1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Татковина (Homeland)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Trendafilka, 3 октомври 2012.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    [​IMG]

    Homeland.
    http://www.imdb.com/title/tt1796960/
    Во главните улоги се Damian Lewis, којшто ја толкуваше главната улога во серијата Лајф.
    Исклучително квалитетен, предобар глумец. Внесува драматичност, неизвесност, доза морбидност и доволно тензија за сите останати.
    Claire Danes, црвенокосата од Мојот Таканаречен живот се појавува во една од главните улоги, со тоа што тука е плавуша. :P
    Глуми ЦИА агентка, којашто е малку нестабилна, опсесивна и биполарна.

    Поручникот Николас Броди (Damian Lewis) ќе биде 8 години заробеник на терористи во Ирак.
    По неговото спасување и ослободување, Америка го дочекува како херој и нова надеж, а агентката е сигурна дека тој е дел од заговор и напад од страна на терористите против САД.

    Ја нема онаа типична атмосфера и вибрација како остатокот од филмовите со оваа тематика.
    Америка не е претставена како едно невино детуле, туку внимавале да останат реални и приземни, колку што е можно.
    Навистина интересна серија.

    Започна втората сезона и првата епизода донесе изненадувања, напнатост и уште поинтересен заплет и развој на приказната...

    Препорачувам.
    Дали има некој/а друг/а што гледа Хоумленд?
    :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Јас Јас :)

    До 6та епизода сум од прва сезона (цел ден гледам) и многу ама многу ми се допаѓа! Оддамна вака,во еден здив, не сум гледала епизоди од 55 минути,а сум гледала многу, траст ми.
    Ќе пишам пак кога ќе ја изгледам цела прва сезона мада чисто сумљам дека ќе сменам мислење.
    Топло ја препорачувам и јас.. :up: од мене.

    9/10

    Трендафилке ма прекрасна си ми. Стално сум те читала по СДК, препораки за филмови и серии итн итн, а понекогаш и профилот ти го манијачам :wasntme: Ју ар мај фејворит соу фар. :f:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Добро е, не сум тотално сама, нема да зборувам сама со себе. :D
    Излезе и втората епизода од втората сезона, многу се заплетка дејствието, оди брзо и напнато, јас сум воодушевена од развојот на приказната.
    Кога ќе стигнеш дотаму, ќе си дискутираме.
    Во меѓувреме, чекам/е нова жртва на темава :) ... девојки, ајде бре, дајте ѝ шанса на серијава. ;)
    Поздрав Edie.S и до тебе. :hai:
     
  4. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Јас ја гледам,само втора епизода од втора сезона не м е уште изгледана. Инаку добар старт. Кери е феноменална!!!!
     
  5. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Даааа и мене многу ми се сфиѓа тоа што е динамична и напета, посебно последниве две епизоди. Ми станува омилена серија за периодов, откако сите други ми ги расипаа |(
    Само имам нешто да си прашам
    малце несфатив (смотанка сум) зашто ако Кери ја имала мемориската картичка не ја искористила против него? Или не се сеќава дека ја има? Во збунка сум малце. И несакам оној Броди да ми го убие и Сол..баш убава улога има (мислам дека со него ќе се тепаат во шумана - ако си гледала инсерти од следната епизода)
    Ах одвај чекам понеделник сега :)

    Поздрав и до вас џенски, ве чекам во понеделник/вторник на рипорт :hai:
     
  6. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Има! :lol:

    Некаде од некоја феминка прочитав дека ја препорачува серијава, и дека е доста наградувана и си викам ај ќе ја погледам, не се многу 12 епизоди (или 13 беа!?). Без разлика, ајде првите некако нормално си ги изгледав, али после тоа кога почна дејствието, ептен ми стана доста интересна.

    Пред се, би ја препорачала поради квалитетната глума, акцијата, и самата сторија. И симнувам капа на Клер Данс за глумата, ти што ја гледале знаат колку добро глумеше во последните неколку епизоди кога беше без лекарства.

    Така да, едвај ја чекам втора сезона. Веќе е почната, али ќе ја соберам цела па после ќе ја гледам, затоа што ич неможам така да се сечам на пола, па ајде чекај наредна недела, па паузи ова она.

