Здраво. Не знам дали малолетни смеат да пишуваат, но мене ми треба совет да ги решам проблемите, јас не сум сакано дете во нормална фамилија. Моите родители никогаш не дозволуваат да ми недостасува ништо материјално, ми купуваат работи какви другите деца на училиште немаат или молат со месеци да им се купат, но јас се чувствувам запоставено во тоа чудно семејство. Мајка ми е толку убава и изгледа младо, мене понекогаш ми е криво што нема да можам да бидам како неа, но се помирив, сакам да ги ценам вистинските вредности а не убавината. Целото ненормално и за срамота овде е што татко ми е постар од мајка ми да ви кажам околу дваесет години. повеќе се од дваесет. Ниту тој не изгледа за годините, порано бил многу убав, ама старее и не може да крие колку и да пие чајови, да се храни здраво и да вежба и што сака да прави. Мислам дека татко ми е опседнат со мајка ми до таму што нас не не забележува. Ние како да сме кукли, ќе дојде дома, ќе не потапша по глава и трчи кај мајка ми. Тоа може кај брат ми да му помине ама јас не сум мала и не сум ретардирана за да ме тапка по глава и да ми купува чоколади и толку. Не памтам дека некогаш ми се јавил на мобилен, да дојде на родителска, да ме праша за оценките, тој и се јавува само на мајка ми. Секој родител сака да се чуе со децата само татко ми со жена му. Јас не смеам да имам проблем и да бидам нерасположена. веднаш ќе ми рече "не ја нервирај мајка ти". За него само тоа е важно да не се нервира мајка ми. Знам дека не ме сака затоа што тој не ги сака децата од првиот брак и не се гледа со нив одамна. Да татко ми е еднаш разведен и има два синови што се на возраст речиси како мајка ми и има прекинато контакт со нив. Ако ги видам на улица нeма да ги познаам, не ги имам видено од мала и многу ми е чудно. го знам за нив само она што тетка ми ми го кажа. Нели е ова проблем ве молам кажете? Некој може да си рече дека сум разгалена дека немам друга работа и сакам да ги нервирам дома ама немате појма дека е обратно. Викендот ја однесе мајка ми на одмор и нас не оставија овде. Добро што таа се јавува, инаку ќе мислев дека не забораливе. Не знам зошто татко ми ги мачел жените да раѓаат кога не не сака. Не можам да ги поднесам повеке, размислувам да си заминам од дома. Сакам да ги освестам дека децата се најважни од се но како?
Neznam na koja vozrast si no sakam da ti kazam deka postojat osobi koj se ladni koj neznaat kako so ostanatiot svet. Toj e ednas razveden a sega moze bi saka da go zadrzi vnimanieto samo kak majka to za da ne go otrgne od sebe. Staree a taa 20 God. Pomlada.zamisli ok malku neprijatno no sto ako seksualnk so god. Nemoze da ja zadovoli ke si najde nekoj pomlad. Moze tatko ti go ima toj strav. Vie ke porasnete so ljubovta od majka ti. Donekade ok ne ste na ulica. Zamisli ke fatis decko i nema da se pribiras po cel den togas ete nema da gi primetuvas tie sitnici. Ke se ozenis i ke imas semejstvo moze i ke nemas vreme za tvoite. Togas sto.....? Ostavi gi nekogas na covek mu treba da uziva so partnerot se razbira ako toa ostavanje ne e cesto i se razbira ako ne ste preterano mali. Jas sum mazena a ziveev samo so tatko mi. Fala mu za se no ete toj e laden ne mi se javuva ne sme se gusnale. No go svakam ete jas mu se javuvam jas go baram i nisto strasno. So tek ma vreme ke svatis mnogu raboti. Tuka sme da ti pomogneme
По тоа што го кажа за неговите деца од претходниот брак и како сп вас се однесува, можам да претпоставам декс тој не знае да чувствува љубов ни кон мајка ти и само е заслепен од привлечноста кон неа и е опседнат со тоа. Тоа го сфаќам како ете имал претходно женс и љубовта ја покажува исполнувајќи и ги сите желби меѓу кои да и подари деца, па така кога тоае насочено кон мајка ти меѓу другите задоволувања сигурно биле да и подари деца. Каков е вашиот однос со мајка ви? Доколку можеш седни и разговарај за ова со неа, кажи и како се чувствуваш, па таа нека поразговара со него, седнете сите како семејство и разговарајте...
