Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тато, ти благодарам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од pupi.girl, 13 јануари 2017.

  1. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    25.015
    Пол:
    Женски
    На мојот татко му благодарам за секој момент што не се откажа од мене, и покрај сите грешки во минатото. Што секогаш во мене гледаше девојка која иако некогаш знае да згреши, ама во исто време бев негова паметна принцеза која многу добри работи ке постигне во животот. Му благодарам за сите спомени, совети и време потрошено на мене. Бил и секогаш ќе биде тука за мене.
    Мојот татко, мој херој. :l::l:
     
    На Rama и Arthur им се допаѓа ова.
  2. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    22.258
    Пол:
    Женски
    Тато, ти благодарам што ме создаде
    Ти благодарам што остана жив за да те запознаам колку навистина си добар човек, кој се грижи за мене ме советуваше како татко, пријател...
    Ти благодарам што никогаш не крена рака на мене иако заслужив многу пати
    Ти благодарам што велиш ''Ова е моето татино галениче''
    Ти благодарам за многуте непреспиени ноќи ради мене, ти благодарам за се што ме научи во животот како да се радувам на успеси, и како да стојам исправена на падови...
    Горда сум што те имам, те сакамм :hug: :hug: :hug:
     
    На mira.mira, Rama, Dream-Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  3. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Тато, ти благодарам што забораваш дека имаш ќерка.
     
    На mira.mira, m.i.g, Mr. Right и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    13.307
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за секоја прегратка и бакнеж во чело кога се враќаш од работа.
    Ти благодарам што неуморно и деноноќно работиш за да имаме се што ќе посакаме.
    Ти благодарам што секогаш ме сослушуваш и понекогаш бараш мислење од мене.
    Ти благодарам што ме воспита правилно и што ме насочуваш кон вистинскиот пат.
    Ти благодарам што ме научи дека со искреност, голем труд и желба се постигнува се.
    Ти благодарам што ми пренесе и сеуште ми пренесуваш некои навики кои што ќе ми бидат потребни секогаш во животов.
    Ти благодарам за секоја избришана солза. И за тоа што ме научи дека со плачење ништо не постигнувам.
    Ти благодарам за се досега. И од сега.
    Те сакам! :l::hug:
     
    На mynameislove, mira.mira, Crna Dama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    Taticko moj ti blagodaram za cela griza i pozrtvuvanost sto si mi ja podaril mi ja podaruvas i sigurna sum i deka ke mi ja podaris....
    ti blagodaram sto me sakas iako pravam mnogu gluposti
    sto me teras da odam po prav pat
    sto crncis za jas mojot brat i sestra da ziveeme normalno ubavo i prijatno i site da sme sekogas sredeni....
    ti blagodaram sto i pokraj toa sto rabotis 10 nekogas i 12 casa imas nervi i trpenie da me slusas i mene i site po doma kako ti kokodakame po telefon....
    ti blagodaram i za toa sto ne zaboravas na nas....
    taticko mnogu mi nedostigas....se bi dala da te gusnam...se nadevam za skoro ke bide i toa :hug: :l:
     
    На mime87, mira.mira, Dust и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Единствено фала за сѐ што ми приушти до сега, благодарна сум навистина.
    Но сепак е време да ни се раздвојат патиштата.
     
    На mira.mira, КикиМаус, Mr. Right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. busavobebe

    busavobebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    Татичко мој, благодарам што никогаш не се откажа од мене и се бореше до крај за да оздравам, што висеше деноноќно на болничките порти, ти благодарам што ме советуваше и секогаш ме носеше по правиот пат, што секогаш се трудеше да го добиеме најдоброто и што за нас се бореше со сите сили, благодарам што секогаш ме разбираш и знаеш да се однесуваш со мене на начинот на кој ми е потребен како другар, брат/сестра, малечко дете и најважно ТАТКО, ти си ми пример во животот како еден ден ќе ги воспитувам моите деца... ти ми значиш најмногу на овој свет, ти ветувам дека ќе направам да се гордееш со мене и ќе ме гледаш почесто насмеана затоа што знам колку те болат моите солзи, теее сакааам премнооогу татичко мој единствен и секогааш ќе те сакам.. биди ми здрав и жив уштее мноооогу години хероју мој! :l::l::l::hug:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за се досега, доволно беше од твоја страна.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Eden e tato :hug:
     
    На Arthur и Dust им се допаѓа ова.
  10. AnastasiaWinter

    AnastasiaWinter Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2017
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам што барем финансиски се грижиш за нас.
    Не ти благодарам што секогаш кога ми треба совет, поткрепа, насочување од тебе само добивам викање и критики. Не ти благодарам што се друго ти е поважно од сопствените деца. Не ти благодарам што не изигра ниту една детска игра со нас и не ни посвети внимание. И највеќе не ти благодарам што не пропушташ прилика да кажеш нам и на други колку голем товар сме ти.
     