    Оценка 10/10. :)
     
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.058
    Допаѓања:
    72.324
    Пол:
    Женски
    Со Трендафилка имаме сличен вкус за серии...
    Обично знам ако таа препорача серија одма ја загледувам, ама овде ја претркав... Ја почнав пред некој ден и ми е мнооогу интересна... Уште сум на почеток, така да кога ќе соберам повеќе импресии од понаредните епизоди ќе пишам :)
     
  8. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Вторава епизода ми беше :o ептен јака!!Мисламдека вторава сезона повозбудлива ќе биде од прва...
    А Сол е многу јак и не ми се верува да е тој во шумата , главна улога има ..хммм
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Оваа Кери е вљубена во Броди, така?
    :?:
     
  10. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Да, мислам дека не се преправа. :)
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Ќеркава на Броди не може да биде помутава и поантипатична. |(
    Глупаво, размазено створење, при секоја сцена која ја вклучува неа, ми доаѓа да ја натепам.
    И жена му исто. Во првата сезона ми беше толку слатка и симпатична, и некако жал ми беше за неа, а сега не ми е повеќе - свесна е дека нешто не штима во бракот, ама ја понесоа идеите за кампањата на маж ѝ, и сега само беспотребно се занесува... во меѓувреме сака да се остави со чиста совест, ама не ѝ успева.
    Најсветол момент беше црвениот фустан кога го одржа говорот, и Викторија носеше ист во Revenge, што значи - фустанов е во експанзија, нешто ко брусницата.
    [​IMG]

    А биваше ли сите вчера да го слушаат сексот помеѓу Кери и Броди?
    Ко манијаци некој... бог да чува. :^)
     
  12. unforgettable.u

    unforgettable.u Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    11
    И јас ја гледам и у моментов оваа ми е најомилена серија од сите други! Конечко некој да не е опседнат со турските и индиските, дај нешто позрело, не сме ни деца ниту прости.
    Првпат ја гледав во март некаде и се опседнав, сега едвај чекам секоја наредна епизода да излезе.
    Тематиката е супер, точно дека пореални гледале американциве да се тука, не се невини и безгрешни.
    Go girls! :)
     
  13. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Ауу како го наместија Броди :o Подзината си останав. И жал ми падна некако.. тамн убаво му тргна.. Али мораше некако да продолжи серијата нели.
    Ех фали едно промо за трета сезона. Како и да е, одлична втора сезона! Заслужено е на врвот на мојата листа на серии!

    Ај вил мис ју евриуан. :hai:

    П.С. Ако некој дознае коа почнува трета сезона, нека сподели, порфавор.
     
    На unforgettable.u му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    'Homeland' season 3 is coming; the series has been renewed by Showtime...

    Ќе има трета сезона со сигурност и моето мислење е дека ќе биде следниот септември, исто како и Декстер и сите други серии во тој термин.
    Искрено едвај чекам, серијата е предобра, преполна напнатост, драма и емоции.
    Логчно беше Џесика и Броди конечно да се разделат, се чудам како издржаа и досега.
    Малку ми е чудно што Кери е вљубена во Броди, мислам и чудно и јасно ми е, само воопшто не му обрнуваат внимание на тој дел - како, зошто, КОГА се вљуби, толку се сложени ликови и двајцата, совршени еден за друг, и кастингот е премногу погоден.
    Демијан Луис е многу квалитетен актер, а Клер Дејнс буквално глуми со гласот, не ѝ е потребно ништо друго, во гласот ѝ се содржани сите емоции кои ги чувствува.

    Ама како го наместија значи, и како ли ќе се извади. :(
    И не ми се верува дека Кери му ја даде буквално целата заштеда.
    Сепак на крај ми падна криво за дечињата и Џесика, дури и за малата антипатична глупачка Дејна.
    Како ќе живеат после оваа информација пласирана во јавноста, дека татко им е терорист. Кога не се виновни за ништо. Они не направија ништо лошо.
    Останува да видиме...
     