Ехеее, ако е за тоа, колку татковци ги имаат пораснато своите деца по принцип прашај ја/ оди кај мајка ти. па ете ги живи, здрави и не осеќаат дека татко им помалку ги сака. Другите тргнаа директно по твојата приказна, ама малку да разгледаме и други аспекти. Ти тоа што го велиш ќе ве погали по глава и ќе ви даде чоколадо и толку, не значи дека не ве сака. Има мажи коишто се позатворени и не покажуваат емоции туку така и сигурно не како мајките. Ако мислиш дека ти е тешко, помисли на твоите полубраќа, помисли што сè тие би дале за таткото пак да ја сака нивната мајка. Нема поголем подарок за едно дете од родители коишто го сакаат детето и се сакаат меѓусебно. А, за жал, многу мажи функционираат по принципот бивша жена = бившо дете и затоа и се трудат од петни жили во наредниот брак да не дојде до развод и тој труд не секогаш резултира со постапки коишто нам од страна нѝ изгледаат разумно. А, тоа што мајка ти е убава, треба да ти претставува само поттик. Поттик да го негуваш и подобруваш она што природата ти го дала. Ако си тинејџерка, како што претпоставувам, верувај, најверојатно немаш ни поим каква ќе станеш во иднина. Сè уште телото, па и цртите на лицето ти се формираат. Не треба физичката убавина ни на памет да ти паѓа кога се дискутира темава. Претпоставувам тинејџерка си, сите ние сме поминале низ тоа и работите сме ги сфаќале предраматично. Ќе ти помине и ова и ќе видиш дека се премногу едноставни нештата коишто си ги сметала за ужасно комплицирани. П.С. Ни татко ми никогаш не отишол на родителска, па ниту во еден момент не сум го сфатила тоа како негрижа. Битно си ги добивал информациите што и како преку мајка ми. Еве и по другаркиве со поголеми деца шо глеам, татковците обично идат на родителска само мајката кога е спречена. Изглеа нѝ останало тоа од дамнина дека децата се поголема одговорност на жената и некаде потсвесно и ден денес се практикува.
Татко ти се вртка повеќе околу мајка ти затоа што е свесен дека земал млада иубава жена која е во цутот на младоста и допрва ќе има да живее а него му поминало времето. Со тек на време ни вијагри ни чуда нема да помагаат и е свесен за тоа дека нема да може да ја одржава мајка ти и се плаши да не ја изгуби. Не дека не ве сака ама ете тоа е причината. Сите мажи кои земаат помлади жени кои можат ќерки да им бидат така се однесуваат. А и знаеш како велат, прво дете и втора жена најмногу се сакаат.
Детски приказни. Желно за внимание пишува срцепарателен текст а ние тетките се трудиме да и објасниме. Искрено, мислам дека е трол во прашање.
А бе трол не трол има вакви приказни колку сакаш. Ништо чудно мајка и да му се упикала и растурила брак овој се свртел како замаен по неа и сега тоа е. Гледаш вика дека со синовите не контактира . Кој знае што е позадината. Он си има трофејче дома и мора да го гланца да свети да е убаво.
Зошто ти е криво што неможеш да бидеш како неа ? Нели имаш 15-16 години...нели е рано за вакви муабети ? Крај краева - како тоа на мајка ти си љубоморна. Колку години имаш што употребуваш фрази како ,,ценење на вистински вредности,, На твои години девојките се ,,шмекаат,, со дечковци, па и едвај чекаат да останат сами дома за да се прави журка...само ти плачеш што не те земале на викенд !!? Незнам што е срамно да е постар таткото од мајката... Нека се сакаат тие и нека си имаат убав живот, што е битна разликата во години и што е тоа срамно ?! Деца неможе да не се сакаат, тоа да е јасно, само секој човек на различен начин ја покажуа љубовта, а има и такви кои незнаат да ја покажат, но не значи дека не те сака тебе или синовите од претходниот брак.И не гледам проблем што ти не ги знаеш синовите од првиот брак...нели си се запрашала дали ТИЕ сакаат да знаат за тебе и брат ти ??...можеби се револтирани од заминувањето на татко ти па не сакат да знаат ни за него нит за тебе !! И да ти одговорам на прашањето-НЕ Е проблем тоа што го пишувап тука Како што и самата наведе на почетокот на твојот текст - премногу си задоволена со се, ти овозможуваат родителите се за што другите молат со месеци, па немаш друга работа. И...уште ова...не се мешај во светот на возрасните... Радувај се што се заедно. Овде на форумов има деца што плачат од разодите на родителите. Седи мирна дома и гледај си ја твојата работа и решавај си слатки проблеми кои доликуваат на твојата возраст, а вакви ,,проблеми,, кои ги не постојат , за нив не ни барај решение.
