1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тарот карти

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Ema.Sk, 10 јули 2010.

  1. Zanders

    Zanders Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    24
    Од срце ти благодарам.
     
    На Elf му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Alex.T

    Alex.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2018
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки

    Овде се продаваат тарот карти со скрипта на српски по најниска цена во државава :)

    www.facebook.com/sk.tarot
     
    На Zanders му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zanders

    Zanders Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    24
    Дечки имате своја колекција на тарот карти:D и кои ви се омилени за користење? Обично се врткам и комуницирам околу темава во странски форуми зошто кај нас е пусто село со неписмени со кои неможеш да зборуваш и излезеш на крај па не се обидувам многу во мк, немаме таква платформа во мк за зборување и споделување слики и слично ко американциве, па тука да пишам да видам како ви оди, колку пати ги користите, дали имате индивидуални ритуали или навики што ги практикувате при мешање, дали ги чувате во нешто посебно етц етц :)
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Groblerka

    Groblerka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Целосно си во право за се што кажа, тука кај нас ретко можеш со некој отворено да разговараш за ова без да добиеш по некој поглед на страна. Јас имам два шпила на карти тарот карти и еден шпил oracle карти и прилично често ги користам за себе и гледам за други, најчесто онлајн. Омилен ми е Rider white, но има и доста други кои би сакала да ги купам, каритите ги порачав од Amazon. Во однос на техниката и користењето тоа е индивидуално, јас сакам мир и тишина да можам да се поврзам, кога мешам сакам jumper, да излета карта, таа ми кажува најмногу. А во однос на чувањето ги чувам во оригиналната паковка и над нив ги ставам кристалите кои ги имам. Пожелно и потребно е да се чистат картите енергетски, после секое гледање. Како ти оди тебе со картите? Кои се твоите техники, навики кои ги практикуваш?
     
    На DaisyJohnson и Zanders им се допаѓа ова.
  5. Zanders

    Zanders Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    24
    Еј пријатно ме изненади :D! Јас околу шпилови малку забегав, имам 9 шпила од кои 7 се различни стилови на слики а за 2 од нив имам по уште една копија зошто се тешки да се најдат па не сакам да останам без комплет карти во случај да се деси нешто на еден шпил, а и нив најчесто ги користам па сигурно си е сигурно, Баш вчера го нарачав 10тиот од амазон а и уште еден ми е на Pre-order на Etsy и треба да го добијам во Јануари 2021, така да 11 се :rofl: повеќето од нив се од Rider Waite Smith системот, еден oracle, и едни грчки карти што се свој систем имено станува збор за Deste Cards од Mara Meimaridi што ми беа прв шпил што го купив кога бев на одмор во грчка и го обожавам, наликуваат на ленорманд но не се има 65 карти наместо 36. Оваа е еден што го користам многу а другите се Albano-Waite тарот карти што ги обожавам зошто се различно обоени од стандардниот RWS тарот шпил и колорацијата се води по езотеричната шема на бои на старата Golden Dawn организација па некои велат дека е по езотерична точна колорација и има по истакнати симболични елемемти во самите слики, додека стандардниот шпил е боен според првата издавачка куќа Rider&Co но без разлика и двете верзии ми се мили :inlove:. Ги обожавам сликите на Памела од 1909 па гледам да имам од се по нешто зошто има различни видови од исти слики од Pam-A do Pam-D ако не грешам, историјата околу нив ме фасцинира па 4 од шпиловите што ги имам се од постарите vintage карти што не се во циркулација повеќе, имав среќа на eBay :D и ги нарачав. Околу користење обично станувам рано и со кафе насабајле си го почнувам денот со картите пополека, не читам за никого освен за мене и генерална ситуација во која сум. Имам кристали но не ги користам, наместо нив користам мало пакетче со сушени билки или навлажнато крпче со некој essential oil и ги ставам во кутијата со картите чисто за да фатат мирис и да мирисаат убаво кога ги мешаш во раце.
     
