I'm here too. Само што ја изгледав првата сезона, па да дадам коментар. Ќе читам што сте пишувале во темата откако ќе ја изгледам втора сезона. Не сакам да прочитам нешто што не сум гледала, па да се нервирам. Првин, баш ми се допаѓа серијава. Добра приказна има, ми се допаѓа како се одвиваат нештата (иако малку ми е развлечено дејството). Можеби можат да ги прават поинтиргантни краевите на епизодите. За глумата немам зборови. И Кери и Броди се фасцинантни. Џесика ми е срце, а најантипатично створење ми е разгаленото дериште - ќерка им. Саул ми е супер лик, ама нешто ми смрди во врска со него. Мислам дека не е баш цвеќе за мирисање (се’ уште не ми излегува од глава полиграфското тестирање, а и неколку дешавки по него). Крајот на сезоната ми беше просечен, предвидлив. Посебно делот со активирањето на бомбата. Серијава натенане ќе си ја терам. Ќе пишам по некој збор за секоја епизода.
Mojaта опседнатост со серијавa... Пред некој ден сонував дека сум Кери уствари, и бркам терористи во Скопје. Се разбудив жива вода испотена Не ми е лесно знам. Туку правев муеабет со една другарка нешто за серијава и се закачивме на едно место. Што мислите, дали серијава треба да е 18+ ?
http://www.digitalspy.co.uk/ustv/s188/h ... -exec.html ...кога јас тамн го засакав нема да го има толку 29 Септември, одвај чекам.
Уф... Уф, уф, уф, се препотив додека ја гледав новата епизода. Спојлер Фали Броди дефинитивно. А Сол... Ах бреее, ја џитна Кери под автобус. Под оние двокатните. И оние од инквизицијата, опасни. А кој им пушта документи? Стварно не знам како ќе се одвива сезонава, ама Кери ако сака да го исчисти своето име, ќе мора прво да му го исчисти на Броди. Боље нека кидне и она.
Спојлер Саул и мене ме разочара! Од сите очекував од него не. Али и Кери е крива и навистина многу глупава ако мислеше дека нема да се дознае за нивната врска, на овој или на оној начин. Ги знаеше последиците и сега мора да ги сноси на некој начин. Броди ќе го нема многу сезонава, не кажаа кога ќе се појави но се знае дека малку ќе го има. не ми е јасно само ни Кери не знае каде е? Мене навистина ми е одвратен Сенаторот, тонот му р навистина осудувачки и по секоја цена бара кривец. А кога го фатија Абу Назир беа херои, а одма нешто иде надоле се најлоши. Страшно. Не знам како некој може да сноси одговорност за ваква работа, мене не ми е логично ни оправдано правно и етички. Саул мкслам се реши на овој потег за да ја спаси Циа зашто очигледно сакаат да се исперат преку неа. Глуп потег му беше зашто нит ќе ја спаси агенцијата у само бетер и направи на Кери. Брадоњата мислам дела е бајаги мутно вмешан и му вршеше бајаги влијание на одлукава да ја зезне Кери. Ќе видиме како ќе се одвива сезонава, но ако не го покажат Броди насоро ќе го гледаме самио смркнатион сенатор
Спојлер Кери е премногу наивна или глупава, зарем стварно мислеше дека никој никогаш нема да дознае за неа и Броди? Па еден куп луѓе ја слушнаа кога се плескаше со него, патем може има и снимка од тој јак секс. Ич нема да се дознае, неее... Не очекував дека Сол ќе ја предаде. Колку и да изгледа логично, да се спаси агенцијата отколку еден единствен човек, не ми одговараше на неговиот карактер и лојалност, ама ете, бидна. Како оди сценариото во мојот мозок... Кери ќе ја поврзат со нападот и ќе ја обвинат, можно е и да ја стрпаат во затвор. Броди ќе дојде да ја извлече заедно со други терористи со кои веќе стапил во контакт. Двајцата се враќаат да бомбардираат све живо и диво во знак на одмазда. Броди е негативецот и никој нема да ме убеди во спротивното. Секое друго сценарио, како он невино бега и се крие, додека Кери се обидува да му го исчисти името и образот за мене е смешка. И ќерката му е уште апла антипатична, ама страшно беше да се гледа неговото семејство во таква мизерија. Што живот живеат луѓето после тоа?