Престанете да ме навредувате, не тролам, не сум љубоморна на мајка ми и немојте да ја навредувате неа. Не плачам дека не ме земале на викенд, криво ми е што заминаа на одмор 10-15 дена, а јас и брат ми пак останавме сами. Јас не сум малоумна да не знам што значи ценење вистински вредности, не сум плитка кокошка како моите врснички да ме интересираат само мување и журки, поинаква сум, читам книги, цртам, дизајнирам, но и тука не го разбирате тоа... Не доаѓа во предвид да носам глупаци дома да кршат, да повраќаат додека не се моите тука, тоа ми фали, за татко ми да ме замрази? Напишав за убавината затоа што тие и двајцата се такви, се грижат да останат убави. Мајка ми ми купува шминки што не ги користам а татко ми некој ден ќе добие инфаркт од вежбање и од тие треви што ги пие. Сакам родители што ќе ми дадат внимание, не татко што се однесува како да сум предмет или како да имам 4 години кога ќе му се обратам. Мене татко ми не ме зема за сериозно. Се мислам дека ја забременил мајка ми два пати за да може да ја држи до себе. За полубраќата мене ми е повеќе жал од вас, тоа сигурно.
грејси сосема нормално е да не сакаш да се шминкаш. Ти си во години кога се уште се бараш себе си и некој свој стил. Не дозволувај начинот на живот на твоите да ти влијае на твојот живот. Остави ги што сакаат нека прават. Мајка ти е очигледно жена која си ја негува својата убавина а татко ти сака да и парира. Плус ако го дрма машки климакс и криза на средни години леле мајко. Остави ги не се потресувај многу уживај си во своите тинејџерски години. Ни јас не сум имала некои нежности од татко ми па еве ме ништо не ми фали. Остави ги. Гледај ти како женско да си имаш добар однос со мајка ти затоа што верувај ми таа ќе ти треба многу повеќе во животот од татко ти.
Jas mectaam za toj den koga moive deca kje bidat sposobni sami doma da ostanat, a nie so mm sami da odime na odmor! Namesto da se raduvas sto si imaat ubav brak, sto se grizat za sebesi, za tebe, ti baras problem bez problem. Razbiram vo godini si koga ti treba vnimanie ekstra, ama zosto ne se obides da im komuniciras svoite potrebi? Ako te razberat arno, ako ne, pak obidi se da gi gledas pozitivnite raboti vo tvojot zivot, a vdruvam gi ima mnogu. Ostavi gi luge da uzivaat malku. Pa godini trebaa da pominat ti i brat ti da porasnete, sigurno se grizeja za vas seto toa vreme. I za pocit e da i posle tolku godini tie se trudat exen so drug i si pomunuvaat vreme eden so drug. Mozebi ti mislis deka ne te zema za seriozno tatko ti. Mozebi navistina ne e svesen deka imas poinakvi potrebi sega, vo ovie godini, za nego si seuste negovata mala devojcica, ama toa nikako ne e za razmisluvanje da odes od doma. Naprotiv! Najdi nacin da iskomuniciras so niv, i dadi im vreme da go sfatat toa. Roditeli ti se, veruvam deka te sakaat, uzivaj, ova tvoevo ne e problem. Najdi vreme i mesto, prilika da razgovaras so niv. A da, teski se tinejdzerski godini, se da ti e pogodeno, pak kje najdes nesto da ti smeta. I ostavi gi ti tvoite polubrakja, ne se tie tvoj problem. Sakam da kazam nemas pravo ti da go osuduvas, presuduvas ili kritikuvas tatka si za nesto sto ne znaes. Mozes da go prasas, da izrazis zelba da gi zapoznaes ili slicno, ama posle tolku godini ti da go obvinuvas za nesto i da teras pravda ne ti lici. Ima koj treba za toa da se grizi.
