1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Татково име во документите

Дискусија во 'Дете' започната од Offspring, 20 април 2011.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Како сум се изнервирала од сабајле, полнам 18 за еден месец и не можев да извадам лична карта, морало и господинот да се потпише! :@ Кој к** фактор е тој во мојот живот, па да морам јас од него да чекам да ми се потпишува. Па и тие од таму ми викаат, одете во социјално, па ќе го викнат да дојде... аха аха, сигурно! На крај не завршив работа. :@

    Мислам дека треба да се прашува САМО и САМО старателот... Биг диал ако ми е татко, забеган еден... уффф :devil:

    За да биде ситуацијата полоша го сретнав и таму, ама не ме виде. Потоа и во библиотека, си зимаше книги и ми даде 10 евра за роденден и за матура. ТРЕБНИ МИ СЕ! :devil: :devil: :devil:
     
  2. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Зависи за каков документ станува збор.Другар ми пред некое време полагал за возачка дозвола и кога го прашале за татковото име он го кажал името на мајка си, дека несака татково име да стои и не му правеле никаков проблем.
     
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Мене многу ми падна тешко кога на училиште кај :sun: бараа да дадеме некои податоци за Е-дневник... јас почнав да пишувам... и жената што седеше до мене ми вика НЕ,НЕЕЕЕ таткото треба да го пополни :o

    молам?????

    ДАЛИ АКО НА ДОКУМЕНТИТЕ СТОИ ТАТКОВО ИМЕ АВТОМАТСКИ ЗНАЧИ ДЕКА ТОЈ Е СТАРАТЕЛ???

    А ШТО СУМ ЈАС ??? :?:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    работа што најмногу ја мразам е „ТАТКОВО“ име во документите, навистина па претеризам е !!! Ако ми е биолошки татко немора да значи дека ми е и сентиментален (или како да го наречам)... Името на личноста што најмногу ја мразам да стои на сите мои документи ?!?!?!?!? стварно ми е преку к** !!! Затоа си го сменав и презимето на мајками си го зедов. И мн ме нервира што ми праат проблем, секаде каде што се бара име од родител го ставам од мајками и сите НЕ,НЕ,НЕ татково треба :@:@:@
     
    На RedWine му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Непишано правило е кај нас во сите документи да стои татково име. Мајката како да не е родител. Некои татковци не заслужуваат да се напише нивното име. На некои документи пишува име на родителот/старателот и таму мислам дека може да се напише име на мајката. Ама некаде морално е името на таткото.

    Татко ми има татко кој никогаш не се интересирал за него, ниту за останатите деца. Ама татко ми секогаш го пишува неговото име. Еднаш му реков зошто не го сменил презимето. Ми вика - Не сакам да се малтретирам.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.