Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Татковина (Homeland)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Trendafilka, 3 октомври 2012.

  1. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Дефинитивно продуцентов ги опфатил сите актуелни теми со мигрантиве и џихадистиве. Тоа посебно ми се свиѓа сезонава, нема цензура, реално прикажано.
    Последниве 15 минути срце ќе ми излеташе, како ли ќе дочекам наредна епизода.
    Само Кери да се спаси и Алисон веќе неподнослива ми е, паразит, знам дека ќе и се врати многу полошо. Единствено сезонава најмногу ме разочарал Дар Адал, не заслужува номинација за Emmy!
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Не знам зашто ама Хоумленд дефинитивно имаат одлична цела сезона и ужасно финале. Мене епизодава ми беше ептен нејасна и двосмислена. Посебно крајот, добро што значеше тоа, дека Квин умре? Е многу ќе се изнервирам ако така испадне, Броди барем јавно го обесија, беше јасно а не вака, прво тоа со светлината во капелата, после со светлината на крајот? Што требаше да значи тоа, аман ако умрел барем да покажеа рамна црта на екранот, глупости, омилен лик ми беше!!! И понудата на Ото, втф од каде сега тоа, баш се шокирав.
    Очекував малку поголема акција со Алисон, некако многу брзо, без акција го завршија. Заслужуваше поболна смрт, а и ние заслуживме појасно финале.
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    Стрaшнo дoбрa серијa. Oвaa сезoнa се изгубив мaлку сaмo две-три епизoди изгледaв aли ќе нaдoкнaдaм зa прaзнициве.

    Клер Денс е неверoјaтнa глумицa, a и пресекси. :D
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    И што сега заврши ли сезоната
    Искрено мене ми беше катастрофа цела сезона, што акции имаше?? Ништо цела сезона за една акција на железничка која заврши за 3 минути. Пак ќе кажам првите три сезони беа врв над сите филмови и серии до сега а последните се повеќе ме разочараа. И Квин еден таков агент туку така си дозволи да заглави со оние терористите и таква смрт безвеза, нема логика. Не коментирам повеќе, и да има други сезони незнам дали ќе гледам.
     
    На ninja35 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Значи да не забораваме дека серијата е драма пред се’. Мене одлична ми беше и оваа сезона. Се ми беше таман. На клер не можам да и се изнавосхитам за глумата! :)
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Незаменлива е Кери (Клер) уникатна. Едноставно немам зборови. ВРВ!
     
    На d.Darla и ninja35 им се допаѓа ова.
  7. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    @Elissa braced od Mala nevesta se prefrli na Homeland?? :D hahahaha
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Вчера се изненадив со новата епизода од 6 сезона :o
    си мислев накај април може ќе почне.
    Сега повторно во Америка во борба против тероризмот. Ото дојде по Кери но таа го откачи, Квин е жив, знаев дека ќе биде така само се си мислев дека глуми оти е така болен, ама изгледа стварно е. Кој знае со нив не си на чисто никогаш. Ќе уживаме уште една сезона.
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Три досадни епизоди, подосадни не можеа да бидат.
    @Elissa Ото не се врати по Кери, тие соработуваат и плус кажа дека имал друга жена сега.
    Квин ќе оздраве, ама многу одолговлекуваат. Ова со оружјево, Иран, С.Кореја, ОАЕ и сл.е веќе видено и досадно, ја нема онаа акција и возбуда во секоја епизода како порано.
    Сега курвата виде кај седи Квин па веројатно ќе му се закачи тој дечко и наркоманот.
    Кој ја набљудува Кери, којзнае кога ќе се дознае.
     
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Kakvi epizodi bea toa vo prvata i vtorata pa i tretata sezona, ludilo a sega ova premnogu pasivno.Mozam da kazam duri nula vo odnos na tie vozbudlivi epizodi vo vremeto na Brodi.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Мислам дека проблемот е во тоа што во првите сезони ги исцрпија сите можни приказни за терористички напади, Ирак,Иран па дури и 4та сезона со Хакани која лично ми беше највозбудлива и најинтересна. И сега како и да се истражуваат некои нови приказни имаме чувство дека се вртат во круг зашто повеќето од работите сме ги виделе.
    Сега демек Кери се обидува да се искупи за сите лоши работи што ги направи кога беше ЦИА агент, а искрено многу повеќе ми се свиѓаше тогаш него ли сега обидувајќи се да помогне на терористи. За Квин не знам што да пишам, после се што преживеа не знам како ќе го вметнат назад во приказнава зашто до сега ама баш е бескорисен. И знам дека сакаат да бидат во тек со избориве во Америка ама приказнава со претседателкава ми е монотона. Навистина фали акција малку.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.083
    Допаѓања:
    66.934
    Пол:
    Женски
    Мене па секогаш првите епизоди од серијава ми биле спори и само градење на дејството за понатамошниот бум. И Броди кога го чекаше и надгледуваше сто години не беше интересно.
    Еве малку по малку се вжештуваат работите. Малку ми е само сомнително зашто претседателкава би и верувала толку на Кери. Туку така се зближиле и сега нејзиниот збор е последен.:^) Ај ќе видиме што ќе биде, па и со тој Квин што го следи. И со Дар Адал и неговите мучки.
     
