Женскиве мене ми се феноменални, многу песни им знам и на руски и на англиски јазик.интересни текстови, убави ритами на песните, имаат убави високи гласови што ептен ми се свиѓаат прва песна што ја слушнав од нив ми беше " All the things she said " , убава песничка, потоа преслушав уште неколку други и едноставно се заљубив ваше мислење за девојкиве ?
t.A.T.u Многу ми се допаѓаат нивните песни, убави се, имаа доста хитови, иако најголемо внимание привлекоа со нешто друго, а не со музиката.
t.A.T.u Па да, тоа го направи нивниот менаџер за да привлечат повеќе внимание, инаку се знаеше дека не е вистина. Едната мислам сега има и маж и дете, а другата дечко.Се мисли дека таа Лена демек се заљубила стварно во Јулиа, ама не верувам. како и да е, топ се.
t.A.T.u Откачени девојки, со добра музика, стварно добра. Ама тоа ич не ми се свиѓаше што ги направија лезбејки
t.A.T.u Овие постојат уште? Не сум чула одамна ништо од нив. Знам постоеја кога бев 6то одделение. Ама добро, толку им е рокот на траење на оние што глумат лудило.
t.A.T.u Ептен ги сакав девојките Убави хитчиња имаа, нешто ново беа, и нормално го кренаа народот на нозе со тоа што ,,беа,, лезбејки, иако кратко беа на сцената толку беше, се популаризираа... и ништо иновативно не направија оваа песна им ја сакам најмногу http://www.youtube.com/watch?v=6yP4Nm86yk0 а оваа ептен ме потсетува на основното ја сакав највеќе. http://www.youtube.com/watch?v=8mGBaXPl ... re=channel
t.A.T.u Па не постојат сега колку што знам. Последните песни им се негде од 2006-2007. Ама викаат дека правеле пауза и сега работеле нешто соло и дека можеби пак ќе се врателе. Ама не, секој на свој начин си е оригинален и прави нешто да стекне слава. Ете, нивниот менаџер мислел дека ќе привлече повеќе внимание и фанови со тоа што ќе ги направи лезбејки - и успеал во тоа! Штета, ама како и да е јас сепак ги сакам. И да, All the things she said, првата песна што ја слушнав од нив, ме потсетува на многу работи, многу случки и им е една од најубавите.
t.A.T.u Еве и овие ми се убави http://www.youtube.com/watch?v=0HL-N9oOjcs http://www.youtube.com/watch?v=V8YGdwGvDrc
t.A.T.u Дури сега ми текна дека сум ја отворила темава и баш ми текна да си послушам некоја песничка од девојкиве.. Еве, моментално ја слушам 220. http://www.youtube.com/watch?v=WK1VbLcmRXA
Убаво ми е да знам дека не сум единствен фан на t.A.T.u во денешно време. Мислев како минува време, модата на Тату помина и отидоа во заборав кај нас. Лично јас ги обожавам. Сакам женски бендови, одредени, не сите, а од Тату не можам да се одделам. Ги знам сите песни, на памет. И руски и англиски. Не дај боже некој русин да ме слуша како пеам, ќе ми се изнасмее на изговорот сигурно. Повеќе ми се допаѓаат старите песни од новите. Повеќе ги сакам старите Тату од тоа сега какви се изградени. Ги имам сите албуми, и не можам да издвојам некој одреден кој најмногу ми се допаѓа. Dangerous and moving, исто како и неговата руска верзија се фантастични. Ептен ми се драги песните во тој албум. Да не должам, јас сум Тату фан до смрт, и одредена песна/албум што најмногу ми се допаѓа не верувам дека можам да издвојам.
