Јас што гледав понуди за овој хотел само за 3 креветни соби имаше понуда, вие преку која агенција бевте и колку плаќавте? И колку далеку е од голден бич? Дали знаеш дали дикотеките беа блиску до хотелов и воопшто дали ги имаше?? Исто така дали е мн плитка водата на голден бич и на другите плажи и кои други плажи се убави да се посетат
На Тасос сме биле двапати, еднаш во Alexandra Beach Thassos Spa Resort (прекрасен хотел) и еднаш во Kapahi во Пефкари. За првиот немам зборови, незнам како ме излажаа да одам во вториот, Капахи. Голема почит кон оној што ја правел веб страната (смајли слегнувам капа). Собата беше катастрофа, плажата за никаде, а во водата голема лизгава карпа. Среќа бевме со возило, па одевме на други плажи. Сега гледам реновирано е. Инаки Потос е интересно местенце и има убава плажа. За љубителите на јагнешко во централниот дел на Тасос има едно место, селце каде прават мн. убаво јагнешко. Во близина, неколку км од Потос има женски манастир, Св. Архангел Михаил, вреди да се посети. За љубители на накит на 1 км. од Лименариа има фабрика за изработка на истиот, Ирис Голд ама е многу скап.
Јас резервирав за вила "MERY"- Скала Сотира. Ако бил некој ако може помош какво е местото, дали се далеку убавите плажи, и какви се цените на пр. на лежалки, кафе, дали во близина има дискотеки некои или кафичи?
феминки да ве прашам тие што сте биле на тасос ако може да ми кажете колку пари е со брод до голден бич и до овие поубавите плажи ? фала многу
Дали мермерната плажа е далеку од Голден бич и има ли автобусчиња што носат до неа? И колку се плаќа за лежалки на голден бич? Има ли некои тури организирани за разглед на островот или нешто слично или некои убави места што треба да се видат???? И цени
Дали Скала Потамија е добро место за да си букирам смесување? Ако некој знае повеќе инфос ве молам пишете
На Тасос бев пред 10 год. и тоа бев сместен во Потос ( јужниот дел на Тасос). Бев со кола со фамилијата во сопствена режија.Сакам да одам во сопствена режија заради тоа што кога ке отидам таму сакам мене да ми се бендиса а не преку агенција на свршен чин.Препорачувам да се оди со сопствено возило за да моѓете да шетате. Островот е прекрасен и кога ке застанете на тоа одмаралиштата покрај патот и кога ке го погледнете морето гледате виножито и спектар на морски бои од светло зелена до небесно сина. Ги посетив сите плажи освен Златната плажа и тоа оти немав време.За мене најубава е плажта Алики и Парадизо. Тука се и др. плажи Псили Амос и.т.н. Секој ден одев на различна плажа а поручек си одев на плажата во Потос. Навечер одев во разни места. Си поминав мн. убаво како јас така и мојата фамилија. Каде и да одите на одмор верувам дека убаво ке си поминете . Тоа го прави магичното море. За крај ОБАВЕЗНО да ја посетите златарницата во Лименарија. Тоа е една убава на куќа на крајот од градот( ке прашате) и таму има работилница и се изработува разен накит( сребро-злато) по вкус за сечиј џеб.Ееее таму сопругата ме `штавеше` 50е. Ама парите се за да се трошат инаку мувла ке фанат.Патувајте и трошете - само тоа ке ни остане. Позз.
Ај тие што биле годинава кажете во каква состојба е мермерната плажа читав некаде дека била уништена не била како порано, па и ако имате слика да споделите би било супер. И има ли други вакви убави плажи што треба да се посетат?
пред два дена се вратив од тасос ,преубави се плажите а мермерната ми се допадна најмногу .Некој викаа не се одело со кола а не е точно се оде .... НИКАКО не смеете да го пропуштите да го посетите природниот базен ГИОЛА и таму ми беше најубаво ... потоа алики (не е несто посебно али ок е) paradise beach исто убава ,голден бич ... гратчето потос и тн .
Ама тој базенот длабок е ко што гледав клипчиња, во право ли сум???? И на мермерната колку пари е за лежалки? И дали има постојано бранови на голден бич и воопшто секаде или е мирно морето?
Како си помина лани, и јас ја гледам оваа вила за годинава па доколку можеш да го споделиш твоето искуство би било супер. Кое место е поубаво Скала сотира или Потос? покрај плажите за кои сум сигурна дека се убави, кое од овие места е поживо за шетање, не мислам на дискотеку туку на радвиженост на луѓе,ресторанчиња,продавници и сл. Колку време се пату о автобус? Како се движат цените? поздрав,
Mене ми треба совет од некој што бил досега во Kлитеа и Tасос за мирен одмор од типот соба,плажа,ручек/вечера мирна ноќна прошетка,убава чиста песочна плажа и вода каде е пососдветно?
Дали има некој искуство со вила албатрос во градот лименас ме интересира како е . Сакам да резервирам за септември многу сакав во потос меѓутоа нема ништо слободно за таму.
Колку плажи вкупно има на Тасос? Колку евра на ден е изнајмување мотор? Лани бевме на Скијатос и многу плажи поминавме со мотор цело време на различни одевме нема што не видовме, па ме интересира дали и од Тасос можеме да очекуваме такво нешто? Ако бил некој лани нека сподели посвежо искуство
Јас лани бев на Тасос. Топ си поминав. И многу ефтино. 250 евра за 10 дена со се смештај, пат, јадење, пиење, шетање низ цел остров. Све што има на островот видов, освен таа Мермерната плажа зошто ми рекоа дека патот до плажата бил рушум.