1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Татковина (Homeland)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Trendafilka, 3 октомври 2012.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Мене така ми е антипатична ќерката на Броди. :puke:
    :D
    Мислам со тој интензитет ја мразам како ти Кери ... одамна така некој не ми збрцал во џигер како ќеркичево.
    Мутантче глупаво... ептен сакам да ја снема.
    :D
     
    На Buttterfly и Hipster им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Ќерка му е стварно антипатична, не ти е само тебе. Фацата и беше се една те иста, како да ќе посе*е во секој момент. Ама се изнервирав коа се запна да оди во полиција. Се става себеси и својата совест пред сигурноста на толку многу луѓе. А убаво и беше коа му викаше побрзо, побрзо, сакам побрзо. :rofl:
     
  3. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Не ги читав сите коментари, ама мора да прашам
    зошто се сигури дека Броуди е наместен ? Што ако не е и навистина се е планирано? ИНаку финалео од втора, ми се допадна, имаше многу повеќе емоции од обично. Љубо, срце, душо, мјау мјау :lol: Како и да е, подобра сцена од онаа покрај каминот во колибата, т.е. нивниот разговор, немам видено во ниедна епизода досега. Ако некој најде линкбаш од таа сцена, молам да постира. А во меѓувреме и јас ќе барам. Закон сцена!
     
  4. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    ^^
    Мене најлогично ми е да е наместен.
    Прво, како што памтам (а може и грешам) Кери го викна надвор од салата да се љубат, а он ако знаеше што ќе се деси, сам ќе си отидеше па и да го видеше некој, ќе си умреше со тоа сознание. А ако сакаше Броди да се самоубие,како дел од планот, ќе останеше внатре. Второ, и јас памтам дека колата ја паркираше на друго место. И трето, убав план беше ова за да му се одмаздат зошто ги предаде нели. Незнам како уште се држат до тоа логика дека ако го убиеш лидерот, се завршува. Не. Во секунда се става нов лидер и се тоа продолжува, дур не ги испоубиеш сите тие. А најверојтно е дека и смртта на Назир беше дел од планов.
    Али ме замисли малце да ти кажам, може уште еднаш да си ја пуштам последната епизода :)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Јас прво помислив дека е крив. Дека цело време само ги замајувал другите, ама поради причините што ги наброја погоре и јас мислам дека го наместија. Башка ако е он крив што ќе гледаме во трета епизода, како го докажуваат тоа? И после што? Мора да постои некоја шанса за нив двајца. :)
    Него сакав да прашам, открија ли кој му го подметна жилетот на затвореникот во првата сезона?
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Е што сакам кога ќе згрешам у мислење за некоја серија, и ќе ме изненади позитивно!
    Јас се ја замислував многу поинаку, поише со тепачки и со пукања него драматична.
    Незнам дали сум ви кажала, ама Ај лав драма.
    Уште сум сосема на почеток, до 3тата стигнав синоќа, ко бајаги да напраам пола саат пауза, ова бре заразно мајку му стара.
    Најтамбс уп што епизодиве траат по 50минути, на раат да се изнагледаш, што е она по 20 или 30 ко некои други серии.
    Сега за сега екстра ми е Кери, сакам такви решителни опасни женски.
    Џесика ми е многу убава, права лепотица ми е.
    Сал(Saul) го памтам од Dead like me, ептен му лежи и оваа улога, ако е не е многу застапен ептен го сакам и дури и пише сакам да го гледам, фантасичен глумец ми е.
    Броди ми онака, малку језив е не постерот ептен фотошоп му мавнале изгледа :D Одбивна фаца ми има, ама одличен лик нашле, да бил подопадлив можеби немаше целосно да ја долови улогата.
    [​IMG]
    Гледам нема многу епизоди, дефинитивно ќе ми биде занимација периодов.
     
  7. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    Не се откри тоа, а не се откри ни кој им се јави на тие двајцата кога го постави знамето на куќата како знак за предупредување...

    Патем ептен се навлеков на серијава, едвај чекам да почне 3та сезона... крајот на втората сезона ми беше врв! И дефинитивно омилен лик: Saul
     