Спојлер Се изнасмеав вака насабајлечки. Ама Сол стварно разочара, пружи некој слаб отпор и толку беше. И јас мислам дека ќе ја пикнат во затвор, мора да плати некој. Да имаат жртвено јагне додека го фатат Броди. Мислам дека некој мајндфак ќе ни направат, јас на такво нешто се спремам.
Отсуството на Броди нема да се пополни со константно прикажување на неговите деца. Кој се интересира за нивната состојба, КОЈ? Спојлер Конечно ќе го видиме него во следната епизода. Во лудница ја стрпаа кутрата жена. Каква гроги шминка, каква глума значи. Тие 45 милиони долари ако не се подметнати на сметката на Броди, еве па на. Да не видев привју од следната епизода како е сместен во сомничава и морбидна темна просторија, ќе мислев дека срка коктели на Бахамите.
Епа аман веќе. Спојлер Уште сексови фалеше да гледаме со онаа грдана. Која беше поентата на сцената со чергичето, која? Толку е нерелевантна за приказната што најдобро ќе беше да не ја спасеа. Одвратна ми е максимално со тоа никаквата фаца. Не мислев дека Броди толку може да фали на серијава, на мене поточно, едвај чекам наредна епизода само него да го видам. Ми фали де, признавам, што сеа. Браво за Питер, јас да бидам искрена, потајно мислев дека ќе испадне лошиот, не знам како и зашто, ама мислев дека мати нешто. А Сол... Па, не му е лесно. Ама не ми е јасно која е функцијата на оној што ги влече потезите, дали има некаква, или Сол само ги слуша советите негови? Ми беше ептен жал за Кери на крај. Мислите дека без лекови може да успее, да не и направеа вака овие?
Леле епизодава. Мене ми беше најдобрата до сега. Не трепнав додека ја гледав, не мрднав, едно време не дишев. Спојлер Толку беше мрачна и тешка атмосферата, Кери и Броди, секој во својот затвор. Послдната сцена беше страшна, се испонаежив. И тој ликот што го оперираше ми беше одличен, каков му беше гласот и говорот, полн погодок. Едвај, ама едвај чекам нова епизода, баше ме интересира како ќе се свртат работите. Моменатално немам претстава накај оди серијава. "Everywhere you go, other people die, but you always manage to survive. Have you noticed that? You’re like a cockroach, still there after the last nuclear bombs go off. You belong here." Инаку, се расчитав сега други коментари за серијава и сите се разочарани од третава сезона, само јас испаднав задоволна.
^ Се согласувам, многу морбидна епизода. И никој нема никаква идеја како би одело дејствието понатаму. Докторот дефинитивно понуди предобра глума. На поголем дел од форумите и дискусиите се шпекулира дека е педофил. Ќерката на главниот што му помага на Броди - Есме е преубава актерка и лично не ми се верува дека има 32 години.
И на мене докторот ми личи на педофил, ете читам дека не сум единствена. Досега не сум воодушевена од трета сезона, некако бавно ми се одвива приказната. Нема никаков пресврт, заплет, што и да е, барем нешто што ќе ја размрда серијата. Фали акција, фали Броди и Кери, но дефинитивно дава надеж дека сепак ќе се случи нешто. Туку кој го штити Броди, што овие одбија дури и 10 милиони, па и колку луѓе загинаа. Има материјал дефинитивно, само мора да понудат нешто, нападот, кој стои, каква е врската на Броди. Иако речиси сум уверена дека има удел и тој. Абу Назир го пушти жив да си оди и покрај тоа што го предаде. Мислам дека се беше дел од планот за сепак да се случи нападот.
Ако после се Броди испаде пресвета богородица и невин од се, а Саул го направија издајник, ја се откажувам до серијава. Убаво рече Тренди, Броди е се се ама невин и наивен не е, мора да е умешан у нападот, инаку веќе нема да ја има смиска серијава и нема да има никаква логика според настаните од претходните сезони, посебно првата.
