1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Татковина (Homeland)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Trendafilka, 3 октомври 2012.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Ах бе Квин да не беше вака онеспособен ќе беше друга приказна. За Френи ми е ептен жал. Знае Дар што прави, одземи го детето и одма имаш слаб противник. Сигурно ќе излезе до крај целата снимка за синот, штом има снимка нема да се скрие тоа. Сол ама е изигран, во секоја сезона го јаде стапот.:^) Ќе биде интересно до крај.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека Квин ќе ја направи сета разрешница во оваа сезона 8)

    инаку еве го Квинчето, се изнасмеав на видеото

     
  3. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Јас само не сфаќам во целава ситуација што добива Дар Адал од тоа ако ја оцрни претседателкава, еве сеа со снимката и со синот, плус со Маџид, игра двојна улога и позади ова мислам дека стои некоја поголема агенда, нешто поврзано и со Мосад и со Иран. Сега според промото за наредната епизода, ќе склучат некој договор со претседателката, а и таа наивна очигледно ќе почне да му верува.
    Инаку мило ми беше што Сол и се обрати на Кери за помош, секогаш сум сакала кога работеле заедно. Само навистина ми е криво за Сол, минатата сезона така го изигра Алисон, сега така го изигра и Маџид и мислам нема смисла што го претставуваат како жртвено јагне. Во првите сезони беше многу повлијателен и не толку наивен. Некако ми го уништуваат ликот. Дури и Маџид му рече дека омекнал и дека не е веќе толку моќен како порано и очигледно слеп штом не ги видел матните работи што цело време биле пред него.
    За момент помислив дека Квин е мртов, мислев во глава го погоди куршумот, срцево ќе ми застанеше. Жал ми е за Астрид, не заслужи да умре и сигурна сум дека ова се беше организирано од Дар, само едно ме мачи, зашто ја донесе тогаш Астрид и зашто не го убија Квин одма кога имаа прилика.:^):^)
    А и уште нешто ме мачи:D приказната со Секу, некако одма го свртеа фокусот на другиве работи и тоа ми остана нерешено, не дознавме што навистина се случило. Добро би било да се навратат малку или да ги поврзат работите ама поскоро.
     
  4. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    епизода 9
    Спаваш ли мирно Дар Адал, готов си. Оваа сезона ми е дефинитивно меѓу највозбудливите, секоја епизода забавна.Квин Кери и Сол ајде. Овој на Кери пријателот што отиде кај оној водителот сигурно ќе ги најде снимките од синот на претседателката.
     
  5. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Не знам дали го гледавте live видеото на фб со актеров што го игра Џевади ама рече дека Дар не е главен во целиов заговор и има некој друг што ги влече конците. Мислам дека тоа ќе дојде како plot twist, ќе испадне некој неочекуван.
    Инаку Кери е многу себична, сепак немало зашто сите детали да и ги кажува на претседателкава па сеа Сол да го на*бе. Again.
    Очекував некако погадно да го за*бат Дар, вака одма ја сфати ситуацијата дека е откриен и успеа да се извади, сепак е шпиун, реално лошо изглуми Кин.
    И целава ситуација со Макс и овој водителов е поврзана ама дали со Дар, дали со некој трет баш ме интересира.
    И хајлајт во цела епизода
    CARRIE: Maybe you shouldn't have "F" a Russian mole.
    SAUL: Coming from someone who "F" a guy in a suicide vest, that means a lot!
    In your face Carrie!:D:rofl:
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    @Tiki-lolipop
    SAUL: Coming from someone who "F" a guy in a suicide vest, that means a lot!
    In your face Carrie!

    :rofl::rofl::rofl::rofl: тражили сте добили сте, и она во првите сезони не знаеше на кај тера :o
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Не знам како ќе спакуваат сега толку многу работи во една епизода.
    Имам чувство дека ќе останат многу неодговорени прашања и ќе треба да чекаме наредна сезона:(
    Епизодава беше одлична. Од заедничките моменти помеѓу Квин и Кери, аман мислев конечно ќе му признае дека го сака, и дека сите работи што ги прави за него се заради тоа, ама никако, се гледа дека и двајцата имаат чувста еден за друг, ама како со поглед да се разбираат.:D
    Баш се чудев, колкава е моќта на медиумите, колку може едно обично видео да ти смени се. Како лесно и тоа со едно лажно видео успеаа за кратко време да ја уништат претседателкава, а пустата уште ни мандатот официјално не и почнал. Не знам што ќе направи сега Дар со информацииве што ги дозна, очигледно е дека планираат атентат врз неа, и сакаат Квин да го наместат.
    И крајот, со бомбата стварно не го очекував. Дефинитивно 12 епизоди по сезона се малкууу.:(
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Многу интересна сезона а само уште една епизода остана.
    Очигледно е дека се спрема атентат врз претседателката, најверојатно е дека го местат Квин. А Дар, што ли е со него од кој е тој притиснат мора да чекаме разрешница, ако ја има. Во само една епизода дали ќе се открие се или ќе ја чекаме наредната сезона. Сол конечно се истакна малку, а со Кери како дежаву ми е она да и текне дека има бомба и истата да експлодира за две секунди. Квин легенда.
     