  13. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Мене тоа ми е сомнително со претседателката, дали стварно и верува на Кери или ја експериментираат нешто не знам баш. Во минатата епизода Дар Адал нели го прислушкуваше разговорот на Кери со претседателката, значи можно е тој да е во коалиција со неа. Туку со овие ликови мене никогаш не ми е јасно што се дешава,. Толку се непредвидливи што не би ми било чудно и Кери и Дар да ја играат оваа игра заедно. Инаку Квин лека полека се враќа во форма.
    Типот што живее спроти Кери и ја надгледува, вечерта 9Квин кога отиде да го следи) отиде кај што е фирмата кај што работи ова црнчето, ги дадоа комбињата нели а утрето пред да се случи нападот црнецот го возеше тоа комбе. Почнаа сплетките како и да е.
     
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Сезона 6 епизода 5
    Е појака епизода одмна немам изгледано, адреналинска до крај. Лелеее среќа Кери што си го зема Квин кај нејзе да живее, тој ја спаси. Браво!!! Нема зафрканции со Квин се знае што е класа човек.
    Претседателката на.ба изгледа. Кој ли е испозамешан во ова, и што е работа со Дар и Сол. Зошто тие не превземаат нешто, Дар беше кај претседателката зарем тој да е замешан. Не, како и да е не верувам дека тие би направиле нешто лошо, што и да прават сигурно е со умисла. Сега се мислам за Квин што ќе му се случи, оти го уапсија. Па на тие маки се надевам нема ова да му биде крајот. Кери свати дека поинаква игра се игра на терен, и Секу сигурно не изврши самобомбашки напад, бомбата му ја подметна овој што ја набљудува Кери. Нели Квин сето тоа го има во телефонот сликано. Лелее кој ќе чека до следната неделаааа..
    @RainBow @Abeja @Tiki-lolipop дај јавете се со коментари, да ја разјасниме ситуацијата..
     
    Последна измена: 22 февруари 2017
  15. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Богами уште Секу кога влезе во комбето, имав чувство дека ќе експлодира. Јас мислам дека позади нападот стои ФБИ, посебно тоа што не им одеше во корист затоа што јавно откри кој им е доушник.
    Тие дечките што го обвинија дека е шпион исто ми се сомнителни, плус мислам дека не е случајност баш што пред нападот се најдоа таму.
    А за последнава епизода,одлична. Баравме акција, ете ни акција.:D
    И покрај се што му се случи Квин се уште си го има агентот во себе, и ете се што и кажа на Кери се испадна дека е вистина.
    Туку малку ме збуни снимката, кој и ја дал на Кери. Дали Дал Адал стои позади сево ова, или има некоја поголема игра во позадина па и претседателкава е замешана.
     
    Последна измена: 23 февруари 2017
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Ај ќе видиме баш
    Претседателката ја наместија, ја однесоа таму сама без никој од нејзините, ќе видиме и тоа зошто, и Дар Адал да видиме што му е улогата, не сакам да верувам дека тој е замешан со ФБИ, ама можно е да е замешана претседателката па тој да ја намести да ја однесат во куќата. Кој знае, овде џабе се претпоставките, со Хомленд никогаш не си на чисто. Квин ми го направи кефот,како ги распуца сите од пред вратата на Кери, цар е.
    И друго си мислам, оваа претседателката нели ја викаше Кери кај нејзе и стално ја подбуцнуваше да и каже нешто против Сол и Дар, посебно сакаше за Дар да има нешто. Ама Кери не е глупава никогаш не би ги издала, ама ниту тие двајцата нејзе. Така да може таа тројка Кери Сол и Дар заедно да играа со претседателката, па таа џабе си мислеше оти ќе ископа од нив нешто.
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Инаку 6 та епизода излезе уште пред два дена, јас вчера ја гледав.
    Што ли беше тоа со тоа организацијата кај што отиде овој фби агентов што и помага на Кери? Јас мислев тој стои позади ова, ама штом го убија, очигледно не стоел. Колку морничаво ми беше, и луѓето и се, како во The Exam.:D
    Сфати и Сол конечно дека Дар го мести и работи против него, па сега ќе видиме како ќе се одвиваат работите.
     
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    6 епизода
    Еј колку језиво, Кери знае дека нејзе и е редот, Квин се надевам ќе спаси жива глава. Ова веќе е работа на американците а не на терористите. Кој се е испозамешан ќе видиме баш. Претседателката да не прави некоја освета, така ми се чини.
     
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Сезона 6 епизода 7
    Ајдее почна неверојатна да станува сезоната, сега меѓусебни се пресметките. Значи дефинитивно Дар е бед персон, Кери остана без Френи поради него, себичен а и претседателката замешана туу. Сега Дар се труди и Квин да го сврти против Кери, ама не верувам дека ќе му успее. Сол конечно свати дека работата е надвор од контрола и побара помош од Кери, едвај чекам тие двајца да соработуваат се надевам ќе го вклучат и Квин. Дали ова е последната сезона за Дар Адал, баш да видиме.
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    епизода 8
    Еј како можеше Астрид така да заврши, не е ферски. Инаку сега и Кери и Сол знаат точно кој стои позади сите глупости. Овој Дар не е нормален па тој колку игри игра, сега и со синот на претседателката како сака да го оцрни неговото дело за да и наштети и неа. Ајде нека му дојде крајот веќе. Гледав трејлер за следната епизода имаше една сцена Питер со цел арсенал на оружје, ајдеее битката нека почне.