Грешка. Не е битно дали ќе ни се раздвојат патиштата или не, со сигурност ќе се разделат, но знам дека некогаш некаде пак ќе се сретнеме. И тогаш ако ништо друго, ќе се поздравиме на наш начин.
Ти благодарам што си таков намќор. Не очекував ништо повеќе од тоа. Сепак те сакам старец еден забеган. Еден ден ќе те хранам активиа со житарки и заедно ќе се смееме колку си бил лош. Сега лути си се убаво ти стои, лошотилак низаеден.
Тато, ти благодарам што без разлика колку години и да имам, ти секогаш ќе се грижиш за мене и ќе ти бидам слаба точка, ти благодарам што и ден денес знаеш да влезеш додека спијам да ме бациш и да провериш дали сум покриена, ти благодарам што си мој заштитник и што трпеливо чекаш да остварувам успеси. Знам дека сум лоша некогаш и прости ми. Ти си мој тато и без разлика на се` ќе те сакам.
Тато,ти благодарам што не се откажа од мене тогаш кога бев најмала и најранлива...ти благодарам и сега што си попустлив спрема мене наспроти се....
Тато, ти благодарам за секој совет, денар и убав збор. Благодарам што ми ги простуваш сите грешки и што си секогаш тука за мене. Благодарам што вредно работеше за да се школувам. Благодарам за се што сум јас денес. ❤
Ти благодарам за се до сега,за се што ме научи,за секој совет и сета подршка.Посакувам да си уште покрај нас,со нас.Ти си мојот херој,мојот ангел чувар
Tato ti blagodaram sto sekogas si tuka za mene,sto te imam i si mi podrska,ti blagodaram sto si tolku dobar covek ..i iako ne go citas ova MNOGUUU TE SAKAMM TATICKO MOJ
Ти благодарам за тоа што моите деца ги сакаш повеќе од себе си. За тоа што се радуваш како дете заедно со нив. За тоа што можам слободно да ви ги оставам и да бидам спокојна. За секој совет, за секој денар потрошен на моето образование. За куповите овошја во сабота наутро купени на пазар, наместо чоколади и бомбони. За секоја помош.
За секој спомен. Убав, неубав, среќен, тажен... За секоја прегратка, за секоја бацка, за секоја грижа и бдеење, за секој совет, за секој труд да направиш човек од мене. Вчера се наврши точно една година откако не напушти, една година откако живеам во магла и во страв да не ми избледи сликата од тебе. Но, тука си, едно парче од срцево те чува и оживува секојдневно. Животот ни ги скрати моментите заедно, ама јас те носам со себе во секој нареден момент каде што посакувам да си присутен. Прости ми за сè што би требало да ми простиш, ти благодарам за секој момент и прости ми што тагувам по тебе и ме гледаш од горе ваква скршена. Колку свеќи и да запалам, колку цвеќиња и да донесам нема да ти доловам колку посакувам нештата да завршеа поинаку. Те сакам и ми недостигаш, нека ти е осветлен и спокоен патот таму каде што одиш...
За грижата, љубовта и подршката и тогаш кога не сум ја побарала. За безгрижните детски денови, за пожртвуваноста и сите совети.
Ти благодарам што ме поддржуваш за секоја моја постапка и ти благодарам што си најдобриот татко на цел свет.
Тато, ти благодарам што ми го уништи животот * иронично кажано е тоа "благодарам", па и тоа "тато" (одамна не сум го изговорила)
Ти благодарам што си моја поддршка , иако сум 24 веќе . Што секој ден ми даваш до знаење дека што и да се случи , ќе бидеш мој ветар во грб . Што си одличен дедо и секогаш си тука за твоите внуци и за нас . Што и покрај сите мој глупости не ми се лутеше никогаш . Што не сакаш иако знаеме на глава да ти се качиме . Што мирно ги прифати моите избори . Што веруваш во мене .
Тато, ти благодарам за поддршката, за силата, за тоа што откако сум жива имаш направено милион ризици само за мене, за тоа што никогаш не се откажа од мене, за тоа што го прифати син ми. Ти благодарам за нашите прошетки во природа кога ме учеше за животот. Ти благодарам што веруваш во мене. Ти благодарам што ме научи да бидам силна и што ме научи да го сакам секое животинче, да го почитувам секое растение, и да им се восхитувам на дождот и земјата што заедно ствараат живот. Ти благодарам за секој пат кога си летал возејќи само за да бидеш тука за мене што е можно побрзо. А најмногу од сѐ, ви благодарам за животот што сте ми го дале.