    На Groblerka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Groblerka

    Groblerka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Интересно ти си направила навистина цела колекција од карти :rofl:. Сите верзии на Rider, ми се мили, илустрациите се исти само како што кажа има одредени промени во боите, контраст па се истакнуваат различни симболи од самата карта. За мене тоа беше првиот избор и некако се поврзав со нив најмногу.
    Во врска со грчките карти кои ги имаш, ги погледнав на интернет и ќе ги истражам повеќе ми изгледаат интересно, сигурно е тешко да се најдат и да се купат. Сакам да те прашам за постарите кари кои ги порача од ebay, како си задоволна од нив, дали беа нови или претходно користени?
    Кога започнав со картите и јас ги отварав само за себе и мислаев дека никогаш нема да гледам за друг. Животот ќе те однесе секаде и првично ги зедов да барам одговори на некои прашања за себе, а можат луѓето да се смеат и да неверуваат колку сакаат ама мене навистина многу ми помогна да го променам својот живот. И преку следење на различни тарот гледачи на интернет, научив доста да го користам како алатка од која можеш да добиеш совети и преглед во различни ситуации. Па потоа полека почнав да гледам и за други. Тоа со билките е супер, и би го пробала, ти благодарам.
     
    На Zanders му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Zanders

    Zanders Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    24
    Чисто за почеток да спомнам дека сум машко xD инаку грчките карти не се тешки да се добијат а и не се ни скапи, Јас ги купив во шопинг мол надвор од Солун наречен Cosmos, внатре има продавница за книги се вика “Public” и таму стојат на полица некаде, цената им варира меѓу €13 до €19 во продавница додека на eBay се поскапи. Што се однесува на постарите карти, два шпила ми се принтани во 1980тите но се неотворени ги добив фабрички спакувани во пластика, Додека други два шпила се отворени но едвај користени некој ги купил пролистал, ставил во фиока каде стоеле 33 години, чиста среќа од моја страна што налетав на нив, инаку ги преферирам постарите зошто имаат, за мене барем, подобар квалитет во смисла на хартија на кои се принтани, бојата што е користена, бојата на кожата на фигурите во картите и лесната ламинација врз сликите во споредба со денешните принтови кои се пластифицирани, некако чудно обоени и се толку ламинирани што можеш да ги користиш како огледало, барем за модерните жолти кутии RWS od US Games се такви, Сега US Games не е единствена компанија што принта тарот има и европски компании како Lo Scarabeo ili AGM Müller или Carta Mundi ili Piatnik што принтаат одлични копии, но американските жолти кутии од US Games доминираат на пазарот и се нај познати и купувани па така за нив ќе спомнам дека ако на кутијата пишува Made in Italy картите ќе бидат пластифицирани, може некои од првите италијански изданиа не се но поновите се. А ако на кутијата пишува дека се принтани во Швајцарија овие се од средина на 90ти и назад до 70ти тогаш овие се подобрите изданија во смисла каде хартија е хартија, не пластика, бојата е по мека за гледање, црните линии на фигурите се по оштри и нема или едвај има тенка ламинација. Albano Waite се картите што ги користам најмногу оригинално се издадени во 1968 но овие први изданија коштаат по $500 да ги купиш, а чиста среќа налетав на француска верзија од 1987 принтани во Белгија од Carta Mundi кои имаа релативно нормална цена и бев задоволен со ова издание бидејќи поновото принтано во италија од Modiano од 1996 и нагоре е за никаде во смисла на ламинација и колорација на карти. Кога бараш постари карти би ти препорачал да видиш прво дали има издание на англиски со нормални цени зошто обично се поскапи и американциве ги продаваат за невидени суми, но незнаат дека постојат исти карти од иста година само во друг јазик како на пример германски; Разгледај дали од тие што ги бараш има изданија во Француски, Германски Шпански, Ист квалитет само ќе го немаш оригиналниот ракопис на Памела, има доста верзии од исти карти и секогаш се јавуваат на ebay од време на време, на Youtube има доста споредби и имформација да ти помогне да ги идентификуваш ако знаеш англиски, Овие вчера што ги нарачав се US Games карти но принтани под лиценца од германска компанија AGM во 1993 и очекувам дека ќе го имаат тоа што го барам во шпил.
     
    На Groblerka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Groblerka

    Groblerka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за советите и сите информации, најискрено ќе ги земам во предвид кога го купувам својот следен шпил. Се гледа дека имаш истражувано и дека навистина го познаваш ова како вистински колекционер и љубител. Се надевам ќе направиш голема колекција од тарот карти.
     
    На Zanders му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Zanders

    Zanders Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    24
    Ех уште да имаше повеќе љуибители и корисници тука одлично ќе беше :D
     
    На raww, highpriestess и Groblerka им се допаѓа ова.
  10. Groblerka

    Groblerka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Ххахах ако мислиш на форумот можеби, би имало со кого да размемиваш мислења, искуства. А во Македонија мислам дека има познавам личности кои го прифаќаат таротот нормално, познавам и онакви кои го користат.
    А на темата за историјата на картите ја знам основата, но еве разговорот со тебе ми даде насока да истражувам, што е супер :D.
     
