Спојлер Значи а треба да се придобие некоја битна личност и одма мора Кери да се плесне со него Ми се згади така малку искрено. Не е нормална на што се е способна само за да успее мисијата. Ако го тргнеме тоа на страна, сезнова ми е по кеиф, иако го нема Броди. Се гледа дека ќе има јак распрлет на крај.
^ И мене исто ми се згади. Кери одвратна ми станува. И постапката со бебето, ова сега, целата е изгубена некако. Тој го уцени за да ја врати назад, наместо да ја открие целата работа. Не ми е иста серијава, се мислам дали да ја гледам понатаму.
Изгледав 4 епизоди од новата сезона, значи оваа Кери е скос луда спремна да направи се само за да успее во нешто. На крајот во 4 епизода ме шокираше, ама тоа е тоа. Ја обожавам серијата.
Дечки а бе гледате ли од серијата. Јас јас изгледав 8 епизода и едвај чекам да излезе 9та. Добра е но комент.
Мене ми се допаднаа последните две епизоди, доста солидни. Се случуваат многу работи, па ја гледам во еден здив. Мило ми е што се оправија, за мене барем, нека си тераат со вакво темпо.
Не знам зошто ви се гади од Кери, па мене ми е иста од почеток, секоја ситуација ја користи за да успее во задачата, по тоа е препознатлива. Малку повеќе ладно се однесува кон детето, тоа ме чуди, ама се гледа дека таа не е навикната да седи на едно место, нејзе животот и е кариерата. Но, не знам дали приметувате, никако секс да падне сезонава, а толку очекував Кери и колегата (секогаш му го заборавам името)да се смуваат, да видам како си одговараат, дали ќе биде жестоко како со Броди. Спојлер И Сол ме изненади, зошто толку ја колнеше Кери на крај бидејќи не му дозволи да се убие, демек она му беше пресудна, тој ако беше црвсто убеден во намерата немаше да послуша никого. Кери нормално дека ќе му рече да не се предава, сигурно нема да му рече - збогум ајде рокни се.
@Abeja Спојлер Како не падна секс, ами со она малото од соба не излезе оваа неколку дена, само за да дознае за чичкому и да ископа некоја информација ЕЕее не ми се веруваше дека со тоа се опали ама ајде простено и е сепак ѕверка е. Инаку за Сол цело време си мислам тие што го фатија на крај да не се некои војници на овие од Циа, оти не верувам дека само едно комбе од неколку души пратија по Сол, а и ако паднеше во рацете на терористите немаше Кери толку мирна да биде на крај, или пак целта и беше само да не се убие Сол, па после сепак имаат шанса да преговарат и да го спасат. Кој знае луди се овие сите, со нив не си на чисто. Последната епизода ми беше најјака од сите, сега едвај ја чекам новата. Кери веќе знае кој и ги смени лековте, а и се сомнева во онаа црната што иде со преговарачите. Биче весело.
И јас ја чекам новата епизода Спојлер баш дека дознаа за сопругот на амбасадорот. За Сол не ми текна на таа варијанта, дека може од ЦИА го грабнаа на крај, не ми се верува. А за сексот, батали ти со тоа детето неискусно а и немаше никакви сцени. Со Броди беше поинаку, ако ти текнува кога исто го искористи Броди со секс, при крајот некаде кога требаше да го придобие, а Сол и овој малиов колегата (пак не ми текнува на името) ја слушаа, тоа беше баш дивјачки секс, колегава тогаш се спопали и му беше криво што е со Броди Со серијава никогаш не се знае, кога халуцинираше за Броди знаев дека и е од лековите, но јас уште кога заврши претходната сезона се надевав дека Броди ќе биде жив, дека обесија некој што личи на него, па си викав ај можно е и тој да е, иако на imdb видов дека нема да биде во оваа сезона.
Спојлер А бе ништо чудно и Броди да се појави, со нив се е можно. Инаку кога халуцинираше оти го гледа Броди во првите неколку секунди се штрекнав, па сватив дека не е реално. Малку и за Сол ми е сумливо, да не го загуби животот во оваа сезона, некако се натаму ми оди. Баш ќе ми биде криво.ААаа ами заборави ли на Квин со онаа дебелката слаб ли секс направи Инаку Квин добар дечко е
Мене искрено ми се згади малку затоа што ми делуваше моментот на педофилија. Знам дека детево беше полнолетно, ама сепак...затоа викам дека ми делувало. Спојлер Инаку се надевам дека нема да го убијат Сол затоа што понатаму серијата ќе нема смисла. До сега без Броди сезонава се одвива одлично, но мислам дека немаат засега простор да убијат уште некој. Само Кери не е доволна, а другиве околу неа не ми делува како да се стигнати до тоа ниво да бидат некои страшно клучни ликови. Како и да е доста се загреваат работиве со доближувањето до финалето, меѓу другото чекам и да видам како ќе ја решат онаа пресметливата кучка од спротивниоот табор.
Денеска ќе ја гледаме новата епизода па утре да се фрлиме на коментари. А таа од спротивниот табор мислам оти не и се пишува добро, ќе ја средат овие лисиците.
Ја изгледав и 9та епизода, е ова веќе беше за инфаркт. Кој ќе чека до другата недела. Спојлер размената на Сол и затворениците заврши успешно но останаа ли живи Кери и Сол
Леле луѓе па што е ова бре??! Мене ќе ме стегне нешто до крај, само не знам кога ќе биде. Сезонава е ВРВ!! Браво. Не трепнувам дур ја гледам, вчера не сакав ни по вода да станам. @Elissa и јас не знам како ќе издржам до следната недела. Too much e ова и за мене!
Цел ден барам клипови, читам коментари ама сите се во недоумица, никој не знае што ќе биде. Се потресив од вчера, прв пат вака со серија да се соживеам, тешка неизвесност не очекува.
Јас ја симнувам од интернет, од kickass. Цела епизода стоечки и цупкајќи ја изгледав. Спојлер Прво имаше страшна неизвесност со Сол и детето, после кога се случи размената си реков, е добро де, толку врева за ништо, Таман тргнав да седнам кога Страшно добра епизода, не знам сезонава како ја оправија вака, ама алал да им е! Мораа сега да стават една недела пауза.
Спојлер само да останат живи и двајцата ај они барем знаат да изненадат, замисли да се во друга кола а не во овие ќе чекаме нема друго
Спојлер А замисли сите да умрат и целосно нова актерска екипа да стават. Не ми се верува да се во друга кола, колата пред нив прва експлодираше. Ќе ги извлечат некако, нели една кола најнеоштетена остана. Ај баш ќе видиме. Има барем што да чекаме.
@RainBow лелеее Спојлер Е уште тоа фали , Кери не верувам да ја умрат, а за Сол толку мака видовме дури го спасат и сега тука да умре од експлозијата није фер. А моментот со овој терористот што е во тунелот го заборавивме, тие може сега да ја нападнат амбасадата. Ама се надевам Квин тука веќе организирал некоја одбрана оти нели амбасадорката му кажа дека знаат за тунелот овие талибанците, како и да е оваа ми е една од нај јаките до сега епизоди.
И, и, и? Реакции? Спојлер Зошто она копилето не се обеси? Јас не сакав да се обеси, треба да плати и со целосно понижување меѓу другото, ама па ми падна чудно што не се обеси по толку молби. Квин ми е најјак во моментов, сакам да оди и сите да ги убие Rambo style.