Ее, мило ми е што има и некој друг што ги поштува и сака девојкиве. Ги немав слушано веќе подолго време, па еве денес почнав да се потсетувам на нивните песни и скоро на сите им го паметам текстот.. Ги обожавам! А најмногу се нервирав кога ги слушав сите ме правеа дека сум будала, нели сите ги слушаат Џеј Зи, Џастин Бибер, Ријана и Лејди Гага и сега зашто јас ги слушам t.A.T.u сум лудак. Они не се "познати" како горенаведениве личности , значи не ги бива. И така чат-пат ми текнуваше да си стегнам некоја песна од t.A.T.u на фејсбук и гледаш ќе ми стават еден-два лајка најмногу и толку. Не сакам сега да бидам погрешно сватена, многу ми е гајле за лајковите мене него работата ми беше што лајковиве ми беа ставени од најдобрите другарки да ги речам, како од милостина е*ате! А една моја друга другарка стави една песна од t.A.T.u, дали беше онаа All the things she said, таа скоро сите ја знаат веќе и кога и изнаредиле 10 лајка, а не од што ја слушнале песната туку дека девојчето е популарно па ајде, на се нека и стегаат лајк. Туку ајде, забегав јас оф топик, не ми беше тоа поентата, ама стварно се изнервирав. Што ли слушаат денешниве деца (не сакам да се правам паметна) освен ете тие што веќе ги набројав и уште некои слични такви.. Не дека и јас не ги слушам (некои од нив) ама знам само неколку песни од нив што ми се свиѓаат онака, а инаку имам поинаков вкус за музика од моите врсници. Него, да си се вратам јас на t.A.T.u. Мене отсекогаш повеќе ми се допаѓала Јулија, но во однос на нејзиниот физички изглед, а во карактерот повеќе ми се допаѓа Лена. Незнам зашто ама Лена како да се нема променето од почетокот на нивната кариера, а Јулија се има променето ептен многу, како во изгледот така и во карактерот. Откако се разделиле како дуо, станала многу дрска кон Лена и слично. И да, навистина ми е жал што се разделија, сакам пак да се заедно и да прават уште многу, многу песни. Еве, баш сега ќе ставам неколку песни од моите омилени. http://www.youtube.com/watch?v=uGRaXUQC ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=NfdXutAm-wY&NR=1 (заедно со англиската верзија) http://www.youtube.com/watch?v=3HtPhpsg ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=9gDhbiCH ... re=related (како и руската верзија, Obezyanka Nol) http://www.youtube.com/watch?v=bsG4A3sy-xk (англиската верзија на Ne zhaley, исто мислам дека ова е нивната последна песна од нивниот последен албум, во која се работи за нивното разделување, сета болка што ја чувствуваат.. ) Ма, не можам да одвојам, сите песни од нив ми се омилени. А ова беа само дел од нив. Само морам да признаам дека t.A.T.u немаат баш некој глас за во живо, т.е имаат ама не нешто посебно, онака. Но, сепак, моќни се!
Прв пат ја гледам темата, ТАТУ ги слушам од многу одамна и ги обожавам и почитувам како пејачки. Еве неколку од омилените песни http://www.youtube.com/watch?v=8mGBaXPl ... r_embedded и руската верзија http://www.youtube.com/watch?v=FPPm4y3s_58 и англиската верзија http://www.youtube.com/watch?v=6yP4Nm86 ... re=related
Една од најомилинети групи ми е. Уште кога бев помалечка ги слушав и ги гледав нивните спотови. Девојките се оригинални и единствени и баш ми е криво што не се навистина заедно. Забавни се пред се нивната музика и спотовите секогаш ме расположуваат. Ме сеќаваат и враќаат кога растев и кога се обидував да ѓи имитирам нивните гласови Ги знам нивните песни на англиски повеќето. А на руски ја знам само Dangerous and moving. А омилена песна All the things she said. Иако и White Robe ми е спешл http://www.youtube.com/watch?v=lzY9UF4XAz4
Колку беа популарни на времето t.A.T.u. Денес ретко кој ги памти..Инаку јас не сум им некој фан, некат ми текнува да им слушнам по некоја песна и така..Инаку омилени ми беа all the thing she said и not gonna get us
Ги дознав од списанија пред повеќе години, тогаш кога беа актуелни. Нем ми се допаѓа што се направија лезбејки. Си имаат квалитет девојките, ама не требаше да го направат тој чекор само заради повеќе слава! Јас тогаш дури малце и ги замразив тогаш, ама преубави песни имаат бре! Да не ги повторувам песните, само ќе кажам дека All about us и All the things she said ми се омилени. Јас пак мислев дека никој не ги знае или пак не ги памети, а и јас ги бев заборавила. Темава ме потсети на нив, па преслушав неколку песни.
Аааа ТАТУ многу си ги сакам,уште од почеток ги слушам,интересни ми беа,и мене не ми се допаѓа тоа што ги правеа лезбејки,ама иначе убави песни имаат. Омилени ми се: http://www.youtube.com/watch?v=TVGS1XjFpe0&ob=av2e http://www.youtube.com/watch?v=YYh4R1aSGxI http://www.youtube.com/watch?v=EOofUCjV ... ure=fvwrel http://www.youtube.com/watch?v=WPEndJTP ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=6yP4Nm86 ... re=related
Aууууууу. TATU беа мојата најголема љубов кога бев мала. па дали ви се верува дека продавав на другарки се што имам дома за да соберам пари за концерат на 2те лезбејки Mа секоја вечер плачев по дома, го молев господ да ги видам у живо. секое списание со нив мораше да го купам, едноставно бев психолошки опседната со нив Mногу ама многууу лудило. дури и на SKYNET пишав порака Jас ги обожавам тату, да се запознаеме со некој што ги сака и едно девојче ми пиша, и и отидов на кафе дома, прв пат во живот се гледаме 5 саата за тату зборевме ако е на форумов слободно нека ми пише