Ние закажавме во Лименарија, студијава се на сама плажа не се нешо посебно ама ме прелажа плажата одма пред врата, видов има амбуланта пошо со дете одиме ваљда убаво е? Или се зафркнавме
На Лименас студио Kouros две соби ги издаваат приватно остатокот на агенции, јас лани бев и сум задоволна, ако сакаш и бројче ќе ти најдам знам дека ни дадоа визит карта
mislenje za tasos vo juli?potocno vo skala potamia plazi vo blizina restoranti i slicno preku agencija sme so niven prevoz vo vila kierion kazaa vo blizina e golden beach pa kakva e taa?
Гужва немаше да не можеш да се разминеш убаво. Можеше да се најде маса во ресторан било кога, на плажа исто кога и да отидеш имаше лежалки. Гиро беше 5,50е, порција гиро 10е. Пица,панцерота од 7ипол до 15е. Риба од 15е нагоре. За лежалки не знам, носиме наши. Не знам што друго те интересира.
Ke moze li da mi kaze iskustva nekoj za tasos konkretno za potos dali e dobro i kakvo e vremeto od sredina na septemvri?
Потос е ептен мало селце, шеталиште две улички со играчки на крајот. Ама блиску ви е Лименарија, Пефкари. Како база за шетање е убаво. Ние бевме од 7јуни нас убаво ни се погоди времето.
Има ли некој што бил сместен во апартмани Олга & христина на Тасос? Планирам да уплатам па ме интересираат искуства
Јас имам отидено таму пред повеќе години, извини не памтам многу како беше ама тоа што ми остана во сеќавање ќе ти кажам. Плажата преубава, погодна и за деца, бидејќи е плитко напочеток и тоа бааѓи. Има природни сенки. Само да знаеш има пчели насекаде,заштитени се таму мислам така разбрав, ама палевме кафе на фолија па бегаа од чадот.
Не лани, прехлани бев таму. Плажата супер, цените на лежалките беа од 15-25 евра, има и дел за сам да си ставиш чадор, немаше многу гужва на плажата полно ама не крцата и да не мора да трчаш за лежалка, ние млади дека па немаше кај да искачаме, мало е местото и има неколку таверни, почеток на јули бев, и после 9,10 штама некако, тук там шета некој, по дворови си седеа, има патека за шетање поред море и смештаи, не е многу долга, 20 минути во еден правец, неколку продавници, мислам пофамилијарно е и за со деца или баш одмор ако сакате, за забава не е, ние со автобус бевме и не можевме да шетаме на други места, градски автобус нема баш навечер покасно и не отидовме до градот, денски одевме на други плажа со такси, патиштата лоши планински, генерално планински остров е, голем е не се оди пешки, од едно селце до друго планински автопат е не можеш пешки или со точак и се изнадававме пари за такси, ама генерално убаво место
Другарка беа во тие апартмани, на 3 ред се од Голден плажата, нормална цена се само што не се луксуз. Ако си без кола во Скала Потамиа освен Голден плажата друга нема да видиш. Најубаво место за сместување е Потос. Има многу убави плажи околу и блиски. Инаку и јас лани бев Тасос и никад више. Полно со оси и премногу гужви. Ништо посебно. Лидл на едната страна на островот и ако сакаш да одиш мораш по 20км да возиш до него.
Па реално лидл и не е нешо снабден. масутис каде каде е поснабден од лидл. Ние оси немавме освен ако не извадевме јадење ама од чад од запалено кафе бегаа одма, газдарицата ни кажа од апартманот. Каде и да седневме одма носеа запалено кафе штом нарачаш јадење. И обично ги има на пладне навечер немаше. Мене плажите ми се допаднаа, а и Лименариа и Потос, Потос ептен така мал ама сладок, и главното градче или што и да е кај што се качуваш на траект беше слатко. За плажи убави се скоро сите. Ама одење со кола или таму да рентате мотор/кола било што со кое што ке можете да движите.