    На Istata od vcera и Zanders им се допаѓа ова.
  11. DaisyJohnson

    DaisyJohnson Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2017
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    И јас исто. Тука тану тема посебно по помали градови. На реддит има прилично добри, и таму следам, гледам и сл.

    Од колекција не можам никако да ја најдам омилената ми Glastonbury Tarot, или се прескапи и користени и ги нема а се прекрасни омилени ми се.
    Инаку користам стандард Rider-White и сум пре пре презадоволна не би го менувала за друг дефинитивно.

    Најинтересно ми е personality readings читање на тоа каква личност си користејќи тарот. Омилен spread
     
    На Zanders му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.121
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае што значи комбинација од Lovers reversed и knight of cups заедно ?
     
    На Zanders му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Beti bup1984

    Beti bup1984 Нов член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ke moze li mene da mi gledate?
     
  14. Beti bup1984

    Beti bup1984 Нов член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ako najdes pisi mi vo poraka..i jas sakam
     
  15. MissPagane

    MissPagane Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    32
    Јас можам да ви отворам карти ако сакате, се разбира онлајн. Инаку таротот ми е повеќе како хоби, не гледам на други луѓе, патем и тарот картите ми се повеќе како алатка за интроспекција(воопшто не за гледање во иднината).Она што веќе го знаеме длабоко во нас да излезе на површина - нема никакви надприродни сили и слично. Таротот може само да ве насочи кон размислување и да ви отвори нови видици.
     
    На Summerbaby, inciminci, Alex.T и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Beti bup1984

    Beti bup1984 Нов член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Vi pisav vo licna poraka
     
    На MissPagane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Zanders

    Zanders Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    24
    Одамна го немам отворено форумот извини ако каснам многу :rofl: Но во врска со твоето прашање Reversed Lovers е од големата аркана и е клучна зошто се однесува на голема состојба; тука врски, карта сама по себе кога е наопаку означува форсирање на некое чувство било љубовно или симпатично во ситуација каде тоа чувство треба да тече по природен пат, може да станува збор за брзање и немање доверба или ко-зависност со некој лик. Knight of Cups на друга страна е интересно зошто станува збор за Cups/Чаша симбол за вода а вода е симбол за емоции. Во старите дефиниции на картите овој витез честопати претставува љубовник или некој кој нуди некаква врска или брак, сонувач кој сака идеална врска/љубов. Кога станува збор за витезот на чаши/пехари е ситуација кога срцето зима предност над разумот и човек кој е спремен да вложи во квалитетна врска. Ова се индивидуалните значења на картите во скратена црта но бидејќи картите се читаат заедно за да се нацрта слика и каже некоја сторија овие две карти укажуваат на ситуација каде има тензија со партнерот, степен на нестабилност во врската или со некого што само тој што прашува знае, мала караница но не сериозна до огромен степен (бидејќи е само со две карти нема многу информација за влечење и проценка, и секако зависи од специфичноста на прашањето)
     
    На Alex.T и Elf им се допаѓа ова.
  18. Zanders

    Zanders Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    24
    Glastonbury tarot мислам дека одамна не е во производство па сега се продава за повисоки цени, ја разбирам фрустрацијата :) Кога тражиш работи што веќе ги нема на полици само трпение и чекање како и дремење на eBay :rofl: Ако неможеш овие да ги најдеш погледни го Arthurian Tarot од иста митолошка позадина е можеби ќе ти се допадне! И овој шпил варира али полесно се наоѓа.
     
  19. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.121
    Пол:
    Женски
    Лелее супер баш ти фалааа.
    Има значење на одговорот од прашањето!
    Комбинациите тешки ми се за толкување обично на нет ги барам ама ги нема сите комбинации..
     
    На Zanders му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Zanders

    Zanders Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    24
    Комбинации ние ги интерпретираме откога претходно ги знаеме индивидуално картите, тешко дека ќе се најдат на готово зошто може да се извади илјадници комбинации од 78 карти. Ако немаш проблем со англискиот тогаш ја препорачувам книгата Seventy Eight Degrees of Wisdom by Rachel Pollack, Убава и концизна книга, Можеш и во пдф форма да ја најдеш на интернет.
     
    На Elf му/ѝ се допаѓа ова.