  9. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Многу сум револтирана од финалево, ама многу!:@
    Прво, како можеа да убијат лик како Питер Квин? Како?
    Он и беше една од причините зашто почнав да ја гледам серијава, толку комплексен лик сто пати подобар од Броди и хемијата што ја имаа со Кери, баш мислев заедно дека ќе завршат и ништо, го убија како животно. Дури не го покажаа ни меморијалот. Сериозно? До толку небитен лик ли беше во овие 4 сезони па да го убијат како ѓубре и да не му го покажат погребот барем? По се што претрпе минатата сезона, и труење со сарин, поубаво тогаш да умреше барем немаше да го гледаме сезонава како се мачи. Многу ме изиритира фактот што така го прескокнаа тој дел и Кери како и секогаш емоционално се затвара, дури очекував и поинаква реакција од неа.
    По се ова што прикажаа на крајот, со сите апсења, мислам Сол, што лошо направи освен што и помогна на претседателкава, зашто заслужи да биде уапсен воопшто? Мислам дека поубаво ќе беше да ја убијат и Квин да си останеше жив. Почна како Хилари, ама ќе тера како Трамп.. дали тоа сакаат да го покажат и наредна сезона, навистина не знам.
    Од цела епизода мило ми беше Макс само што преживеа и се надевам ќе го има и понатаму.
    Како почна сезонава, беше дефинитивно подобрување од претходната ама крајов ептен ме разочара. Не знам само со кој ликови ќе ме натераат да продолжам да ја гледам наредната сезона. |(
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Исто и јас се разочарав,
    Дури не ми се ни коментираше, ја сметав за една од најдобрите сезони и на крај утка. Другата сезона кој ќе гледаме Кери ли само како трча околу Белата куќа. За Квин сум лута многу, не остана атрактивна фаца во серијата веќе еее аман. Арно викаш Тики ни погребот не го прикажаа ни тоа дали плачеа овие дали им беше жал. Поади тоа и се надевав оти може ќе се појави Квин до крајот на епизодата како жив ама не. Како ја заштитија претседателката Кери и Квин нивниот живот го изложија за да преживее таа, и на крај ете им награда.
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    ;( Многу ми е жал, многу, одличен лик. Ама луѓе, немаа што да му прават, никогаш немаше целосно да оздраве, претешки беа последиците, што улога ќе имаше понатаму? Целиот дел со труењето не беше потребен, за да не дојде до ова, или барем побрзо да го спасеа.
    Покрај смртта на квин сепак ми се допадна финалето. Претседателкава волк во овча кожа, ќе испадне во право Дар, има нешто чудно во неа. На крај немаше позитивец, сите се служат со сè што имаат само за да си ги остварат своите цели. Јер политика е кучка. Кери убаво реши мирно да си седи.

    Туку, следна сезона Скандал ли ќе гледаме со претседателкава во белата куќа?:wasntme:
     
    На Giovanna и Elissa им се допаѓа ова.
  12. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Почна новата Сезона 7
    Ја изгледав првата епизода уште е продолжение со претседателката и тоа што се дешаваше во минатата сезона. Ќе видиме понатаму дали ќе има изненадувања. Инаку пораснала Френи. Очекувам поголема акција.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Ау сезонава добра. Одлична. Кери во елемeнт е. Ми се допаѓа што постојано нешто се отплеткува. Сол И кери пак заедно, секогаш им се вкрстуваат патиштата.
     
    На Elissa и happygirl им се допаѓа ова.
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Нешто слабо ме расположи сезонава до сега. Многу тапа ми е.
     
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Изгледа пред време ја потценив сезоната, значи 7 епизода ме остави без зборови ај ај Кериии, одамна немаше опалено некој. Мислам дека се на добра правец да ја откријат заверата пртив претседателката.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Русите пак актуелни.8-|
    Оној Сергеј колку ми е симпатичен само.:devil: Да не беше толкав негативец ќе навива за него.:D
    Кери скро забега, сигурно од небалансираните лекови. Ќе биде јако до крај.
     
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    епизода 10

    Кери е свесна дека нема време да се грижи за Френи и треба да е среќна што сестраи е толку посветена на девојчето. Стварно ама кај да фати работа изумреа луѓето за тоа и доживеа нервен слом. Баш ми е жал за Данте, многу ми беше симпатичен некако. Ајде нека го обелоденат случајот со Русите, едвај чекам.
     
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Каков крај, Кери ти си врв на задоволството.
    Одамна немало волку успешна сезона, Кери се надмина себеси се надевам во следната сезона ќе биде права и здрава. Претседателката спасена, а другото е нејзина одлука.Идемо даље за исте паре
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Кери пак го изеде стапот. Како и секогаш. Се даде себеси целосно за ништо за возврат. Туку, претседателкава даде оставка. Говорот за Трамп го пишувале. :D
    Пола земја слуша само лаги кога ќе ја отворам устата, рече Кин, токму таква е сега поделеноста во Америка. Ама оставкава само во филм може да ја видат, од Трамп никогаш.

    Осмата ќе е последна сезона. Да видиме како ќе ја завршат.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Последна сезона и уште две епизоди завршува. Дефинитивно Хомленд е мојата нај омилена серија.
    Кери и Сол во уште една мисија, заплеткани до гуша, да видеме дали ќе се извадат од калта.
     
    На ninja35 му/ѝ се допаѓа ова.