    На Edie.S и unforgettable.u им се допаѓа ова.
  15. unforgettable.u

    unforgettable.u Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    11
    Одлична серија! Само што ја гледав последнава епизода од втора сезона. Според тоа што сфатив, планирано било да биде ова и последна епизода и сезона, ама поради гледаност мислам дека затоа така го наместија Броди,да има за што да се збори у наредната сезона. Уште не е решено кога ќе почне, денес илли вчера имаше официјално известување дека ќе се снима и трета сезона. Не е ни почната.
    Ја чекаме,на есен веројатно!!! :)
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    :hai: Ја изгледав пилот епизодата и продолжувам понатаму. Немам сега ништо за гледање, а серијава одамна ја меркам. А и нормално, штом Трендафилка ја препорачува... :)
    Ќе пишам понатаму импресии.
     
  17. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    1.082
    Пол:
    Женски
    Почнав и јас да ја гледам и се навлеков на серијава ептен, сега сум до 4та епизода... одлична глума, одлично сценарио.. филмчево до сега од мене има 10/10
     
  18. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Велкм девојки и не ни ги читајте коментарите :) Ние ептен се распричавме, од сега па натаму во споилер ќе ставаме.
    Јас мислам дека планот да се намести Броди почна од моментот кога не ја активираше бомбата на меше што ја носеше :) т.е цела втора сезона. И пак ќе кажам :clap: ни на крај памет не ми текна дека нешто такво ќе се случи!
    Ах кој ќе си чека до септември.. Трендафилке мор кажи некоја друга ваква серија :emo:
    И малце офф ќе бидам али Кери наша пред некој ден се породи, јас така прочитав. Коа успеа да го износи,незнам али нека и е живо и здраво.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав првата сезона, па да си дадам некој коментар. Завлекува серијава еј.
    Кери не можам да ја сварам. Одвртна ми е. Ај што е и одвратна, па и колку е глупава, требаше одамна да ја шутнат и од агенцијата и од серијата. Значи, ме нервира и актерката, со тоа фаците никакви, а и улогата исто. Во цела сезона едно нешто не направи како што треба, Саул ја вади цело време за ништо не ја бива, неспособна е до немај каде. Како можеше да си допушти да направи нешто со Броди, а не па да се заљуби во него, и тоа од три пати што се видоа. Идиотка глупава. Па каде и е професионалноста, не ми е јасно како опстанала во агенцијата толку време. Ниту Вокер успеа да го најде, ниту за Броди успеа да докаже дека е барем малку во право, цело време е во криво, значи ја гледам и ја пцујам цело време која глупача е. Сакам во вторава сезона со тоа електрошоковите да и ја избришат цела меморија и да ја шутнат.
    Другите генерално се ок, Броди ми се допаѓа, глумата е на место.
    Толку од мене, ќе си продолжам со втора сезона, да с енадевам дека моронката едно нешто ќе направи како што треба.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Да, да, ги изгледав двете сезони во рок од два-три дена, што да правам, не за џабе сите ме ставаат во категоријата тв шоу манијаци. Исто ко што кога ќе почнам да читам некоја предобра книга и морам да ја завршам дента, без разлика на големината, ако треба ќе ја читам и ден и ноќ, така и со сериите.
    Него, да преминам на главното. Серијата се искачи на врвот на листата, веднаш под фринџ.(не ја давам фринџ за ниедна друга).
    Прво, не мора да гледаш цела сезона, да чекаш финале за да се деси бум!, пресврти колку сакаш, возбудливи ситуации во секоја епизода. Ми се допадна како е прикажана Америка, како што рече Трендафилка, реално, ова можеби е серија, ама како што би рекла мајка ми, треба да се инспирира од некаде.
    Од ликовите убедливо најдобар ми е Сол, човек кој се држи до своите принципи, не потклекнува, не потклекна дури ни пред Естез, знае како треба да извлече информација...
    Актерот е одличен, најголем впечаток ми остави од сите, ма го обожавам просто.
    Кери успеав да ја сварам некако,
    се уште не ми е јасно како толку брзо се заљуби, не ми беше јасно во финалето како во еден момент го обвинува, другиот му помага да бега..
    И фаците уште ме нервираа. Знаете како некој едноставно ви е антипатичен, без причина, ама ве нервира тоа што го гледате?
    Го гледам финалето и едно време си викам, абре да не е крај на серијава, да не не ја снимаат повеќе? Немав прочитано дали ја обновиле па се загрижив еден момент. И тогаш БУМ! Вриснав и јас, да бидам искрена воопшто не го очекував тоа.
    Ќе биде интересно во трета сезона, едвај чекам. :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.