Мене ми е ова стварно глупо. Па,таткото и мајката му се најблиски на детето.Ако мајката не е во можност,логично е таткото да лежи со детето во болница.Ајде,ако родителите не се во можност,тогаш би би било во ред некој друг од семејството да лежи со детето. Та правилник,та закон....Глуп и дискриминаторски е. Ама и смотано Македонче дома кука,а надвор не излегува да се буни. Треба еден куп мажи и жени да се соберат на протест и да се бара да се измени тој правилник и да се бара или поднесе иницијатива да се донесе закон со кој ќе се забранат вакви глупости од пред некој век.
Во законот за права и заштита на пациенти стои дека еден родител може да биде придружник на болно дете....во пракса знаеме дека најдобро, најприкладно е тоа да биде мајката на детето. Значи никаде не пишува дека е забрането за придружник да биде таткото, но поради техничките можности што ги имаат болниците, не е возможно просторно да се обезбедат услови... мислам дека ниту една доилка не би сакала во соба да има маж кој го чува своето бебе..сигурно би се чувствувала неугодно..а замислете кога треба да се прават премивки и преглед на визитите...
Ако родителите ги сакаат нивните деца и се грижат и се загрижени за нивното здравје,нема да гледаат во родител на друго дете,туку само нивното/нивните дете/деца. Поентата е дека правилникот е дискриминаторски и некој мора да мрдне и да го смени,ама треба народот да се накани и да го натера тој некој да го смени.
Добро де ќе искочи на кратко таткото.Мислиш дека во такви ситуации (болно бебе, новороденче) ќе им дојде на нив да ги зјапаат како дојат и остало?Верувај ми не.Тоа може само копито да го направи. Пишав погоре зашто тогаш има мажи акушери или гинеколози?Чим е срамота да не гледаат како доиме тогаш е срамота и да не пораѓаат.На крај краева ќе се вратиме во Турско па дома со бабици ќе се пораѓаме да не не гледаат мажите Еве во странска земја живеат НЕМААТ РОДНИНИ само мајката таткото и две деца.Мајката не може пример на работа е таткото е невработен и детето е болно.Дома да го остават? Јас искрено кога ќе се породам нема да гледам кој ме гледа како ме гледа ќе си го гледам детето нема да се развртувам и да се замарам со другите.
Само дадов мислење зошто мајката е придружник на дете во најголемиот број на случаеви, само немањето на посебни соби..
Ако некоја може да се оддели во посебна соба океј.Не сум била на гинекологија за да знам каков е распоредот на соби ама од мислења што читам од форумки гледам дека има повеќе родилки во една просторија
Како доилка да ти одговорам. Не ми чуе кој ме гледа дур бебе цица. Сред кафиќ дојам и не сум приметила да некој е заинтересиран за моите гради. Во болница уште помалку би се интересирал некој.
За тебе можеби е во ред таа ситуација, но има жени(нарочито муслиманките) кои не би сакале да има присуство на маж во иста просторија...и јас не би сакала искрено...болницата нека обезбеди посебна соба или апартман да му се даде..
Затоа во светот постојат паравани меѓу креветите . Не маж, ни жена не сакам да ме гледа промивки ако ми прават, или ако ми ја гледаат минџата дали добро ми зараснала на визита.
Точно. У англија имаше 4 у соба и сите 4 беа со завеси околе наоколе и кога сакаш отвораш/затвораш внатре беше мал простор имаше кревет маса и стол.. Не беше баш пријатно чуството да се седи во како кутија налик ама па е далеку интимно и кога сакаш отвораш кога сакаш затвораш пердиња кои впрочем беа тешки и дебели и ништо не се гледаше. Доаѓаа сите од маж до роднини и си се затвораа/отвораа..
Е па не може бе нивното да биде пред другите. Ко нив што им смета, мене не мо смета. Сериозно мислите дека ќе ве гледаат во градите?! Во јавност не доите? Има и марами за доење, па нек се покрие.
Зошто упорно сте се фатиле за доењето како причина? Одговорно тврдам дека не е. Кога бев со малата дури и сестрите ми се чудеа дека бебето од само месец дена цица. Од толку бебиња таму само јас доев и бев сама во соба. Сестрите беа толку фини со нас што до крај избегнуваа да ни сместат некој во соба. Дури последниот ден примија мајка со бебе од 2-3 недели и тоа ме прашаа дали ќе ми смета. На детска клиника се 2 кревета во соба. Ве це едно на две соби плус едно за цел спрат. Значи изводливо е. Има доволно приватност да се постигне тоа. Еве во план е да се прави нов клиничи. Значи може да се направи целосно прилагодливо да ја нема таа дискриминација на родителите. Само треба некој да сака.
Скраја да е дека некој наоѓа причини мислам. Јас споделив за пердињата ама не оправдувам и не сметам дека татко не смее да иде на клиника оти некој доел. Тоа не е причина а зошто е причина на вработени не знам мислам дека е повеќе измислица и извињење отколку причина Не знам стварно зошто мора да е женско еве.. Не можам да разберам Ама стварно е дескриминација голема ова Јас на пример нккад не би викнала вујна тетка стрина наместо татко.. Не треба таркото да се споредува со никој друг сепак е онолку родител плус и законски колку што сум јас Па јас мислам дека псотојат татковци што подобро ги чуваат децата од некои мајки односно ги бива и сакаат едноставно Тоа е тоа Понижење до бесвест Ќе викам баба тетка стрина за свое дете боже сачувај.
Пример ситуација : самохран татко со мало дете од 3 години,вдовец и плус и сирак,нема никој друг од неговата фамилија,нема ни од кај жена му. Да речеме дека детето има стомачен вирус.Има болки и се плаши.Не сака да е само,а и не може толку мало само да биде оставено.Си го сака таткото и има потреба од него. Ама,поради глуп и дискриминаторски правилник,само да лежи ?! Врвен идиотизам ! Со седење дома ништо не се решава.Треба да се отпочне јака борба да се отстранат тие глупави старовремски правила.
Државата е таква односно народот сме многу покварени створења. И не скоро никој не сака да излага и да се бори за многу полоши работи и од ова а сите јаки зад тестатура Отров од народ сме.. И се додека сме такви се ова ќе ни се случува па и полошо.. За жал...
Искрено не знам какви се правилата во државна, јас ја менував еднаш братучетка ми со внук ми ама пола ден. Повеќе деца се во соба и претежно со мајки па претпоставувам дека не сакаат да има мажи во собата, можеби останатите се бунат и им прават проблем. Навистина ме интересира, ова им е како правило или само онака се практикува, што стварно со децата на пр.што немаат мајка?? Во систина на педијатрија секое дете е само во соба, мислам без друго дете како пациент и во придружба може да остане и татко без никаков проблем.
Ste bile vo apartman smesteni, znaci sami bez drugi pacienti. Pobogu zosto vo apartman ne go pustile da sedi,na kogo tamu bi smetal Zatoa se lecat po poveke od 10dena decava, da se izolirani procesot na lecenje ke bese mnogu pokratok ama za zal nema uslovi za vakvo nesto. Barem spored dijagnozi da mozea da gi dvojat. Abe uslovi moze da se stvorat ama zosto da se investira tamu kade sto e najpotrebno,ima drugi prioriteti drzavava premivki i pregledi se pravat posle poroduvanje, temata bese za tatko kako pridruzba na bolbo dete ne na taze porodena majka