Делумно во контекст на темава: се сеќавам кога на 15 години го фатив првиот дечко, татко ми ми се налути и не ми правеше муабет една недела Фала Богу веќе не го прави тоа
Инаку што се однесува до работење и факултет, мене мајка ми ми дозволува и дури ме убедува дека е возможно (иако нема финансиски потреби за тоа), а дечко ми е тој што е против и вика дека најважно е да си го гледам факултетот, работата не ми бега кога веќе нема потреба да ги правам двете работи истовремено. Јас бев и скроз против факултет, опкружена се со неуспешни примери (мислам на тоа дека не им служела дипломата за добро и соодветно работно место), но тој ми влијаеше за факултетот и за тоа сум многу благодарна бидејќи ако ги слушав само моите немаше да ја донесам оваа одлука, па ќе видиме што ќе биде. Требаше да одиме за странство ама бидејќи не бидна тоа, сфатив дека е најразумно да одам на факс. Единствено би сакала да работам преку лето само, иако од него немам позитивни реации за тоа. Вика или учиш или работиш, што е тоа. „Но златооо, сите го прават тоааа “. Има многу цврст карактер и си стои на ставовите, така да јас него го почитувам многу повеќе од татко ми, до душа што татко ми не го почитувам воопшто со причина, долга и комплцирана приказна. Јас на овие години искрено попрво би прифатила размислување на дечко ми, отколку на моите. Возрасна сум, нема зашто сеуште да се мешаат во моите желби и потреби, додека пак со дечко ми ќе го делам животот, кога тој ме почитува и го прифаќа моето размислување, не е логично јас да се инатам со оглед на тоа што ретко што си дозволува да ми се вмешa. Со татко ми само како мала го имав овој проблем, додека не пораснав доволно да сфатам некои работи. Многу многу негативно ми влијаеше, бидејќи е посебен човек. Така да за животни одлуки не сум ни дискутирала со него и немам искуство со тоа. Додека пак мама е мојот херој уште од мала, иако откако станав своја често знаеме да си замериме една на друга, но тоа е сосема нормално ако не е често, со оглед на тоа дека сме блиски. Да те тера родител да работиш (од финансиски причини) а да се противиш е лошо и себично. Меѓутоа кога се работи за лично твоја желба за работа од мерак или од желба за искуство, себично од страна на родителот е тоа да ти го забрани. Возрасна си, ќе те казни ако најдеш работа?
И братучед ми ми прави ист проблем како татко ми.Денес му викам "Металург пак со Пари Сен Жермен да му се сневиди! " А тој ми вика "Микел Хансен твојата љубов да му се сневиди! "
^ ствано голем проблем имаш ах, мене така за некој да ми збори незнам како би се снашла во таа ситуација тешко стварно Спојлер сериозна си со прашањава бе девојче?
Е арно де. Хансен ти е симпатија и ти е срам тебе пред татко ти да кажеш дека ти е симпатија. Чудото големо
Ти девојче не прифаќаш туѓи размислувања, туку послушно си ги слушаш. Што уствари ти сакаш? Си донела некогаш одлука без размислување на дечко ти? Дечко ти може само да ти биде дечко, а не татко како што си ја презел улогата. Сите пишуваат тука за татковците, ти за тоа како дечко ти те превоспитува... Татко ти нема што тебе да ти се вмеша, туку во тоа што дечко ти кажува да правиш. Макар и добро да те советува дечко ти, имам впечаток дека ти не би имала став што би правела со своите одлуки и избори ако не е тој.
Еве уште малку и трета година средно, а за дечко уште не ми било време. Реално со татко ми и не сум зборувала баш многу на таа тема, ама си знам јас. Казни, глупости. Како у среден век да сме. Сите другарки со дечковци, дома си ги носат, а јас како светилка сум им. До душа не се појавил ни вистинскиот за мене. Ама не сум веќе мала. Демек дечкото бил обврска. Страв им е да не направам беља. Си ги знам јас родителите мои. Ама само нека се појави некој добар, одма го фаќам. Сега ми е времето.
Како да не Хипи бе јас кога сум сама дома и баш кога играат Македонија и Данска, или пак кога еден од нашите најдобри екипи игра со неговата, најмногу него го пцујам и го навредувам.
^незнам зашто се замараш очигледно е дека му е интересно на татко ти да те зеза, те боцка за машки хахах нема проблем никаков
Не знам дали прашањето ми е баш за тука, но не знаев каде да го поставам. Имам еден проблем ако може така да се нарече, најдобрата другарка ме праша да и бидам старосватица, јас веднаш прифатив, ми беше чест посебно затоа што уште како мали си имавме ветено дека која прва ќе се мажи ќе ја земе другата за старосватица. Проблемот настана кога му кажав на татко ми дека сум прифатила, почна да ми вика како сум незрела, свесна ли сум што сум направила, дека тој нема шанси да оди на свадбата, сама да сум си одела, едноставно се понесе како којзнае што да сум сторила. Јасно ми е дека со оглед на тоа што сум студент, а има доста трошкови во старосватството е загрижен, меѓутоа му објаснив дека имам одобрение од мајка ми (моите се разведени) и дека таа ќе ми даде пари за сето тоа, дека воопшто нема да барам од него. но сепак не можев да го убедам. Сега ме избегнува и ми се лути. Сепак мислам дека со мои 24 години имам право на своја одлука, не сум дете и ја сфаќам обврската која ја имам, но од друга страна не сакам да правам нешто за кое немам одобрение од него. Што би ме советувале, дали треба да ја одбијам другарката или како да му објаснам дека тоа не е ништо лошо?
лелеле девојче и мене ми се случува истото кога читам исто ко јас да сум пишувала само мајка ми е повеке против зошто татко ми е во Америка и демек пријателиве ке зборувале (зошто него скоро цел град го знае) и така
Oxxx постара сум од сестра ми и не сум татина галеница но кога бев неаде кај 11/12 години не сакав да се гушкам и галам со таткоми но тој секогаш ми велеше: Колку и да порасмеш мене ке ми бидешдете и ке бидеш малечка а јас секогаш го одбегнував. Сеуште е така ама сега сум поголема и нема многу галење и мазење со родителите дури и ич.
Ах , колку само го сакам тато .. Единствен ..за кој би го дала мојот живот..без да размислам. Најголемо галениче сум негово..Прво женско во фамилија , прва ќерка..Ми има кажувано дека бил 3 дена пијам кога сум се родила јас , а баба ми од радост ги изгорела рацете кога печела мекици
Сега се читам и се прашувам на кои дроги сум била тогаш,иако ни цигара немам запалено. Абе не можам да си се препознаам. Си викам колку сум била смотана кога сум го напишала ова. Изгледа годините си го прават своето.