Karadağlar.... ова Карадагови е во превод а кој ден точно завршува другата недела мене никој не ми одговори??
јас мислам или вторник или среда ама незнам баш кога точно зошто можеби ке ни текне да ги развлечат последниве две епизоди
Спојлер Халид ке го носи Џемал врзан во шумата да го утепува оти знае кој е виновникот,ама полицијата исто дознава и е во потера да ги најде. Дознава и Али и трча да го спаси Џемал, а по него и Ѓулхајат....Али ке го најде побрзо од полицијата и тогаш Халид је сака да пука во Али ама Ѓулхајат ке се испречи пред Али за да го спаси и Халид ја утепува Ѓулхајат. Мислам на крај Али ке го утепа Халид....
хахахаха ме пукнаа овие денес ..... покажи малку милост, сочувствителност кон брат ти хаха.... овој па ќе ги испружиш копитата му рече не ми се веруе Оние Канал 5 во најавата фактички серијата до крај ја раскажаа, многу убава сцена со смртта на Ѓулхајат, ама некако..... јас претходно си мислев Халид во напад на бес ќе ја убие, не замислував вака .... Спојлер и како ќе му остане се на Џемал? Халид ги отпиша оние двајца од наследство, како оди тоа, не им следува по мајка на нив?? (Кадир и онака си замина, ама тој и да останеше ништо не земаше) Уствари не ми кажувајте, сакам до крај неизвесност да ме држи околу наследството, најинтересниот дел Ама се си мислам дека Џемал и се да добие ќе го раздаде
Многу добра последната епизода, ми се допадна неизвесно до крај, за разлика од другите турски што се тешка глупост без поента 99 посто а со години се снимаат, овде имаше некоја поука, Халид се покаја за се....и Ѓулали се откажа од парите за да го спаси братот, се освести некако, Селахатин, остани џубре до краја ама во затвор, најс, епизодава ја чекав само да видам како ќе се заебе, за инает пошто уште многу паметен се мислеше откако за една вечер на коцка списка и куќа со пари и ниви, место фала да му каже на Халид што коцкарот беше негов човек и имотот не заврши кај којзнае кого.... Џемал ме насмеа, убаво вистината ја кажува дека тој е убиецот, никој не му верува. Туку овие Халид и Ѓулхајат како сродни души испаднаа, умреа за кратко време и двајцата, ко да ќе се сретнат во друг живот И така, сега кога заврши некако празно се чувствувам, не знам
Hahahah imas pravo na krajot Gulhayat i Halid pak zaedno....ee prazno ke bide bez serijava ke mi nedostiga halid aga eeeh od krajot sfativ sto moze da napravi edna tancerka... uspea da gi iskara tatkoto i sinovite
Jас па на крајот сфатив дека татко си е татко каков и да е .... и после се жал им падна на двајцата кога им умре пред очи, а и тој на умирање на нив мислеше, и уште на Кадир се сети и им рече да го побараат за да не биде сам ... од родител поблизок човек нема А не беа нивните проблеми во фамилија ради танчарката, Халид со Ѓулали беа закрвени уште пред таа да се појави.... нема врска Ѓулхајат што Халид бил лош татко и ги оставил сами на себе како мали да си набиваат комплекси понатаму и да го замразат.... Халид уан енд онли, толку човекот полн енергија, никој ништо не му може цела серија, пак ќе успееше од секој проблем да се извлече....цело време засмејуваше, а на крај за малку и солзи ќе пуштев, кога ја застрела Ѓулхајат и кога него го застрелаа..... сакам уште, ама нема серијава имаше од се по нешто.... поука, хумор, брзи заплети и расплети, друга ваква тешко, ќе фали
Епа нормално дека тешко ќе има уште една ваква, кога сценариото е работено според можеби најубавиот роман „Браќа Карамазови“ од Фјодор Михајловиќ Достоевски.
Се сложувам со тебе... Оваа серија,Болни лаги и Пет сестри ми се во редот на најдобрите а не глупостите како на пример Фатмаѓул две години по судови се влечка... А што се случи со Есма не видов? Како се докажа дека е невина?
Прекресна серија, и мене ќе ми недостасува! Само не ја видов последната сцена во судницата - кој и како беше осуден???
Ѓулали за таткоубиство и Селахатин за поттикнување на таткоубиство, и двајцата по 36 години затвор.... требаше смртна казна, судијата преиначи во затворска Не ја покажаа Есма ама се подразбира дека треба да излезе..... сите знаат зошто бегаше Халид..... е тука згрешија,требаше уште некоја сцена да пуштат, како Есма е на слобода како Џемал наследува се и што прават овие двајца во затвор, како им оди и малку повеќе според книгата да ги завршеа....... добро, и вака без да ги покажат тие работи не беше лошо....за таа фатмаѓул не знам ама овде судењата беа по три минути па види разлика сега
Јас за чудо(шо не практикувам по серии)ќе заплачев...ама за малце,сепак се воздржав...не знам шо ми текна...Серијата е прекрасна,преинтересна ми беше,ја гледав од првата епизода уште Ќе ми фали Караман,т.е.Халит сигурно! Колку ми беше жал за Џемал-толку невин човек си ги извалка рацете со татковата крв...а пак Ѓул Али многу добро на крајот го изигра Селахатин -За прв пат ќе послушам татков збор...нема да го оставам Селахатин да го продолжува неговиот род,да го наследи неговиот имот... така сега бувот нека си ги пружи нозете како Толе паша на затворските клупи Гледав само 3 серии(оваа,Величествениот и Владетелката-ХРТ1)и сега само 2 си гледам
Не сакам да рекламирам и ако сакате репортнете ме сакав да ви кажам дека има македонска страна(нова) со турски серии (новите ( сегашни) и по стари серии) (фатмаѓул татко и синови , ифет , притаени , болни лаги, имитација ) синхронизирани на македонски и други целосни . Исто така има и филмови и серии од други шпански американски и други) страната е http://www.soprevod.com за тие што не ја знаат! ако сакате да гледате за да не барате со српски или бугарски превод