Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тато, ти благодарам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од pupi.girl, 13 јануари 2017.

  1. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    3.673
    Пол:
    Женски
    Татичко мој неможам да ти ја опишам мојата љубов кон тебе неопишлива е.
    Ти си мојот најголем херој.
    Ти си мојот најдобар татко.:inlove:
    Фала ти многу што секогаш што и да посакам секогаш се ми даваш,продолжи така.:D
    Фала ти што не ме скратуваш буквално од ништо.
    Фала ти што ми пружиш безусловна љубов.
    Те сакааааааммм :l::l::l:
     
    На H.VAGA и mira.mira им се допаѓа ова.
  2. Nikolina35

    Nikolina35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    13.045
    Пол:
    Женски
    Тато, ти благодарам што ме чуваше ко принцеза а со тоа ме насочи каков маж треба да изберам понатаму во животот. Знам дека во последно време се повеќе заличувам на мајка ми и ти префрлам за некои работи, но те сакам сеуште многу - исто како кога бев дете. Во оваа пандемија само за тебе се грижам и се молам да те промаши оваа болест. Сега сум со принцот но знај, ти секогаш ќе бидеш мојот крал.
     
  3. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    Тато, ти благодарам што ги трпиш сите удари за нас.
    Ти благодарам што при секој чекор, секоја одлука што ќе ја донесеш размислуваш како ќе ни влијае на нас.
    Ти благодарам што секогаш се трудиш да не утешиш, ни даваш безрезервна поддршка, ни ги ислушуваш сите маки и дури и кога ќе претераме остануваш прибран.
    Ти благодарам што го држиш балансот во семејството.
    Ти благодарам што секогаш сакаш прво нас да не усреќиш.
    Ти благодарам што си толку несебичен.
    Ти благодарам за се, и се што правиш јас го гледам и го ценам, иако некогаш знам да претерам и да изгледа дека не ја гледам твојата жртва.
    Ти благодарам што не држиш сите сплотени :l:

    Не знам што би правела без тебе.
    Среќна сум што те имам, те сакам :l:
     
  4. GoldLeo

    GoldLeo Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    8.122
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам што и на мои скоро 28 години можам да се ослонам на тебе и слободно да се расплачам како да имам 8 години.
     
  5. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Тато многу ти благодарам што ме научи да бидам тотална кучка и ме научи како правилно заслужуваат да бидат третирани мажите :l: А највеќе од се ти благодарам што поради тебе се оформив во ваква личност што сега ако некој ми згреши малце го плаќа и твојот дел , затоа што толку си ми згрешил други ги плаќаат последиците . :*: Многу ти благодарам сега што ми плаќаш и психолог , едноставно кој не би посакал таков татко да ти створи психички проблеми и послем да ти плаќа психијатар :angel: how lovely :l:.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Thanks daddy :l:
    54F62D7A-D566-4FB4-8859-D215620444EB.jpeg
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.