Да си ја олеснам душата пошто сум прелута, ако е неактивна темава ама се надевам на некој ќе му послужи. НИКАКО АНГАЖИРАЊЕ НА DREAMLAND.MK ЗА ТАПЕТИ. Цел стан го уредив, ми дојдоа секакви мајстори, и од сите од dreamland беа убедливо најнепрофесионални до безобразно ниво. Кај имаат ужасна комуникација, па ја утнаа нарачката, тапетот со друга боја од договорената. Па рекоа ќе испратат корекција, нигде ги нема, и се кријат не ми одговараат на пораки. Немам зборови. Скроз ми го уништија меракот, а тапетот е за собата на ќерка ми што е уште бебе и ја уредував со толку мерак! Безобразни
Гледам дека темата не е активна,но сепак да си прашам,може некој ќе сподели искуство. Од каде да купам тапети,ми требаат за детска соба за девојче?
Искуство со Detski foto tapeti или Promedia Printing? И општо искуство со тапети, ако дојде ред за вадење, лесно ли оди
Ако треба да се вади, доколку има оштетувања од лепакот, лесно се средуваат со глетување. Ќе се помине ѕидот или оштетената површина со глет маса, одозгора ќе се искречи и ќе биде ко нов. А со овие дуќани за тапети немам искуство, можеби некоја друга ќе се јави. Јас сум задоволна од dagg.mk, ѕирни и на нивниот сајт дали нешто ќе ти фати око.