    На mynameislove, marijaz, blackpanter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. winter flower

    winter flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2016
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    12.214
    Пол:
    Женски
    Тој збор,, тато,, ќе го заменам со човекот,бидејќи така и те именував цел мој живот!
    Ти благодарам човеку што си го остави единственото чедо за да си продолжиш сам по животниот пат-ме направи посилна!
    Ти благодарам човеку што никогаш не беше тука за да ми дадеш совет,поддршка,да ме погалиш по косата,да ми се насмееш и да ме поправиш кога грешам- ме направи отпорна и изддржлива на сите препреки во животот!
    Ти благодарам што не ми пружи ни малку грижа и внимание кога сите мои врсници се фалеа со нивните татковци во училиште и гордо ги држеа за рака- ја имав јас мајчината рака,двете нејзини раце,затоа се издвојував,ме направи посебна!
    Ти благодарам што никогаш не собра храброст да ми честиташ роденден или нова година -ме направи пожртвувана за оние кои јас ги сакам и ми значат!
    Единствено не ти благодарам што после толку години кога случајно ни се сретнаа патиштата,мал е светот човеку,те видов со каква болест се соочуваш и пробуваш сега мене да ми наметнеш грижа на совест, јас сум сега таа што требало да се грижи за тебе...МОЛАМ?!?!
    Е тоа човеку се вика КАРМА, од мене избега,но од неа нема каде да се скриеш!
     
    На mira.mira, Mr. Right, molikaMk и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Им благодарам на моите родители поради тоа што створиле монструм.
     
    На marijaz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за сите наши моменти на смеа, игра, патување, гушкање, безгрижност... те мразам што си замина прерано.... душа, знам дека не сакаше ни ти.
     
    На MacenceEna, mira.mira, Dream-Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Samomarija.056

    Samomarija.056 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Што ме воспита , што ме направи да бидам горда на она што го имам , и не мора се да искажувам преку форум ТЕ САКАМ доволен е еден збор ^_^
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.923
    Допаѓања:
    123.444
    После 8 години, уште не сакам да зборувам за тебе во минато време. Ти благодарам што беше родител. Другар. Подршка, се што веќе немам , зошто сакам да ми го пружиш само ти.... Ти благодарам што понекогаш ме посетуваш во сон и секогаш молчиш за да не ме растажиш .... Секогаш знам што ќе ми кажеш, ти го читам погледот ;(
     
    На MacenceEna, mira.mira и stevemila им се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Јас сум твојата верна копија од физички изглед до карактер.
    Со постапките и зборовите ме насочи кон животниот пат, а јас само зачекорив кон реалноста.
    Твојата татковска љубов, пожртвуваност и поддршка се највредниот подарок што сум го добила без резерва.
    Ти си мојата поткрепа, заштита и единствениот што ми се обраќа со целосно име.
    Ми годи тој збор иако никогаш не сум ти кажала како што и ти мене не си ми признал дека јас сум твојата чувствителна точка. И без да си размениме зборови, интуитивно се рабираме.
    Се гордеам што имам родител како тебе.
    Ти благодарам за се до сега и во иднина.
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angie24

    Angie24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2017
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам што ме научи да бидам горда и праведна,ти благодарам што ме научи секому да приоѓам со љубов макар и да згрешам.
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.844
    Пол:
    Женски
    Душички, чувајте си ги вашите татковци, и гушкајте си ги секој ден, јас све би дала за мојот татко да е жив, и да го гушкам секој ден :l:
     
    На mira.mira, Orthophill, Nalutena1 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.668
    Допаѓања:
    2.443
    Пол:
    Женски
    Му благодарам што не се замара дали учам како мајка ми и што си е лабав човек.:lol:
     
  20. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    7.323
    Ti blagodaram sto sekogas mi velese TI MOZES SE. Denes i koga nemam sila sama si go vikam istoto.
    Ti blagodaram sto sekogas velese deka nema nevozmozni raboti samo treba trud.
    Ti blagodaram sto me nauci da grizam ovoshje a ne da secam so noz za da mu go pocuvstvuvam vkusot.
    Ti blagodaram sto mi vikase deka ne postoi nisto sto e posilno od zena, nitu poumno, samo treba da go upotrebam svojot potencijal.
    Ti blagodaram sto vikase deka nekes da izrastes placka tuku silna zena...
     
    На kolumnistot, eli25, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.