Karadağlar наскоро на Канал 5. Karadağlar е приказна базирана на новелата Браќата Карамазов од Фиодор Достојевски. Во главните улоги се Караман од зет дома зет,Џемил од Ифет и Махир од Завет.
Серијава е супер..А овај Селахатин ми е навистина многу згоден исто и оваа танчерката не ми текнува на името Вака ми изгледа дека можеби ќе се вљубат,а за Караман каква улога и да има незаменлив ми е
"Татко и синови" е турска серија, адаптација на рускиот класик "Браќа Карамазови". Дејството се одвива во триесетите години на минатиот век. Содржина: Приказната се врти околу семејството Карадагови, семејство кое е обвиткано со љубов, омраза, предавства, интриги и во кое злото никогаш не завршува. Семејството Карадаг живее во селото Пајдар каде што се големи класните разлики меѓу богатите земјосопственици и сиромашните жители. Халит Карадаг е главата на семејството, строг и злобен старец чија главна преокупација се парите и жените. Тој бил женет два пати и има три сина, Ѓулали од првиот брак и Кадир и Селахатин од вториот. Стариот Халит никогаш не се интересирал за синовите, па дури по смртта на своите жени, тој ги испратил нив далеку кај роднини и пријатели кои ги чувале. Најстариот син Ѓулали е груб, пијаница и коцкар, кој е вљубен во учителката во селото и кој е во кавга со татко му околу мајчиното наследство. Средниот син Кадир е наивен, добар и религиозен, ценет и сакан од сите во селото. Тој ја сака Зухал, која е со него само поради моќта која ја има татко му во селото. Најмладиот син Селахатин е млад адвокат кој по многу години се враќа во селото. Вистинските проблеми во селото започнуваат кога се појавува Ѓулхајат, млада и убава девојка која доаѓа за да се одмазди за смртта на својот татко. А виновник за таа смрт е Халит Карадаг.
Ako e според романот браќата Карамазови и Џемал му е син (во Карамазови е Смeрдљаков) Според книгата лудата жена што шетала низ градчето,Лисавета Смердјашичка (се мислело на Лисавета смрдлата) во една прилика влегла во бањата на Фјодор Карамазов (таткото) и така останала бремена и потоа го родила Смердјаков (смрдле) и умрела на пораѓај.Малиот е благо ретардиран и израснат во неговата куќа а го исчувале слугите на Фјодор Карамазов.Инаку готвел и служел во куќата но потајно им бил завидлив на браќата бидеќи сметал дека и тој е син на Фјодор иако тој никогаш не го признал за син.
Оргиналниот наслов на серијата е “Karadağlar“ според нивното презиме Карадаг, но во множина и по наше “Крадагларови“. Значи нешто слично како “Браќата Карамазови“, овие се “Карадагларови“. Инаку во буквален превод значи “Црна гора“ и ако ви е познато планината Црна гора кај нас во продолжение кога иде накај Кумановскиот регион ја викаат “Карадаг“ и селата таму ги викаат Карадчките села - Матејче, Липково..итн....
Не верувам, ама добро би било. Инаку во оригинал, како што прочитав, серијата има 40 епизоди, кај нас не знам колку би биле. Oно веројатно по завршувањето ќе ја репризираат на 5+ ама не е тоа тоа. Инаку, леле она невевчено од Кадир, ауу лошооо ауу... Ама и глумицата ја избрале, таква итра делува на фаца. Ама кој со Халит тикви сади...имам некое чувство дека гадно ќе се зафркне ... и таа и онаа танчаркана (која моќ на трансформација ја има актеркава, во една серија учителка на мали деца, а тука танчерка). Е за неа мислам дека многу ќе се изгори. Поправете ме ако грешам, а и Топрак и другите што ја имаат прочитано книгата Браќа Карамазови, не би било лошо во спојлер да уфрлите некој детал за идните случувања, затоа којзнае колку ќе се поделат епизодите.