^ Мимс, за тапети не, ама за оние налепници за на ѕид од сите слушнав само лоши критики. Не знам дали сакаш самолепливли тапети, ама на овие налепнициве лепакот бил многу слаб и сите ми се пожалија дека им стигнале поткинати или превиткани. Јас сакав да си порачам неколку, ама се предомислив. А за тапети, има низ Скопјево многу убав избор, ние лани купивме и ги прошетавме повеќето продавници. Има секакви материјали, дезени и цени. Сигурно ќе најдеш нешто што ти одговара.
Најголем избор и најубав на пластичарска улица во една мала продавница. Преголем избор, цени мислам од 500 ден па нагоре. Тие од Ермитаж се околу 1800 ден ролна, а на Роберто Кавали 5000 ден ролна. Текстурата и дезените на тапетите беа сон, прекраснотии... за еден ѕид требаат 2 до 3 ролни.
Сакав да те прашам во БРИКОЛАЖ случајно да не виде дека има 3Д палети, и тие мене многу ми се допаѓаат.
Многу сакам тапети, но очигледно на моите не им прават мерак. Па здравје еден ден јас кога ќе си уредувам дом обавезно ќе си ставам.
Како се движат цените на тапетите и каде препорачувате? Ми требаат солидни по квалитет, и со пониска цена, цел стан се опремува, па да "заштетиме"
Зависи какви тапери бараш,имаш од 300 денари па нагоре јас моите ови што ги гледаш ги земав еден 50 евра ги има во Карпт мскс карши Хемиско школо во Лисиче и во Бриколаж има поздрав
Знаете ли каде во Струмица можам да купам тапети? Или било каде во Македонија да се продаваат декоративни налепници за на ѕид, не целосни тапети?
Јас купив тапети Армани 2 ролни околу 250евра ,3-та ролна беше од некоја друга белгиска фирма на каталог по нарачка спроти Белиер кафе се наоѓа дуќанот,преубав избор имаат
Home and Style мислам дека се вика салонот. Се наоѓа во Парк, Стадион, до Сетек ... Гледав и јас, и имаат голем избор на вакви тапети (цигла, камен и сл.)... Мада ова на сликава што го имаш постирано не сум сигурна дали е тапет или е од оние имитација на цигли а сум ги гледала во Mr. Bricolage. https://qr.rasch.de/image/f8c9288c1c62181bc0bb63c72911925d.jpg
Не обожавам тапети, зашто интересни се одреден период и потоа здосадува, а вадењето ги оштетува ѕидовите, па треба да се молерисува.