1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тато не сум повеќе дете. Сфати ме...

Дискусија во 'Дете' започната од teddygirl, 21 април 2011.

  1. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Сигурна сум дека не сум единствената на форумот која што е татина галеница, и која што од своите родители неможе да се осамостои. Имам 21 година но чувствувам за што и да сакам да направам дека татко ми се однесува како да имам 11 год. за се сум мала. Студирам и сега за сега ми одат супер студиите, но сакам да почнам да работам а тоа за татко ми не е прифатливо. Не дека немам доволно материјални средства, задоволена сум со пари но ете сакам да се осамостојам, да имам мој лични примања. Ми се нуди работа во добра клиника во Скопје ( Систина ) сите ме подржуваат а татко ми не сака ни да чуе. Кога го прашав зошто прави така веднаш одговори дека ке се откажам од факултетот и дека немало потреба да работам кога сум задоволена со се. Но јас воопшто не ни помислив да се откажам од факултетот, а и 3та година сум-ќе го завршам. Дали некој од вас до сега се пронашол во ваква ситуација, и како ја разрешил? Како да го разубедам дека јас веќе не сум мала и дека можам да донесувам сама некои одлуки...
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    тато не сум повеќе дете. сфати ме...

    Биди среќна барем се грижи за тебе... За разлика од некои " татковци".
     
    На iloveyou29, eloves, Twinkles и 5 други им се допаѓа ова.
  3. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    тато не сум повеќе дете. сфати ме...

    Па кажи му дека е добро искуство за тебе. А и во случај да попуштиш со студиите, можеш да откажиш. А иначе ако прифатиш ќе имаш обезбедена работа.
     
  4. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    тато не сум повеќе дете. сфати ме...

    Еве ти шанса да докажеш дека не си дете. Што прашуваш ако знаеш кој ке биде одговорот? Потпис ти треба од родител за да те вработат???
    Мене исто татко ми ми викаше не, никако да работиш, јас секако не го послушав и си почнав на работа.
    Ако сметаш дека си голема, а не мала како што он те гледа, оди почни да работиш, докажи им дека можеш да се снајдеш!
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    тато не сум повеќе дете. сфати ме...

    Предложи му да почнеш да работиш и ете да види како ќе се справиш.Вети му дека ако го запоставиш факултетот ќе се откажеш од работата.
    Ако сега се избориш и навистина се покажеш и на двете места, многу ќе пораснеш во неговите очи. ;)
     
  6. Angel4e123

    Angel4e123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    86
    Тато не сум повеќе дете.Сфати ме!
     
    На babyblond и sanjaeva им се допаѓа ова.
  7. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Епа ете, 21 година имаш. Доволно си способна да правиш сама некои работи. Најди си работа, докажи им дека можеш да застанеш на свои нозе, дека си способна да се грижиш сама за себе, да градиш кариера, живот.. Само така ќе види дека навистина неговата мала ќеркичка пораснала и е доволно спренма самостојно да чекори низ животот.
     
  8. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Уф, камо сите татковци да беа такви, не дека татко ми ме тера да работам, ама јас да му споменам одма ќе прифати, седи тука уживај дури си уште студентка, знаеш колку луѓе има што не сакаат да работат, а се приморани заради финансии, ехе колкумина би сакале да бидат на твое место...
     
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Имаш 21 год. и со самото тоа самостојно одлучуваш во врска со вработувањето, како и да е речи му на татко ти дека е време да ти укаже доверба во врска со преземањето контрола врз сопствените животни одлуки и со самото тоа и пред него и пред себе ќе имаш додатен мотив да ја оправдаш довербата. Ти посакувам многу успех, :) .
     
  10. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Значи ти сакаш да работиш и не гледам зошто татко ти го оспорува тоа, разбирам татина галеница, но имаш 21 година и време е да се осамостоиш и сама да почнеш да си го заработуваш лебот што викаат, ти почни да работиш не барај дозвола, можеби и на почеток он ќе ти се лути но потоа ќе сфати дека ти веќе завршуваш факултет и време е да си градиш кариера. Good luck. ;)

    Едит:Гледам одамна е темава па кажи ни што си одлучила и направила :)
     
  11. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Ммммм... Јас би ти рекла да одиш да работиш, татко ти не може да те запре, сепак ќе живееш во Скопје, нема да има никаков проблем ако видиш дека го запоставуваш факсот(што не верувам дека ќе се случи! ;) ), ќе ја откажеш работата, но ваква шанса не се пропушта! А за тоа дека татко ти се однесува кон тебе како да си дете, тоа е нормално, ех камо да го имав мојот сеуште... ;(
     
