Пред неколку месеци си порачав тарот од ebay ми се чини, вујко ми имаше почнато да учи да гледа, и ми покажа онлајн книга каде што имаше различни layouts за гледање тарот и значењата на картите. На почетокот ми беше преинтересно и секој ден правев по неколку читања, за мене, за другарка ми, снаа ми. Ми имаат кажано неколку пати дека сум им погодила, ама искрено не ги сметам тарот картите за "гатање", туку едноставно моментални енергии што ја опкружуваат одредена ситуација. А бидејќи енергиите се флуидни и постојано се менуваат, ништо не е зацртано во камен и за месец дена ситуацијата може да биде скроз различна. Таротот го доживувам како некој совет, во кој правец да се движиш, а не дефинитивно претскажување на иднината, и ете можеби дава одредени правци каде би можела да се движи една ситуација. Доста се бунев кога за едно љубовно прашање ми се паѓаа исклучиво карти поврзани со пари или здравје, не знаев како да ги спојам картите меѓу себе во целина што ќе го даде "одговорот". А и приметив дека цело време фрлав карти за исто или слично прашање, и не знам ни што очекував, да ми прозборат картите и да ми го дадат одговорот. On a darker note, кога раскинав со дечко ми, се чувствував мизерно и депримирано, и барав спас во буквално се што ќе ми дојдеше на пат, и се опседнав со гледање на general readings врз база на хороскопскиот знак и бев екстатична кога ќе налетав на видео што викаше: there is no communucation between you two at the moment, there is silence, but he is thinking about you, he is coming forward/back, you will talk again, there is an ex coming back/someone from the past, се кае, страв му е/не знае како повторно да ти пријде. Леле, извинете на англиско македонскиов. И тогаш сфатив дека буквално за речиси секој знак го кажуваа истото, и 20 минути ги тупеа истите две реченици на 10 различни начини. Ретко кој tarot reader ми е океј за гледање. Толкава опсесија ми стана што може гледав по 5 видеа на ден и тонев во лажни надежи дека стварно тоа ќе се оствари, и кога за неколку дена ништо немаше да се случи, паѓав буквално, се додека не го погледнев новото видео и не се напунев со нова надеж и се така во круг. Некои луѓе имаа пишувано коментари дека ако сакаш да го манифестираш она што е кажано во читањата, дека не треба да си obsessed with it, да прекинеш да гледаш за истата работа цело време, да си се посветиш на други работи, и нели така ќе го привлечеш тоа.. На страна тие коментари, ама еден ден се разбудив и си реков enough is enough и од тогаш немам пуштено ниедно тарот видео. И поокеј се осеќам искрено, не се преоптеретувам толку. На страна од јутјуб гледачи, доколку некој стварно се разбира во тарот да ми гледа лично на мене, можеби би отишла некогаш. Толку од мене, се изнапишував.
Здраво, дали знаете некој во Скопје што гледа на тарот карти ? Имам слушнато за некој во населба Аеродром но немам контакт. Ако знае некој или има некој контакт ќе ве молам да ми пишете.
Имам карти слични на тарот си гледам за додатна мотивација. Ова само во шит денови кога не ми се станува од кревет. Картите се викаат The spirit of the animals oracle многу се убави, имаше и апликација на гугл плеј па пробајте.
Од интернет мислам околу 300 денари платив, книгата со правила ја испечатив во книжара. Еве ги картите