1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тапкање по рамо

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од karak, 3 јуни 2010.

  1. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    што мислите дали подобро би ви било кога за било која работа би ве ,,потапшале,, по рамо и би ве излажале, или пак сакате повеќе да ви ја кажат вистината?

    например за било која работа еве јас кога ќе се изнервирам не сакам тешење од типот утре ќе биде подобро, ќе се среди и такви моабети. мене тоа не ме расположува туку напротив ме нервира затоа што сум свесна дека утре нема да биде подобро :?: , иако знам дека за се треба да се бориме.
    дајте ваше мислење :clap:
     
  2. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    Иако не повредува, вистината секогаш е подобра...
    За тоа што рече ,утре ќе биде подобро, јас не се утешам со тие зборови, туку ми даваат сила да се борам, да продолжам понатаму ;)
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Според мене,тоа тапкање по рамо,некакво тешење,не ми е баш пријателски или пак доброманерно.Затоа што кога некој ќе те потапка по рамото и ти ласка на некој начин,не е добронамерно,лицемерно е,меѓутоа не секогаш,а во глобала така е,сум почуствувала и видела таква реакција.Добронамерна,искрена,вистинска е таквата постапка,кога е од вистински пријател,некој што го познаваш како самиот себе си,со други зборови знаеш како диши,додека ако е од некој за кој што сметаш дека ти е пријател,не е баш искрена.Незнам зошто,но во последно време приметувам дека се помалку има луѓе кои што се искрени во своите постапки кон другите,мислам во давање совети,грижа кон другиот итн.,затоа што денес секој си гледа за себе,тоа е повеќе од јасно,едноставно човекот заборава на другите кои поминуваат,се појавуваат,остануваат на некаков начин во неговиот живот,заборава дека кој и да се појави во неговиот живот,било каков човек,дали добар или лош,дека треба да го пречека или испрати со добра намера,насмевка итн.Сепак поради тоа што едноставно се повредуваме едни меѓу други,преку било какви постапки,тоа едноставно исчезнува,се појавува на сцена егоизмот,егото владее и си го прави своето.Треба егото да се симне од тронот,за да се појават вистинските,искрени чуства,а кога егото ќе го нема,сосем друго ќе биде,ама тоа тешко дека ќе се случи некогаш.Можам да кажам дека егото го нема само кај децата,бидејки тие се однесуваат така како што чуствуваат и се искрени.Нормално е да се тешиме едни,меѓу други,сепак надежта последна умира :) но треба и да се подразмисли каква е реакцијата,намерата на таквото тапкање по рамо :)
     
  4. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Како прво Карак супер тема! :)
    За темата....мислам дека тапкањето се прави ради реда колку да се каже нешто демек во стилот на утеха...Тапкањето е најлесното нешто кое може да се направи во тој момент како демек ајде ке помине,се ќе биде добро.Епа не е ништо страшно кога не ти се случува ТЕБЕ!Се е добро кога не си ТИ во прашање!Вистинската утеха која е замена за горенаведеното тапкање е искрен совет и поткрепа од прав пријател...
    П.С.Доживеав дежа ву додека го читав мислењето на Горде! :lol: :lol: :lol: :lol: :rofl:
     
  5. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Тапкањето по рамо т.е „се ќе биде добро“ всушност се кажува за да не му направиш на повредениот полошо отколку што се чувствува. И јас мислам дека тоа не е во ред, да ласкаме и да кажуваме невистини ( во случаи кога е очигледно дека нема да тргне на подобро ) но во никој случај тоа не е злонамерно. Кога се наоѓам во ситуација да тешам некој кому му се случило нешто лошо, го тапкам по рамо, му кажувам дека има и полоши работи, но тоа се додека личноста се стабилизира и дојде при себе. Подоцна разговарам со неа и и кажувам дека тоа е реалноста, и дека против некои работи не може да се оди. Со разговор му помагам да се соочи со проблемот и наоѓаме решение , доколку е можно.
     
  6. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Bистината е секогаш поболна и не секогаш и секој е подготвен да ја слушне. Hормално дека кога на некој моја другарка или некој близок нешто лошо му се случило ќе го потапкам по рамо и ќе пробам да го смирам, според мене тоа не е лицемерие подобро тоа отколку да почнам да зборам и уште полошо да и биде и сметам дека сите во тие лоши моменти очекуваат тапкање по рамо и велење дека се ќе биде во ред, мислам дека тоа е во човековата природа. Tапкањето по рамо секој постојано го прави и според мене тоа е нормално доколку е направено од вистинската личност. Cите ние знаеме кога некој не тапка од лицемерие а кога тоа тапкање по рамо е искрено.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Тапкањето не секогаш означува утеха. Може и да биде пофалба за добро завршена работа, ко Браво, браво( ама ова не го мислам баш во позитивна смисла, му доаѓа нешто како браво на магарето) Или може да биде за ветување, Ајде утре ќе средиме(и те тапка) :^)
    А за тоа утеха и сл. некако ептен ми е без врска.
     
