Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тарот карти

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Ema.Sk, 10 јули 2010.

  1. Ysera

    Ysera Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2020
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    kje ti gledam jas ako sakash, samo kje mora online zatoa shto ne sakam da se srekjavam so lugje radi virusov
     
    На Beti bup1984 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Зошто мислиш дека окултизам ќе ти помогне да си го средиш животот? Зошто по Божји пат не тргнеш, или барем да се запознаеш со сајд ефектите на вакви работи прво.
     
  3. ☆°Night°☆

    ☆°Night°☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2019
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Зарем на ова време не е сличен божјиот пат и овај? Знам дека ќе запалат сите поради ова, но сакам да кажам дека ако не се слагаш прескокни. И да, ке може да ми ги кажеш сајд ефектите?
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Окултизам не е божји пат, ниту најмалку сличен на тој. Не само што не се слагам туку и сакам да помогнам. Има луѓе на кои им треба помош, на кои животот им е ужас и посегнуваат по вакви работи мислејќи дека тоа е ок, а се случува обратно и се оди кон полошо...
    Овде имаш се објаснето, и за последици и за се.
     
  5. ☆°Night°☆

    ☆°Night°☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2019
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Многу е веројатно е и божјиот пат да е креација на човекот, ако стварно мислеше на помош, има психолози психијатри семејни консултати и сл. работи.
     
    На Someonespecial, *Amethyst* и Angie1432 им се допаѓа ова.
  6. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Шо сајд ефекти има жити се?
    Некои ги користат таротот како хоби што има лошо у тоа.
    Никој не те тера да слушаш шо ќе ти кажат картите ..и како прво со нив се даваат насоки ,а секој има право на избор дали ќе послуша или не и дали му се совпаѓаат со животот.
    Не осудувајте..секој има право на било каков начин да си побара помош па дури било тоа и тарот карти.
     
    На Makedonka007, DaisyJohnson, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Па едуцирајсе, ставив книга погоре. Окултизам не е хоби туку штети на човекот. Јас само кажав дека не би требало да посегнува по вакви работи ако има проблеми во животот затоа што ќе води кон полошо, ама ако некој упорно сака и е убеден во тоа, слободно, ако сакате и жртва на луцифер принесетему.
    Божјиот пат не е креација на човек, оној кој не читал Библија нормално е да негира Бог, те разбирам, и јас бев истиот. Бог создал се околу нас, дури и нас. Слободно слободно, како ви одговара, јас само сакав да предупредам дека окултизмот не е играчка, а вие како милувате така правете, психолози, психијатри, доктори, окултисти, што ви одговара тоа.
     
  8. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Сеа од каде ги вмеша докторите и психолозите?
    Ах бее тебе луцифер ти го поматил умот ..
    Терај си
     
    На *Amethyst* и Sejfullai им се допаѓа ова.
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ти ги спомна, јас не ги помешав. Реков дека изборот е ваш, мое е само да кажам што мислам и доколку некој сака да му помогнам да не посегне по окултизам.
    Вие го величите и му давате сила, потоа тој се храни со ваша болка. Скраја било ниту сум се занимавал со окултизам ниту ќе се занимавам.
     
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Правете си што сакате додека е за забава и без да ви маваат на психа предвидувањата, и секако без да фрлате непотребно пари на измамници. Side effects т.е. казни од друга, контра, *добра* натприродна сила нема, само недокажано е и не треба да се потпирате дека ќе ви помогнат и ќе ве насочат реално у животот вакви ствари. Али верници немаат никаков кредибилитет да ви солат памет за тоа, од очигледни причини.
    И да, од неутрална гледна точка - боље кежуал „окултизам“ отколку мејнстрим организирана религија, тарот карти за забава како и хороскоп барем никого не тераат да мразат и колнат одредени категории луѓе, и да мислат дека сеа вирус ни е пратен одозгора и на истиот добар бог што ни го пратил треба да му се клањаме за да го уништи... :d:
     
    Последна измена: 20 март 2020
    На Ladybug2436, *Amethyst*, ☆°Night°☆ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ☆°Night°☆

    ☆°Night°☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2019
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Само сакам да знам дали при силна главоболка се молат или земаат лек...
     
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Главоболка поминува, нема потреба да се кљукаме со лекови на секоја најмала болка. А и не треба да бидеш религиозен за да го правиш тоа. Знам многу луѓе кои се атеисти ама сепак размислуваат со своја глава и не се кљукаат со лекови и вакцини. Ако живееш онака како што налага природата, онака како што си создаден верувај дека здравствените проблеми на минимум ќе се сведат.
    Се хранат со губре од мекдоналдс бургер кинг, ждерат месо секој ден, пушат, пијат алкохол, енергетски пијалоци, не спијат на време, користат хемија и наркотици и после одкако ќе настапи болест "кај е сега бог да помогне" :rofl:
     
  13. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Дали знаете некој во Скопје што гледа на тарот карти, да не е преварант, фала ви :)
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Другарка сака да ѝ гледаат на тарот карти и ме удави више со тоа.
    Среќа налетав на темава, дај кажете ми кај да иде во Скопје да ѝ гледаат?
    -сериозна сум (facepalm) се мрдна
     
  15. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Ако најдиш т.е ако ти кажи некој и настрана од форумов кажи ми и мене:)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. PeperutkiVoMene

    PeperutkiVoMene Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    некој на форумов да ми испрати пп да ми гледа дур сме дома сега во изолација хаха
    не се шалам и мене ми требаат насоки, наместо да се занимавам со мојот живот ми се насобраа многу проблеми што др ги донесоа јас ги решавам, ептен тапа и лошо.. да знам што ме чека во иднината да се спремам, ако е добро ке имам мотив не како сега без волја, ако не е барем ке знам на што сум вака ниваму ни таму
     
  17. Zanders

    Zanders Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    24
    Може некој прецизно да ми каже каде во скопје во која книжара ги има картите? Име на книжара и улица, навистина сакам еден шпил за мене да си имам.
     
  18. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам треба некој близок да ти ги купи,ти сам/а не.
     
  19. Zanders

    Zanders Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    24
    Јас ако чекам некој да ми ги даде бела коса ќе пуштам, суеверија у три пм нека одат сакам да купам пар со слики што убаво ми легаат на очи.
     
    На Makedonka007, DaisyJohnson, Antebellum и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    После беко полицијата тој ред има голема книжара и со англиска литература е и таму можеш да најдеш различен тип на тарот карти(имаат избор) продаваат ..ама ич не ми текнува како се вика....не и го знам името. :)
     
    На Antebellum и Zanders им се допаѓа ова.