадам бавчата. Следува, водата се покорува на мојата волја, а не јас на нејзината.
Те молам објасни ми поопширно она што го објаснува болдираниот збор. Сфаќам дека тоа значи дека има еден Бог кој има три лица или нешто слично, но сепак кога се работи за Бог, за нешто севишно, како може нешто што е над човекот, да биде толку слично на него? Разлики меѓу Христијанството и Таоизмот има како меѓу сите религии, но сличностите ќе дојдат повеќе до израз ако се прочита целиот текст, (еве на овој линк го има на англиски http://www.taoism.net/ttc/complete.htm) а јас ќе издвојам уште еден цитат за да се поттикне дискусија. 14 „Гледаме во него, но не го гледаме; Го нарекуваме Сеприсутно. Го наслушнуваме, но не го слушаме; Го нарекуваме тишина. Го допираме, но не можеме да го уловиме; Го нарекуваме Недопирливо. На овие три не треба изворот да им се бара, зашто тие се едно. Горе тоа не е сјајно, долу не е мрачно. Тоа е бесконечно и не може да биде именувано. Тоа секогаш се претвара во Небитие. И затоа за Него велат дека е форма без форма, Лик без суштество. Дека е нејасно и магловито. Го сретнуваме, но ликот не му го гледаме, Го следиме, но грбот не му го гледаме. Само оној кој ќе остане доследен на древното Тао, а ќе може да ја контролира сегашноста, може да го осознае древниот извор. Тоа е принципот на Тао.“
Владиката Јован, дури беше Епископ Дремвицки и Митрополит Велешко-повардарски, има одржано многу убави предавања за основите на Православната вера, но и за Православната философија. Истите можат да се погледнат овде: http://poa-info.org/video/pouki Откако ќе ги изгледате предавањата ќе сфатите што е личност, а што безличностна материја. Јас никогаш не би верувал во нешто што нема ни форма, ни личност.
@honorthyself На вакви теми никогаш нема да има пукање може едино некој ќорец случајно да пукне . Инаку ТАО е многу фино конципирано учење, чисто, елегантно и без многу помпа збори за универзалната космичка енергија од која се состојат сите живи и неживи делови во вселената. Тоа е таа космичка или вселенска свест со која се соочуваат повеќето кои ќе почнат со духовен тренинг. Мене ми е многу убаво учење
Е зошто да нема, баш има доста за дискусија. Дајте бе луѓе, get creative! Веќе нели на кратко ги разгледавме тие разлики меѓу Таоизмот и Христијанството, но Бог е широк поим. Може нечиј концепт за Бог е идентичен со Тао.
Бог во сите времиња им се објавувал на луѓето. Луѓето во различни времиња соодветно развојот на својата духовна свест имале делумен увид во законитостите на вечниот Живот. Ние денес од објавите за денешницата дознаваме дека Бог има своја нелична природа - Светиот Дух, енергијата што го проткајува целото постоење. Но Бог има и своја лична т.е. персонифицирана природа која чистите небесни битија (ангелите) ја доживуваат како Бог-Отец, бидејќи тој е енергетски извор на сите битија. Но тој може да се нарече и Отец-Мајка Бог затоа што во хармонија ги содржи во себе „машката„ и „женската„ сила или принцип. Тоа е и причината зошто духовно гледано сите ние сме браќа и сестри. И ние еден ден кога повторно ќе станеме божествени ќе можеме да го гледаме лице в лице Бог, нашиот Небесен Татко. Луѓето низ историјата на Бог му доделувале разни имиња но тој е безимен. Бог е нешто толку совршено што со човечки зборови тоа не може да се опише. Повеќе може да се прочита во откровението „Безличен и личен Бог - Индивидуалната и ограничената човекова претстава за Бога„ кое го има дадено херувимот на божествената мудрост, за нас луѓето привремено наречен Брат Емануел, еден ангел господов преку божјата пророчица Габриеле од Вирцбург.
Тао подобро ќе го поврзите со трите превези на Ништото кај евреите отколку со христијанството. Но кој сака и има волја нека повели нека направи паралели
Војувањето е Тао на измамата.Со тоа иако си способен,пред непријателот покажувај неспособност.Кога сакаш да ја активираш војската,прави се неактивен.Кога твојата цел е блиску,преправај се дека е оддалечена;кога е далеку создади илузија дека е блиску...
(нешто од древните источни мудрости) Војувањето е најважната државна работа,основа на животот и смртта,Тао на опстанокот или истребувањето.За него мора темелно да се размислува. Затоа изведете ја структурата на војувањето според пет фактори,извршете ја неговата компаративна проценка и трагајте по неговата вистинска природа.Првиот фактор се нарекува Тао,вториот Небо,третиот Земја,четвртиот војсководец,а петиот фактор се законите кои ја уредуваат воената организација и дисциплина. Тао предизвикува народот да биде во потполна согласност со владетелот.Со тоа луѓето би загинале за него;ќе живеат со него и нема да се плашат од опасности. Небото ги опфаќа Јин и Јанг,ладно и топло,како и условите кои ги наметнуваат годишните времиња. Земјата ги опфаќа далечината или близината,тешкото или лесното,широкото или собраното,кобното или достижното земјиште. Војсководецот опфаќа мудрост,углед,благодарност,храброст и строгост. Законите кои ја уредуваат воената организација и дисциплинаата ги опфаќаат организацијата и прописите,Тао заповедите,како и логистиката. Нема војсководци кои не слушнале за петте фактори.Оние кои ги разбираат факторите ќе бидат победници... Кој владетел го има Тао? Кој војсководец е поспособен? Кои ги стекнал предностите на Небото и Земјата? Чии закони и наредби потемелно се применуваат? Чија војска е побројна? Чии заповедници и војници се подобро обучени? Чии награди и казни се појасни? Од тоа ќе ги разберам победата и поразот! ...
(Уметноста на војувањето) Покажи го својот плен,со цел да ги намамиш.Создади неред во непријателската војска и порази ја. Ако непријателската војска е бројна,вреди да се подготвиш за неа;ако е надмоќна,вреди да се избегнува. Ако непријателот е бесен,поттикнувај го неговиот бес;добро е да се однесуваш снисходливо со цел да ја потикнеш нивната надменост. Ако се одморени,добро е да ги натераш да се напрегнуваат. Ако се обединети,добро е да ги натераш да се разделат. Нападни ги кога се неподготвени. Оди таму каде не те очекуваат. Со овие методи воените стратези ќе бидат победоносни.Тие неможат однапред да се проучуваат.
Зборувајќи генерално методот за примена на војската е следен:Најдобро е да се зачува престолнината на непријателската држава,бидејќи нејзиното уништување е на второ место.Најдобро е зачувување на нејзнината војска ,бидејќи нејзиното уништување е на второ место.Најдобро е да се зачуваат нејзините батаљони,бидејќи нивното уништување е на второ место.Најдобро е да се сочуваат нејзините чети,бидејќи нивното уништување е на второ место.Најдобро е да се зачуваат нејзините одреди,бидејќи нивното уништување е на второ место. Од таа причина,постигнувањето на победата од стотина битки,не е врв на вештината.Потчинувањето на непријателската војска без впуштање во битка,претставува вистинкси врв на вештините. Со тоа ,најголемото достигнување во војувањето е напад на непријателските планови:потоа следи напад на нивните сојузи,потоа следи напад на нивната војска;а на последно место е напад на утврдените непријателски градови. Овие начела ги сочинуваат Тао победите...