Еве погоре пишале дека има во Џамбо, во Mr.Bricolage, Home and style decorativ се наоѓа кај Универзална сала, наспроти поранешна Казабланка има ново отворена продавница исто за тапети и уште многу други места.
Јас денес поминав во Домус, гледав, пустев, вртев каталози и на крајот ништо не одбрав. После тоа поминав во КарпетМакс и главата почна да ме боли од сите тие бои и дезени! Многу поголем избор имаат, а и доста попрофатливи цени. Моментално имаат 25% попуст на сите производи, така што ако планирате да купувате теписи, теписони, ламинат, линелеум, тапети - задолжително поминете таму. Јас дури добив желба да ги сменам сите теписи по дома, од толку што ми се допаднаа некои. Со мајка ми прво одбравме еден тапет во различни нијанси на кремаста, малку и кафенка имаше. Многу лесен за комбинирање со било каква нијанса на поликолор за останатите ѕидови. Ама моментално немаше од тој, требаше да нарачаме и да чекаме, а нас ни се брзаше. Па после тоа одбравме еден друг, исто со комбинација на повеќе нијанси. Ако барате тапети, јас таму ве праќам. Мала шанса постои да не најдете нешто што нема да ви одговара.
Има течност што ќе ти ја дадат во кутиче, внатре има упатство како да се направи. Се раствара во вода, пишува колку од течноста со колку вода се меша во зависност од тоа колку квадрати тапет имаш за лепење. Ние дома ги лепевме со татко ми, со тоа што за првата ролна малку се помачивме, ама после тоа влеговме во штос и немавме проблем. Проблематично е ако ѕидовите не се идеално прави (што беше случајот кај нас), па меревме и премерувавме по неколку пати за да ја опфатиме целата површина на ѕидот. Исто така, јас ти препорачувам да не купуваш од тие хартиените тапети, бидејќи потешки се за одржување, а и потешки за лепење. Ние со крпче ја поминувавме ролната, за да ја измазниме убаво и воедно да го извадиме вишокот на лепак. А ако беа хартиени тапетите, верувам дека бојата ќе им се извадеше од самиот лепак.
ИМАВ ЗАЛЕПЕНО ТАПЕТ АМА СЕГА САКАМ Д АГО ОДЛЕПАМ И ДА ГО ЗАЛЕПАМ НА ДРУГО МЕСТО ИСТИОТ , ЕПА ЈА КАЖЕТЕ МИ ДАЛИ ИМА НЕКАДЕ СРЕДСТВО ЗА ОДЛЕПУВАНЈЕ ТАПЕТ И ДАЛИ КЕ МОЗЕ Д АСЕ ЗАЛЧЕПИ ИСТИОТ НА ДРУГО МЕСТО ?ПОЗЗ
Да не знае некој кај можам да најдам тапети лилакови, коа не барав имаше еден куп, сега само едни најдов во бриколаж и едни во хубо. Ако сте виделе негде хелп
Девојки да не знае од прилика некој колку пари е тапета самолеплива еднобојна некаде 10 метри ( толку мислам е ролна 10 метри ) ?
Јас цело Ск го прошетав и на крај најголем избор најдов на пластичарската улица и најевтини беа.Само беше пред околу две години и не се секавам убаво на дуканот.
Да ве прашам, сакам тапета да залепам во мојата соба, најдов каде да купам и каков дезен, ама ме предомислуваат дека после за кречење на ѕидовите било комплицирано,дека ако ја извадам ке остане лепакот...има некоја искуство со ова да ми каже?