Кој бараше раздвижување? Спојлер Е нема . Крајот на последнава епизода не здрви . Мислев дека Кери отиде кај Сол за да проба да го искористи околу новиот ангажман или па да му се одмазди за се што претрпе, тие си се гушнаа и отидоа Мира да им свари чајче. Зар Кери жртвуваше толку само за да стапи во контакт со "лошите" и се тоа само за Татковината? Туку овој агентов Питер Квин, ај што е морбиден и непредвидлив во секоја постапка, мислам дека и од него се очекува нешто. Тоа што му ја најдоа собата празна (во втората сезона) само со еден кревет, со некои финти да провери доколку некој му влегувал (парички на прозор и сл.) кажува дека со него ќе биде интересно . Него, брат му на Вирџил кај е? Фали некако . Изгледа ќе го нема оваа сезона.
Јас баш почнав да си викам ете ти, имаа право луѓето, ептен ја затапеа сезонава и бам! Спојлер Ееее Кери до каде ќе оди за татковината. Инаку еве мене што не ми е јасно до сега. -Како го поврзаа Иран со нападот, како знаеја каде да бараат? -Ако знаат кој го извршил нападот зошто уште го сметаат Броди за осомничен? Или мислат дека тој го наместил експлозивот и соработува со нив? - Најверојатно тоа ќе да е. Сол и Кери, ццц, а колку мислевме дека Сол ја продаде...
Спојлер Нели Израел со помош на САД бомбардирале цели во Иран (тоа го добивме само како информација во серијата). ЦИА преку видеото на Броди (тоа што го снимаше уште кога сакаше да се саморазнесе со елек-бомбата, само ЦИА снимката ја доби едитирана), виде/мисли дека Иран им се одмаздува преку Ал Каеда, односно Броди.
Значи! Почнува да ме нервира серијава дефинитивно. Мислам, до кога ќе ја гледам онаа одвратната Дејна, која сврха ја имше целата смотана приказна во сезонава? Ништо некако не се случуваше, тапа е вака без Броди. Ќе си изгубат доста гледачи ако продолжат вака.
Лоша сезона засега. Имам чувство како со последната сез. Декстер. Лошо. Нема особено раздвижување и приказната тапка во место. Аман со децата и жената на Броди. Не ни се важни, мавнете ги. Дебилчиња глупи. Таа преведувачката што му помага на Сол е интересен лик, малку неа нека ја активираат. Можеби да ја вклучат во шпионажа или да испадне дека она е некаков шпион и крт... Нека се случи романса помеѓу Квин и Кери, ајде, таму има доста потенцијал. И он така се шлакна малку после таа акцијата, ептен си одговараат сега емотивно оштетени двајцата - тенџере и капаче. Мора да го приближат Броди до приказнава. Ептен го измаргинализираа, смешно ми е да гледам серија без него. Серијава оди удолу и стварно ќе треба екстра моменти да се спаси.
Браво за серијава. Претпоставував дека е добра штом толу луѓе ми ја препорачаа, ама ова не е хумано да се чека секоја недела, џигерот ќе ми изгори од љубопитност до наредната Дејството во третава сезона се одвива многу споро, жими после четвртата епизода што се раздрмаа работите. Алал да им е како го изведоа тоа Спојлер ...верувам дека ретко кој претпоставуваше дека сето тоа е осмислена игра помеѓу Кери и Сол. Туку имате право дека серијава не ја бива без Броди, се надевам деќа ќе му ја зголемат минутажата во наредните епизоди. Кога сме веќе кај него јас тврдам дека е терорист и дека сето тоа што се случи беше тешка манипулација од нивна страна. Абу Назир во целата ситуација беше само еден војник, како што и самиот и кажа на Кери. Како влегол во Америка, бог знае, ама се знаеше дека тоа е one way ticket и дека неговото убиство беше испланирано. Најмногу сум убедена и поради реченицата што му ја кажа Назир на Броди пред да го пушти да си оди „Ако се оди по планот, нема повторно да се видиме“. Мислењето за Кери како карактер ми е поделено, доддека за глумата не велам ништо, маестрално ја изведува. На моменти ја обожавам, на моменти ме вади од такт со некои непромислени импулсивни потези. Од друга страна, како и остранатите овде, Дејна тотално ме вади од такт со антипатичната умусена фацка која што не ја смени цели 2 сезони. Глума никаква, а сцените со неа толку ме полнат со негативна енергија што верувам да ми била пред очи ќе сум сакала да ја шлапнам. Ретко одвратен лик.
Ја нема Спојлер Дејна и оп, предобра епизода. Сол одигра успешно на два фронта, а браво за Квин за тоа како ја спаси цела операција. Наредната епизода според најавата би требало да е исто така интересна. Моментот