Ама кој не прашува нас? За се' може да се издејствува, ако има доволно заинтересирани, да поддржат иницијатива. Не си ја знаеме силата
Имав случај, ќерка ми скоро две години болна со температура висока и повраќање, ја задржаа на детско. Јас бремена со второто, со ризична бременост, со крварење, морав да мирувам, не смеев да ја кревам, а тука опколена со вируси плус дете малаксано истоштено испобоцкано со игли во главче... Лежевме неколку дена, бевме одделени во апартман, мм смееше само пола саат на посета, јас истоштена неспана стресена. Кола се онесвестив го викна мм и ми пратија лекари од интерно да ми даваат инфузии во апартманот, во тие два саати смееше да биде тука, но во истиои момент ни рекоа да си одиме дома со ќерка ми. Мм бараше тој да остане со неа, никако не дозволуваа, само со женско придружба смеело. Тој пуздер се стори со сите по ред. Оправдание зошто ме смеел му дадоа - ќе се бунеле другите мајки кои биле со деца таму, некои доеле, што ако им ја видел градата!?!? ( смајли шо се крсти ) Се караше, бунт крена, им викаше дали се нормални, со болно дете во болница по туѓи гради зар му дошло да гледа!!! Ги праша а што ако мајката е почината? - со баба тогаш. Ако и бабите се починати - имало тетки стрини.... Боже сачувај! Бараше документ да му покажат дека законски татко ме смее - немаа. На крај си отидовме дома со болно дете, уште и ни бараа да потпишеме согласност дека на свој ризик ја напуштаме болницата Мм ќе ги запалеше, ден денес кога одам на детско ми се клањаат сите, го запамтија Ама сепак, дете да треба ( недај Боже ) да лежи со него не смее. Мора да го смениме овој закон ( ако постои навистина ).
Да не излезам надвор од контекст...оф топик...Можеби и си ја знаеме, силата, ама не сме заинтересирани. Во хибернација сме, латентни по овие прашања, се додека не не снајде. Оти 100 стапа на туѓ грб се малку. Ама на свој, или на детето грбот и те како болат. Ама кога ќе те снајде тебе, тогаш, е малку касно. Велам касно оти во тој момент имаш друго гајле, здравјето на детето и гледаш се што можиш да направиш околу тоа.И ќе заврши (дај боже се арно) и више на таа прича нејќеме да се враќаме. А ништо не променето.
мене ме заинтересира и опцијата кога мајката е болна, да може бебето да е со неа. На пример, јас сум у болница со скршена нога, можам да дојам, ама не даваат бебе да спие со мене. И јас проблем со мастит, дете без доење и што напраивме? Ама тоа друга тема, ќе отворам посебна. Прашањво треба да се покрене и да се реши, оти нема финансиски импликации. Има ментални секако. Болката кога си го баравме со маж ми детето по ходници и ја најдовмеу собата за деца без родители, сама како плаче, без никој... не поминува. На 3 саати иде некој само за млеко со шприц и пелена да смени. 3 саати плачат сами. Јас морав да ризикувам живот за да не е сама.
Смешно и жално е ова.Па треба да се комбинира.Жената не ли треба да одмори малкуСигурно ни на таткото како и на мајката не им дошло да гледаат во туѓа града со болно дете(мислам за тие што дајат)Секој си го гледа само детето и побрзу да си отиде од таму. Многу е трагично се бориме за доење во јавност , а ако има маж во болница ќе ни ја видел градата Мислам дека ова е направено за мајки од друга религија бидејќи верата им налага така.Не можат во болница да ги дискриминират и да ги покажат со прст па затоа е така законот е донесен.Па затоа мислам нема ни да го сменат.
Епа нека бидат у посебна соба! Има мајки кои не дојат. На 2 години не се дои вообичаено. Таа мајка нека биде во иста соба со дете кое е во придружба на татко. Нема цицки никаде. Проблем се албанките, ама сеа ќе ме нападнат дека ги дискриминирам.
На инфективно лежеше татко со ќерка... никому ништо. Родител си е родител. .. Жена му дома си 2 месечно бебе кое и оно префатило па баш кога си одев и него го донесоа..
не знам дали беше тоа зашто беа албанци или е дозволено ама пример и за посета не правеа фрка. маж ми доаѓаше секогаш кога можеше. еднаш и во 23 ч. дојде. кажа долу дека ми носи работи и никаков проблем немаше. Но фала богу можам да кажам дека не се злоупотребува тоа да речеш цело време да виси некој по соби. А и дека мајка со дете сама лежи не со други..порастеретено е. Исто така имаше и од ромска националност маж и жена со две близначиња лежеа. Немаа никаков проблем. И едни наши исто со близначиња и двајцата лежеа.