    На Hipster и RainBow им се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    LaBella ми го зема зборот од уста, најомилен лик дефинитивно и ми е Соул(Saul)
    Прекрасен глумец, истроумен, мудар и најпоштен ми е од сите.
    Кери ме изнервира на почетокот кога како да му се пушти во прва-втора епизода на Соул, ама Соул поштен излезе, се гледа дека баш татковски се однесува спрема неа.
    Колку ми беше жал кога си отиде Мира, и кога лежеше на под и гледаше у празно.
    Абре срце ми се кинеше кога го гледав, и како збори за жена му со љубов, ретко се наоѓа таков маж, ретко. Мира испадна малку себична, знам веројатно тешко е да поднесуваш таков маж што никогаш не е дома, ама сепак, знаеле како е од почетокот што зема за маж.
    Ама despite all мене Кери ми е супер лик, безразлика што се изначитав критики заради неа.
    Налудничава на моменти, добро тоа заради биполарноста, али и општо, залудена е по професијата тоа нверојатно нешто, неверојатно интуитивна и логичарка.
    Да не беше она, немаше ни до пола работа да завршат.
    Неа и текна и дека американката е терористка, а не мажот, она успеа и со имамот, т.е со жената, ама јас знаев дека жената ќе каже осетив уште на почтокот, ми имаше мила фаца таа.
    Добро со Броди малку избрза ама и до накде беше у право, не е толку невин како што се прави.
    Мене нивната врска,како да ја наречам ми беше шок, јас нешто читнав тука дека ќе се сексале, али не толку брзо бре.
    Незнам сеа за сеуште ми се бош комбинација.
    Мене Броди уште ми е језив и одвратен,али невиден глумец,симнуем капа.
    Мене жена му сеа па почна да ме нервира, сеа го сака Николас, ама и Мајк не и е лош, работава ако не е еден, другиот сигурно е тука, си има резерва и мудро си таи.
    Али како дозна за Броди и Кери, немам поима и ме изненади.
    Али сепак најиритирачо створење,Дејна, ќеркава нивна.
    Многу ми е размазена и разгалена, никаква почит ни спрема мајка ни никој, убедливо најлош кастинг за неа можеле подобар лик да најдат.
    Мене и Давив ме иритира, лицемерко си е, само гледа својот газ да го извади од било што.
    Ау само да кажам во 5тата епизода, со затвореникот кога го испрашуваа, аууу тоа со музиката нападна и со светлото е класичен пример на психичка тортура, поедеднакво забранета како и физичка,според Женевска Конвенција :x И тоа не е сигурно само тоа, али ова е класичен пример, текствук што би рекле сме го учеле и на факултет ова ние. Тоа ми се допаѓа и мене што не е прикажана Америка ниту навно ниту добра и чувар на мирот како што они тврдат.
    Ја завршив прва, малку ќе паузирам, до втора сезона, па и таа вака наеднаш ќе ја изгледам.
    Мене само едно не ми е јасно, дали Броди гоприми од Абу назир :D Или иам неверојатен геј радар или сум забагала со гејовиве :D Али кога рече Броди, АЈ ЛОВЕ ИТ, некако полно со интузијазам и незнам како страст го рече, сум се паднала од смеа :rofl: Луда сум знам :tmi:
    Фантастична серија, ми чури главата од вчера навака, ретко која серија толку да ме заинтересирала до сега.
     
    На LaBella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Јас неможев да издржам да си отворив неколку спојлери :D :D

    Знам дека реков ќе ги чекам сите епизоди од 2 сезона, за да не се нервирам така.. па да ви кажам и како да подзаборавив малку на нив. :lol: Али ете ме од вчера до сега на 6 епизода сум.
    Инаку мене пак Броди глумецот, ептен ми е погоден. Точно делува малку необично, али ми се вклопува со улогата. Јас пак не ја сакам жена му Џесика. Неможам некако, одбивна ми е.

    И трета сезона кога? :lol:
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Третата сезона на пролет негде се очекува.
    Номинарана е за Златен глобус, доделувањето ќе се одржи на 13ти јануари. И двајцата главни актери се номинирани, па се надевам ќе однесат некоја награда. Посебно Damian Lewis, заслужува човекот.
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    И мене Џесика ми стана ужасно антипатична во втората сезона. :puke:
    Во првата сезона ми беше нежна и убава порцеланска кукла, и некако сочуствував со неа, ми беше жал што се помина со Броди, која несреќа ја снајде женава...
    Ама затоа во втората сезона од самиот почеток почна да ми шета по нерв, дали дека ги игнорираше долго проблемите со Броди, а почна во меѓувреме да ѝ годи улогата на жена на конгресмен, и ми се виде лажна и лицемерна, одвратна.
    Де продава морал, де се прави наудрена, де мижи кога треба да ококори очи... мутла.

    И јас со нетрпение ја очекувам третата сезона и се надевам ќе земат некоја награда главните актери.
    Лани Homeland го зема чинам златниот глобус за најдобра драма, после 5 години по ред доминација на Mad Men.

