Ова искрено прв пат го слушам тука и се чудам, па поготово и дека има правилник во врска со ова...оно јес да по дифолт скоро секогаш мајката лежи со детето во болница ама некогаш физички не е возможно да е мајката секогаш со него, а баби стрини тетки не се на лагер а па не го ни познаваат толку детето како родител. Ако е стварно причината дека ќе "гледале" татковциве ептен е дебилно а па здравствово ни процвета па до ова дојде, абе бог да чува...инаку не знам од кога е ова вака, ама памтам кога сестра ми лежеше во Козле се мењаа мајка ми и татко ми, и двајцата ја носеа ова пред 10+ години беше, и пред некоја година имаше она мал хируршки зафат татко ми беше со неа (ова во Државна), а па и општо скоро секогаш татко ми не носел по лекари дали на матичен, или у болница или на забар.
Зар и ваков закон има? Баш дискриминирачки за таткото. Доењето најголем проблем???? Кој би гледал во мајка што дои при болно дете? Лани зимата,малово примаше инфузии,за да го боцнат и дури течеше инфузијата јас го доев,не се ни покривав,влегуваа мажи со други болни деца,ама ич не ми беше гајле дали ме гледаат,ни па приметив некој да гледа.После сестрата кога ме виде рече додуша требаше да ве сместам во друга соба(дека се доевме). Ама кој мисли бре на тоа со болно дете. Има услови во болниците и кога би било така по мое мислам дека нема толку да си се пренесуваат болестите на децата.Значи за здрави деца за контроли еден влез и соба,за болни друг.Може да се изведе.Ете нека има и една соба за дечиња кои мора со таткото да се.Има ли подобра придружба од родител?Кој и да е.Запнале сите за бабите,а ги прашал некој како се осеќаат,стари луѓе во години,со притисоци и шеќери,да си го гледаат внучето кај што се мачи и кај што го боцкаат.За стрини и тетки,не ни помислувам,освен ете ако нема навистина некој поблизок.
Ако толку им смета некој да ги гледат како дојат нека одредат соби само за доенчиња и решен проблем. Не знам до кога цицаат децата, најверојатно до 1 година. Сигурно во болница има многу повеќе деца што бе цицаат отколку што не цицаат. Вака испаѓа да плаќаш здравствено за да не ти дадат да бидеш до сопственото дете кога е болно.