Те сфаќам, и мене ми треба такво нешто и јас пропуштив некои работи поради терминот. Инаку репризно ја даваат по репризата од Притаени страсти во полноќен термин, не знам точно кога. Инаку нема. Само промо најавите ги најдов. Едит: побарав, во 23:58 репризно ја давале секој раб ден, а викенд се репризите oд цела недела.
Еве нешто од зад камера..Инаку оваа главната глумица ми е навистина преубава...Есма и Назли во приватен живот се жена и ќерка на Халит(Kараман)..
Па право да ти кажам, до сега освен мали сличности ,не е исто со книгата “Карамазови“. Например оној Џемал во книгата (Павел) е син на една луда жена, прљава, немиена и нечешлана ,шета низ градот. Еден ден таа се појавува во бањата на Халит (Фјодор) и така останува бремена....а во филмов испаѓа дека мајка му е од куќата на танчерките.Во книгата тој е готвач и е болен од епилепсија. Кадир( Алексеј) кој е побожен, во книгата пишува дека живее во манастирот како искушеник со намера да остане во манастирот.Бидеќи целата книга на Ф. Достоевски е борбата меѓу доброто и злото, многу голема улога игра Старецот Зосима, монах од Манастирот и преку него се вадат многу добри поуки. Овдека не гледам дека таква личност се појавува и прашање е дали ке се појави некој “паметен“ Оџа од џамијата.Старецот , Отец Зосима од искушеник во манастирот го врака назат во“светот“ да се соочи со реалноста во неговото семејство. И никаде нема дека тој е женет човек. Како што овај адвокат Салаетин инаку во филмот е Иван и многу лукав и злобен, во филмот е атеист, недружелубив човек кој не го интересираат човечките страдања и маки.Многу интелегентен, рационалист и многу егоистичен човек кој има најмногу кавги со најстариот брат Димирти (во филмов Ѓулуага), кој е верен со една девојка Катја ( во филмов учителката) а потајно е заљубен во слободната градска девојка Грушенка (танчерката). Катја (учителката) има симпатии и кон вереникот Димирти и кон неговит лукав брат Иван но на крајот од книгата таа бара духовно прочистубање од непријатните мисли кои и се вртат во глава. И Павел (Џемал) бил воодушевен од атеизмот и лукавоста на Иван. И таткото Фјодор (Халит) многу пати изјавува дека повеќе се плаши од Иван (Салаетин адвокатот) одошто од Димитри( Ѓулуага кој го бара наследството) Инаку Грушенка (танчерката) во младоста била со некој полски официр кој подоцна ја напуштил и за незе се грижел некој постар скржавец, но кога и здосадува го напушта и почнува слободен живот.Нема врска онаа приказна со татко и од серијата...во филмот таа како слободна девојка ги залажува и го измачува и Димитри и неговиот татко,но после дружењето со Аљоша (побожниот) се покајува и се врака кон вистинскиот пат. Значи серијава многу малку (според мене) има сличности со книгата.
Хахахаха оваа Зухал колку е збесната..Гледав нешто понапред танчерка ќе стане како Ѓулхајат Иначе Селахатин и Ѓулхајат во приватен живот се во врска. Навистина многу си одговараат....
Хахахахаха ете ја Зухалчето неможев да престанам да се смеам кога ја видов http://www.youtube.com/watch?v=o0QYuxikZj8
Дали спиеше со татко му Ѓулхајат? Денес ги гледав репризите и му рече на Али, не... Вистина е? Сега почнав да ја гледам
Ѓулхајат не спиеше со Халид Карадак, му ја кажа вистината на Али!!! Таа сакаше со заведување на Халид да му се освети за сите злодела што тој ги има направено на нејзиното семејство!!!
Сакаше да му се освети ама ништо не ја бива не си може со Халид...Според мене Гулхајат е права ороспија навистина,сака да седи на две столици и со таткото и со синот Во наредните епизоди гледав пак ќе биде со стариот а овој Ѓулали ќе збесни....Штета што ја нема со превод серијава на интернет Најпаметен човек во цела серија е Сеид
^ Се согласувам со тебе во вρсκа со Ѓулхајат да саκаше до сега многу пати ќе се осветеше, а и Маρиκа многу и се меша "што ќе пρавиме, што ќе пρавиме" цело вρеме индиρеκтно ја виκа да се вρати да го остави Али, си гледа бизнисот да си го спаси. Единствено ми е жал за Ѓулали ни κρив ни должен најмногу пати. И ме неρвиρа тоа што сите му се плашат на Халид κо κојзнае што да е а устваρи најголем плашливец е знае само да подκупува и уценува нема хρабρост сам ништо да напρави да не му е Нафиз ништо нема да напρави. Па и тој Нафиз и еκипата негова за жалење се
Ве молам ако некој знае која е песната која течеше во моментот кога го бесеја ѓул али линк или име или билошто нека ми напишит многу мисе допадна
Не ја гледам серијава, моите имаа пуштено тв, ама дечкото што ќе го бесеа не да беше ХОТ!!! А да, и песната што одеше кога ко бесеа и мене ме интересира која е, многу беше тажна и убава...
Еве ја песната и мене многу ми се допадна Иначе се ближи крајот на серијата.. http://www.youtube.com/watch?v=8KCEt6e72m4