Девојки ми треба некој што знае дали може тоа татково име од документите да се тргне? Незнаев дали темава да ја поставам во Правни совети, па за секој случај се решив овде да биде. Значи, ми треба одговор дали е некако возможно тоа татково име да не ми се појавува во документите? Фала однапред.
Да Офи, јас се водам на мајка ми затоа што татко ми е невработен и неосигуран. Ама мајка ми ги смени уште кога бев малолетна. Сега и во книшката ми седи мајка ми, и кај и да треба да пишам родител ја пишувам мајка ми. Мислам дека постои начин. Би требало да се јавиш во мвр и ќе ти објаснат се.
Кај мене мајка ми е невработена... И незнам дали е можно да се изведе тоа сега кога имам 20 години тек да го менувам, а сакам да го сменам, несакам да ми седи во документите.
Епа тогаш не знам. Сепак мислам дека треба да се јавиш и ќе ти кажат. Или тука некој правник на помош нека се најде. Ако веќе толку сакаш сигурно постои некој начин. Иако мислам дека треба да имаш добра причина. Една другарка која нема татко и таа се води на мајка и. Мислам дека треба да имаш добра причина, а на некој мора да се водиш. Па по логика затоа што си полнолетна ваљда можеш сама да си се смениш под мајка ти да се водиш.
Оффи бидејќи татко ми е починат во некои документи стои на мајка ми името, но во повеќето е на татко ми, зошто сепак сме родени во брачна заедница. Доколку била вонбрачна тогаш само на мајката името би фигурирало.
А на пример ако се откажам од него? -Да отидам таму каде што треба, и да поништам дека ми е родител, т.е. да речам дека со тој човек несакам никаква врска и преку документи да го откажат. Ваљда тоа ќе биде решението. А инаку и тој се води како невработен.
Мислам дека може само на мајката името да стио. Па ако детето е вонбрачно и таткото не го признава мора да стои само на мајката. Најдобро прашај си во МВР таму каде што се вади извод на родените.
Мене во книшката ми стои името на мајка ми, на другите места е неговото име. И јас ја имам истата желба, мислев откако ќе бидам полнолетна - за 2 месеца - и легално да си ја остварам желбата.
Мислам дека тоа откажување во весник нема правно дејство, барем така ни има кажувано професорот по семејно и наследно.
Офи, бидејќи јас сум дете на разведени родители, откако моите се разведоа, јас автоматски секаде ја пишував мајка ми и никој до ден денес не ми направил проблем. Во индекс на факс си ја напишав мајка ми, кога треба некаде да пополнам било каков документ, и да стои татково име јас си ја пишувам мајка ми. До сега не сум имала проблем. п.с. можеш ли да објасниш на каков документ сакаш да ја ставиш мајка ти.
На мене татко ми е починат и секаде во документи е тој и така сакам и да остане. Друга колешка пак исто со починат татко ,сама почна да го пријавува името на мајка и...во индекс,лична карта ама мислам дека кажа оти никаде не пријавувала ништо,самоиницијативно си го сменила...кога дојде ред да ги даваат дипломите,и се јавиле во деканат дека мора татковото име да го каже - неможело на мајка и ......а башка секаде пишува-татково име,ова некое непишано правило е,би требале да го сменат во име ,име на еден од родителите и презиме....а не носам докуенти во амбасада и псомртница од татко ми и ми вика-е сеа шо да пишам кај татко,бар знаеш ли како се вика
Јас имав ученик кај кого на сите документи стоеше името на мајката (родителите се разведени), таткото никаде го немаше по документи. Значи, на пр. Презиме-Име на мајката-Име на детето. По тоа знам дека сигурно може да се направи да не фигурира татковото име, но правната постапка за тоа не ја знам.
На сите можни сакам таа да стои. Несакам него да го пишувам цел живот по документите, уште кога ќе ми речат татково име ме одвраќа. Ама моите не се разведени судски, само не живеат заедно. Пред некој ден пополнував некои документи и требаше татково име да ставам, кога ме прашаа татково име ќутев пошто несакам ни да го кажам, па мајка ми го кажа неговото име. Има врска што не се по судски пат разведени сеуште?
Офи, не се разбирам многу во правни работи, ама би требало да може. Човек може сопственото име и презиме да си го смени, па зошто да не и татковото. И онака во извод стојат и името на таткото и мајката. Прочепкав малку по закони, ги најдов Законот за лично име и Законот за матична евиденција, и колку што ги разбирам, предвидуваат промена на име на родител. Во секој случај, што и да правиш - треба да го направиш во МВР, па пробај да се јавиш таму, да ти кажат која е постапката. Или некој правник или адвокат. Еве линкови од законите кои ти ги спомнав: http://www.uvmk.gov.mk/files/zakoni/lic ... no_ime.pdf http://eudo-citizenship.eu/NationalDB/d ... th_mkd.pdf
Гррр и јас сакам името на мајка ми да стои на документите, на некои го пишувам, на некои по автоматизам пишувам татково име. Според мене треба да стои име на еден родител а не татково име ... Инаку мислам дека и да се бара татково име може да си пише име на мајката, не верувам дека некој би се осмелил да праша зашто е тоа така .. Сестра ми дипломираше, и во диплома и стои името на мајка ми, се зезнав јас во индекс што го ставив татко ми!
Пуфла, викаш дека нема да прават проблем ако го пишувам на мајка ми името без предходно да направам измени на пример во некои други документи? Јас од сега ќе си прашувам пред да пополнувам нешто дали може мајка ми да ја пишам. ако ме прашаат татково име ќе прашам дали има врска ако стои од мајка ми, ако може така - така ќе правам. Ако не, ќе одам и ќе средам тие работи кај што треба за да не го пишувам него.
хммм... Јас секаде го пишувам името на татко ми, иако почина. Ама за ова Оффи мислам дека ќе можеш да ја пишуваш мајка ти во документи што се помалку важни и се разбира, можеш и на документи за факултет, но ако е нешто од голема важност, ќе мораш да го пишиш неговото име.
^^Досега каде што сум го пишувала не ми правеле, но не биле документи од типот на лична карта, извод итн. Не знам правно како стојат работите, најдобро е да си прашаш
^Офи мислам дека нема да ти прават проблем. Еве јас и во документите на ќерка ми сегде си се пишувам јас. Во здравствената легитимација стојам јас. Др документ она нема зашто е малечка, а во пасошот не стојат имињата на родителите. Слободно пишувај си ја мајка ти. Поздрав