    Сега се` повеќе сум убедена дека Броди не беше наместен... мислам дека е вмешан во нападот... и дека ќе ѝ го скрши срцето на Кери.
    :(
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Може да земат главните актери награда, ама за серија сакам да земе Downton Abbey. Се надевам дека ќе земе таа. :tmi: :)
    А зошто мислиш дека е вмешан Броди?
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Зашто ќе има предобар пресврт и зашто во суштина Броди е негативец. :D
    Без некоја посебна причина, ете така ми се заврте во глава, и дури мислам дека сценаристите тоа ќе го решат што и како во третата сезона. Неговото вмешување де.
    Премногу ќе биде едноставно ако Кери целата сезона се обиде да ја докаже неговата невиност во целата случка и да живеат среќно заедно.
    Според мене, ќе се труди женава од петни жили да пронајде докази дека не е вмешан... се додека и самата не се изненади... :D

    Си направив филмче, знам. :$ :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Па може да испадне така, да, ама нема да биде се црно или бело, никогаш и не било така во серијата. Броди не е обичен негативец, има околности кои го оправдуваат во постапките, а верувам и дека да испадне дека е вмешан пак ќе има нешто што ќе го извади.
    Затоа е толку добра серијава. :)
     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Јас ја немам гледано 2рва сезона, на 1ви ќе си ја симнам и ќе ја изгледам во еден здив знам, али сум сто посто сигурна дека Броди е негативец.
    Мене ми има таква, лоша грда фаца, строга, негативна.
    Сите прични наведуваат на тоа дека е негативец, до сега во првава сезона.
    Сум забораивила да кажам дека Абу Назир е неверојатен перач на мозици, сите ги користи ги фаќа на некоја сентиментална цака и после кога нема да му требаат ги фрла како влажна марамица после употреба.
    Не за џабе им е таму главен, мозокот на цела операција е, од тортура и влелење на податоци до стратегија за напад.
    Јас Саул си го обожавам, ми ја прави серијва уште подобра.
     
  16. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    Ништо чудно Броди да искочи негативец, некако премногу лесно и едноставно сценарио е да цела втора сезона Кери бара докази да го оправда Броди... ќе видиме.

    Патем, кој ќе чека до пролет, многу се напнувам вака кога ќе почнам некоја серија и после ја чекам. Затоа е најдобро веќе завршена серија да се гледа.
     
  17. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Иако Клер од почетокот е повеќе номинувана, еве и двајцата си зедоа. :)

    Best Performance by an actress in a TV series, Drama: Claire Danes, „Homeland“
    Best Performance by an Actor in a TV Series – Drama: Damian Lewis, „Homeland“
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Убедливо најдобрата и најнеизвесната криминална серија која некогаш сум ја гледала!!!
    Вторава сезона, ЛУДИЛО!
    Ја изгледав за 3дена и тоа со милион обврски, со спиење по 3-4 саати само за да изгледам повеќе епизоди.
    Нема досадна епизода, посебно во вторава сезона.
    Никогаш, ама никогаш немаше да предвидам дека вака ќе заврши вторава сезона.
    Глумата, маестрална, се поклонувам, капа симнувам, незнам што поише :bow:
    Морам да признаам дека Броди во оваа сезона ми е посимпатичен, совршени се еден за друг двајцата малку ненормални.
    Саул, и ја кажа најпаметната реченица на Кери
    [​IMG]
    Али свака и част, да не им беше Кери никогаш немаше да го фатат Абу Назир, никогаш.
    Одвај чекам да видам со што ќе не треснaт од земја сезонава, ќе се појави некој нов Абу Назир и плус ќе го бркаат Броди. И јас мислам дека е невин, за прв пат а цела прва сезона, и до половината на втора неможев да го смислам.
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Пред некој ден една колешка ми кажува како Демијан Луис бил лош актер. :^)
    Леле, секакви работи сум слушнала и вкус и сe`, ама дека типот е лош глумец... :x
    Не знам дали сте ја гледале серијата LIFE, има само две сезони и Луис ја игра главната улога на неправедно обвинет и осуден полицаец за двојно убиство. Предобар, значи му нема рамен, единствено Кевин Бејкон и Кевин Спејси успеваат да внесе таква мистичност и напнатост во ваков жанр како него.
    [​IMG]
     
    На LaBella и Hipster им се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Мене па ми рекоа дека Кери била преценета, што па бетер не се согласувам, мене ми е упер добра.
    Да секој си има различен вкус, ама фактот е дека и двајцата се талентирани.
    Само се непознати и затоа се потценети, зашто не се експонирани како некои други актери кој мене лично не ме фасцинираат али сите се трескаат од земја за нивната "глума"
    Мене ми беше Броди антипатичен, ужасно грд на почетокот, ама дека е лош глумец, неее, никако.
    Сега ми е дури мил, незнам ама ме освои последнава сезона.
    Дејвид Естез ми беше слаб актер, не ми се допаѓаше воопшто, ниту па каква улога имаше, среќа нема да го гледаме више.
    Туку прочитав дека 3та сезона, ќе почне дури во Септемви, кант вејт.
    Што ли ќе не изненадат во 3тава неможам ни да претпоставам.
    Режисеров, 10 чекора пред нас гледачиве, ја надмина и мојата бујна имагинација, свака му част.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.