  12. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Јас бев во иста ситуација. Имав прилика за добро вработување, ама татко ми упорно викаше дека е поважно да завршам факултет и дека со факултет и вака и така ќе се најде добра работа |( . Е не де утна... Е сега, тоа вработување не можев сама да го реализирам, затоа што беше преку негови познати, значи, штом тој не прифати, не можев ни јас. И ден-денес има моменти кога му замерам за тоа. Сите мои другари/другарки кои тогаш се вработија на истото раб. место сега се на добри работни места, имаат солидни и повеќе од солидни плати и стаж барем 6-7 години повеќе од мене. Јас имам факултет |( . И ден-денес сум убедена дека требаше да ја прифатам работата, посебно затоа што беше идеална да може и да студираш без проблем додека работиш. Ама бидна...
     
  13. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    Татко ми пак тера се обратно, што за мене е понесфатливо! Јас исто сум студент како тебе веќе 3 год.ама мене пак татко ми постојано ми вика како веќе треба да работам!! Кај тебе е одлична понудата и ситуацијата и мислам дека не треба да ја пропуштиш шансата! Понекогаш родителите се грижат без причина и токму како што ти викаш не сакаат да прифатат за одредени ситуации дека сме пораснале! родители се-Да,ни подариле живот но не можат да ни ги подарат и нивните мисли и желби!
     
  14. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Јас додека студирав не работев.Моите можеа да ми приуштат а и со мојов факултет немаше шанса да работам.
    .Некои да-немаа доволно средства и работат затоа што знаат дека од дома нема да имаат доволно па за да си го завршат студирањето дополнително и работат.Моиве исто не верувам дека да сум спомнела работа-ќе ми одобреле,ќе ми рекле да си го гледам факултетот па потоа работа.И не гледам ништо лошо ако некој имал и средства и работел.Значи на кој како му е убаво,така да олабавете ;)
     
    На oktavija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    И јас имав иста ситуација. Во 3 та факултет запнав сакам да работам па сакам да работам. Исто како тебе немав потреба апсолутно од пари ама ајде бес. И после долги расправии со моите се вработив. И знаеш колку издржав??? месец дена. Кога доаѓав дома изморена немав сила да фатам книга, трпеше факултетот. И тоа економски, што е полесен од Медицина колку што сватив од постот. Така да мој совет ти е од лично искуство, не брзај, работата ќе си дојде, ама дека ќе го баталиш факултетот или ќе се влечеш која година плус тоа е сигурно. Така да има друг начин да се осамосталиш од вработување.
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Бидете среќни што вашите татковци се грижат за вас и не дозволуваат да страдате за нешто. Тие веројатно знаат дека не е лесно да студираш и работиш затоа и не ви дозволуваат. Мене ми е рано за да барам да работам, ама знам дека тато не би ме оставил додека студирам.
    Иако немам осетено, мислам дека не е лесно да одиш на работа, да се враќаш и да спремаш испити, да одиш на факултет, да имаш време за себе итн... Не брзај, работата ќе си дојде, подобро е да си го завршиш факултетот на време, отколку да почнеш да работиш и да го запоставиш!
    Сигурно татко ти ти мисли најдобро затоа не ти дозволува да работиш...
     
  17. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Tоа не значи дека те мисли за мала..Тојј само се грижи за тебе,за твоето здравје,живот....А ако тоа ти пречи кажи му дека не си повеќе мала и дека сметаш дека можеш да се грижиш сама за себе :)
     
  18. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки!Нова сум на форумот и сакам ви кажам се што ми лежи на душа.Еден проблем.Бидејќи минатото лето почнав да учам дански,покрај другите јазици што ги знам,а инаку се уште учам школо,а бидејќи мајка ми и братучетка ми исто се викаат,решиле заедно да учат англиски,а таткото на братучетка ми работи во Норвешка и цела негова фамилија ја тера да учи норвешки.Но,проблемот не е тој.Мајка ми знае дека јас учам дански,а бидејќи норвешкиот и данскиот се слични,мајка ми и вели на братучетка ми:"Мајка ти и Кристина ќе учат норвешки,а јас и ти ќе учиме англиски,а татко ми се вмешува и кажува измислици во мое име.Е вака рече:"Кристина учи дански,зашто многу го сакала Хансен".Како што кажав,тоа што го рече е измислица.Ама премолчев.Ако рече вакво нешто уште еднаш,кажете ми како да постапам?Дајте ми совеет,ве молааам!!!!!!!!
     
  19. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.757
    Допаѓања:
    137.592
    Пол:
    Женски

    WHAT???
     
    На mode-kristina, sweet-star, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Тато не си веќе дете, разбери се :D
     
    На LaraSolare, Captain-Omni и Hipica им се допаѓа ова.