http://www.youtube.com/watch?v=bKSmMr0uOHk Ако барате екстра комедија, ова ви го препорачувам. Ако го имате гледано филмот, ајде да ги споделиме мислењата!
Ах ми текнува кога го гледав филмов. Тоа комедија, јас во пмс плачам замислувајќи го денот кога јас ќе го напуштам татко ми. Па после се соземав, па го замислував ваков бесен, ист како овој (едино малку подебел) и се смеев како зелена постојано, па го натерав татко ми заедно да го гледаме ... Еее колку напредно девојче сум била Забавен филм, добра глума. А уствари кога ќе подразмислам нема филм со овој глумец што не ми е на листата сакани филмови.
И овој филм го имам гледано повеќе пати (и двата дела ) и ептен ми е смешен т.е сите филмови со овој глумец ми се интересни
Го имам гледано и јас неколку пати. Абе постариве филмови се комедии страшни никогаш да не ти е доста со гледање.
Милион пати го имам гледано овој филм, и секогаш се смеам ко будала Интересен хумор, баш онака за релаксирање на мозокот
Не можам да прекинам да го гледам. Не ми е еден од омилените филмови, сум го гледала 5 пати до сега и упорно не менувам канал кога и да го фатам. Како и да е ме смее.
Прекрасна семејна комедија! Многу откачен филм, навистина! Незнам колку пати до сега сум го гледала но секој пат се смеам како да ми е прв пат! Сите филмови со Стив Мартин ми се на листата на најдобри комедии и ќе си останат таму додека сум жива.
Предобра комедија, се сложувам. А и не само оваа, туку и сите оние во кои Стив Мартин има улога. Типов има таква смешна фаца, абе и кога се лути е смешен. Конкретно за филмов... никогаш нема да си ја избришам од глава сликата кога ќерка му слегува по скалите во венчаница и патичиња. Priceless Спојлер Башка што и‘ ја обожавам венчаницава
Ах филмчево се пресмеав кога жена му и ќерка му беа трудни кои маки си ги имаше човеков со организаторот на свадбата од одамна го имам гледано, ама ми се меморирал во глава
Интересни се филмовите,ама во вториот тоа што мајката и ќерката беа во исто време ми e некако Да си роден истиот ден,месец и година со внучето од сестра ти
100 пати до сега сум го гледала и уште 100 пати да го гледам пак слатко ќе се смеам е чув дека има и втор дел (можеби е и од порано ама ја сега дознав,така да морам да го најдам и да го гледам)
Има поминато многу време од кога го имам гледано, ама паметам дека сум се смеела до солзи Планирам пак да си го гледам и го препорачувам, оценка 10/10