Мене, искрено, не ме чуди ваков случај. Дури можам да кажам дека во своја близина имав еден сличен. Женава не е убава надворешно, ниту има некаков карактер, напротив, ама за вториот маж душа дава. Детето од првиот брак почна да го разбркува, да го игнорира и да го обвинува за се' и сешто откако го „ќари“ овој, кој, барем надворешно е како манекен за неа. Па тоа изливи на љубомора, па скандали ако некоја жена направи муабет со него или го погледне. Дури и второто дете кога им се роди често пати велеше дека за маж и' ако треба и од нивното заедничко дете ќе се откаже, иако повеќе се грижи за него и многу го сака. Така што - верувајте дека постојат вакви опседнати личности со своите партнери, на кои дури ни сопствените деца не им се важни. Само некои тоа гласно го кажуваат, а некои не. Туку @Грејси, ајде малку раскажи ни нешто за односот на мајка ти со тебе и твојот брат. Да можеме од сите аспекти да го разгледуваме случајов. Некако, цело време за татко ти зборуваш, а за односот на мајка ти - слабо, иако од контекст можеме да заклучиме дека малку повеќе се грижи за вас.
Ми се допагаат луге со добар њух кој не наседнуваат на ефтини приказни. Ти си една од оние кои освен за рамнотежа ја користат главата и за нешто друго. Инаку да одговорам на темата неврзано за конкретната приказна. Љубовта кон децата и љубовта кон партнерот се 2 различни работи. Исто како што јас различно и на сосема поинаков начин ги сакам сестра ми и партнерот, љубовта кон секој од нив е тотално различна. Она што го чувсрвувам за партнерот никогаш неможам да го чувствувам за сестеа ми и обратно.
Ти благодарам но да пишувам овде за моето семејство и да ме исмејуваат некои што не знаат да склопат проста реченица? Многу згрешив што се отворив тука.
Да, сите сме ние тука прости, саде ти си ... сложена. Ете каде лежи зајакот - преценување, тоа е твојот проблем. Па и прости сме. Трошиме време за добронамерни совети на измислен проблем за да нè вреѓаат после. A сега дада Реин ако може да стаи едно кључе на темава пошо од семејни дешаванки се измеша и математика, па кој е прост, кој сложен...
Не реков дека сите се прости. Гледате и сами како ме навредуваат почнувајќи од трол па до евтино. Ако е тоа начин на комуникација, подобро за мене да напуштам. Нема потреба да се мачите да пишувате.
Е гледаш ли што правиш? Твоите постапки и зборови ги занемаруваш, твојот пристап уште во второто мислење каков беше, па до навредава сега го занемари, како да не постои, а ги преувеличуваш туѓите зборови и им даваш недобронамерна нота, а сигурно некој рано сабајле нема да пишува километарски постови ако нема добра намера. Можеби се претера со претпоставките, но кога се дискутира на форум, такви претпоставки има многу. Врз база на истите и секој си дава совет според свој памет. Некои ќе помислат и дека си трол. Од каде да знаат. Барем летните распусти се интересни на форумов, ако ти такви работи не правиш, кантана е полна со бисери од други. Не те знаат, не се виновни за тоа. Еве ти најдобронамерен совет, прво фокусирај се на себе, своите постапки, своите зборови. Кога ќе ја надминеш фазата дека сите други се виновни, а ти со ништо не си придонела, веќе си на добар пат. Не за друго, ќе видиш колку помалку работи ќе допираат до тебе, а сега те мачат. Сврти се кон ситуации и луѓе коишто се со позитивна енергија и добри намери. За оние другите, џабе им се секираш, нема да престанат да постојат ако се нервираш.
Душо,подобро ли е татко ти и мајка ти да се караат,да не се сакаат,да се тепаат?Радувај се што ја имаш таа среќа да не гледаш тепачки,кавги.Тоа е најубавото нешто мажот да си ја сака жената.Но,никако немој да помислеш дека во неговото срце нема место за тебе или брат ти,туку само за мајка ти,бидејќи сите луѓе имат различен карактер,некои се галуваат со своите деца,некои се поладни кон своите деца.