Да сакаат се ке се среди, не е една собапо болниците но нашево здравство е хаос. Мое мислење е дека е само некој беден изговор гледањето туѓи гради. Никој не е толку будала да гледа како некоја дои кога е таму за своето болно дете. Ова наше здравство во нашава чудесна Македонија никогаш нема да се опраи. Чудно ги гледав во болница сега брзо машка соба до женска сите кој спавача кој пижама како може, а ова не може. Што треба да се наразлични спратови за да не се гледаат? Тешко нас со вакви размислувања. Цицки ке гледале
Можеби мажите како мажи имаат повеќе права од жените, општо во многу сфери... ама како татковци, законски се многу подолу од мајките, и тоа е факт. Самиот факт што мајката автоматски ги добива децата после развод, го докажува тоа. Јас сум за еднакви права меѓу мажите и жените, но и меѓу мајките и татковците. Познавајќи го мојот сопруг, сигурна сум дека многу би се навредил доколку, бабите или тетките, стрините, се ставени пред него, во ваков случај, и би направил скандал. Интересен факт е што таткото одговара за децата, дури може и во затвор да лежи место нив додека се малолетни... ама кога треба на детско да лежи со своето дете, е тогаш стринава поарно да оди. Бог да чува!!!!
На инфективно може. Кога лежевме ние имаше татковци, ама таму има соби со еден кревет и таму беа сместени. Срамота е! Се сеќавам на дискусијата од претходно и како на некои мајки им сметаа татковците оти кога они ќе си ги доеле децата ќе ги гледале. Чунки во тие моменти на таткото му дошло до туѓи цицки да гледа! Простотилук
Проблемот е пред се во условите во нашите болници. На детско има 5 собуљчиња со по 4 кревети. Јас лржам со дете со бронхит и делам соба со дете со вирус со повраќање и пролив. И си се пренесуваме со вируси Плус тоалет заеднички за цела болница. А апартманот е троа поголема соба исто со 4 кревети и еден тоалет и телевизор од дедо Ное со виљушка шо фаќа прва, а кошта колку ноќевање во Метропол. Да има услови нормални би имало посебни соби со кревет за придружба од родителот, макар и фотеља на пуштање па не би било битно дали е мама или тато.
Значи самотелепортирање на 2 месеци.. Ви ги прочитав сите мислења,и се согласувам со вас и немам коментар освен јака ви душа..Дно дна сме. Му дошло на некој татко да ги буља жените во гради па нели има можност да се стави како престилка врз градите додека дојат?За се може да се најде решение ако се сака, ама АКО се сака.. @Cka
Не верувам дека на кој било маж му е интересно да гледа испозагрижана мајка, бушава и усмрдена од стрес и доење, повратена од бебе и измачена како вади цицка. Па треба да се утепа од плачење за неа не да ја гледа како секс објект. А и уште по малку верувам дека на која било мајка у ваков момент и е битно дали некој ја гледа.
Јас мислам дека не треба да попуштате ни вие ни мажот.Едноставно и да кажат да искочи нема да искочи нека дојде обезбедување па после комотно некој може да им стегне пријава. Толку родилки починаа во последниве години, пијани одат на работа средношколци вработуваат нив им дошло до мажите?Ако е за така не треба да има мажи гинеколози и акушери сепак нели половиот орган ни го гледаат Даалеку сме ние од Европа ако сме на континентов.. Мене по дифолт секогаш мама ме носела на лекар, бар последниве години уназад.Во Идадија кога ми беше матичната (Бог да ја прости жената беше експерт во педагогија) татко ми секогаш доаѓаше со нас независно дали ќе влезеше во ординацијата или во чекалната ќе седеше. Се погоди пред неколку години мајка ми да го скрши стапалото во гипс беше, а зима беше надвор.Да требаше да одам на лекар(јас уште основно бев сепак не бев толку снаодлива сега можам и сама) да го вратеа татко ми мислам дека ќе избиеше војна.. Убаво пишала некоја членка погоре ем се бориме да сме рамноправни со мажите ем ова се дешава? Ако е за така треба да забранат надвор во јавност да се дои бебе пошто кај ќе испразнат цел плоштад со машки?? Ноу комент не се предавајте женски. Дај Боже јас кога ќе стигнам до пораѓање одење по лекари со бебе да го врати маж ми некој ќе ги тужам сите од хигиеничар до директор па да се оправат малце.Дур не ги избрука некој јако нашиве wanna be болници чаре нема.
катастрофа е законов, мора некако тој да се смени, друго е да нема услови а друго е црно на бело да е пишано.. во Германија во друга крајност се затерани работите не битно, ама во формулари а сигурно и закони нема мајка/татко туку родител 1 и родител 2