  8. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Секогаш е подобро да ја кажат вистината бидејќи кога тогаш сепак ќе се дознае колку и таа да е болна.Тапкањето по рамо го сфаќам како Животот оди понатака,Ајде се ќе се среди,Ќе биде добро, и такви некои `утехи
    А тапкам некој по рамо кога е пред мене а сакам нешто да му кажам :D можеби има и нешто друго зошто тапкам по рамо но во моментов не можам да се сетам
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Карак, не ми е прв пат да наоѓам сличности со твоите мислење, па еве и овој пат.
    Се согласувам потполно со тебе. Поарно (ако не знаеш како да ми помогнеш) речи ми дека стварно не чини работата, отколку да ми мачкаш очи и да ми викаш дека СЕ ЌЕ БИДЕ ДОБРО... Ќе биде ако ние го направиме добро.
     
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    еј баш ми е мило што си наоѓам сродно душиче поздравче до тебе. али навистина ме нервира ама најмногу тоа тапкање мислам затоа и ја отворив темава ;)
     
  11. Echo

    Echo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    114
    Еве, го делам твоето мислење, со све се согласувам. Така прават луѓе кои не осетиле на своја кожа како е кога ти се дешаваат сра*а и како не ти одат од рака работите кои многу ти значат. Нивните работи други ги вршат, па ете,си нашле некој *глупчо* (за нив, глупчо, а уствари ние таквите сме 100 пати подобри од тапшачите) за да тренираат тешење, иако и тие знаат дека и утре све ќе биде исто. Пу! за таквите гревови! :swear: :swear: :swear:
     
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Со оглед на нештата што ми се случиле до сега подобро е да ми ја кажат вистината. Мразам тапкање по рамо и лажење. За тешењето од типот утре ќе биде подобро би додала уште нешто : утре ќе биде подобро само ако се потрудиш и собереш сила да продолжиш. :)
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Дефинитивно повеќе ценам вистина, од не лага. Која е мојата добивка од сето тоа? Јас и онака вистината би ја дознала, кога тогаш, ако станува збор за лага. Многу полоша варијанта е да знам дека сум излажана, и дека нешто не е како што требало да биде.

    За неуспех, не го сфаќам тапкањето како нешто лошо, туку како навика.
    Во некои случаи пак, го гледам како бодрење.

    Зависно од ситуацијата во која е применето.
     
  14. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Тапкањето по рамо не го сакам воопшто.Кога ќе ме потапне по рамо некој како да ги слушам овие зборови од некоја страна:Еее таа е вистината,гледаш дека сум во право''.Како демек попаметен од тебе се прави и ти се сити.Не ми е пријателски ама ич.Не ми се допаѓа и ме нервира многу,премногу.
     
  15. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.589
    Пол:
    Женски
    Обично поимов „Тапкање по рамо“ се употребува кога сакаме некога да охрабриме, или да гподржиме, или пак сосема во друга насока како што е негативната како на пр: ако е разочаран да му помогнеме, итн. :D
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Да Натали во право си.
    Позз :makeup::*
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Искреност пред се, но секој секого тапка по тамо велејќи му дека ќе биде добро. Нема тука ништо лошо. Зарем треба да каже дека се е црно и нема излез? Тоа е веќе песимизам, човек мора да има надеж дека ќе биде подобро. И ќе биде, додека има кој да го утеши.
     
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Често пишам за мојот омилен наставник по географија од основно. Тој секогаш велеше да не веруваме на некој кој не тапка по рамо зошто другата рака му е слободна. Сакам да кажам тапкањето по рамо не е секогаш искрено и добронамерно, но од друга страна малку да не турни напред некој, да ни дај макар и лажна надеж е баш она шо ни треба за реално да се вратиме назад на нозе и да продолжиме да одиме.
     
  19. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Тапкање по рамо значи лицемерие!
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.125
    Допаѓања:
    43.681
    Пол:
    Женски
    Не тапшам никогаш никој по рамо, нити пак сакам да ме тапшаат.
    Колку и да е лошо и црно сакам да кажам/да ми кажат.
    Според мене тапшањето по рамо е буткање на личноста надоле и надоле.
    Давање лажна надеж исто би рекла
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.