Ве молам ме интересира дали во бременоста ви се случило да имате тахикардија, прочитав некаде дека со самата бременост се јавуваат тахикардиите, екстрасистолите и не дај боже повишен крвен притисок. Сакам да слушнам мислење и совет доколку некои имале тахикардија и дали земале нешто во текот на бременоста, некои лекарства , бета блокери или слично. Ви благодарам од се срце
Пред бременоста имав многу низок притисок и сега ми е нормализиран. Имав тахикардии пред еден месец ама прочитав онлајн дека притисокот и тахикардиите најприродно се смалуваат со прегратка. Да убаво прочита лекот е гушкање. Мене кога ми се случува тахикардија ќе си го гушнам мм или некој близок и се смирува по минутка. Му кажав за ова и на матичниот ми рече дека убаво е да пијам и овошен чај со мед ако ептен немам кого да гушнам. Во секој случај, што поприроден начин на смирување, толку подобро за нас трудниците. Еве го линкот со гушкањето: http://www.naturalnews.com/038890_huggi ... ssure.html
Ти благодарам на одговорот очигледно мал е бројот на оние кои го имат овој проблем и темава не наиде на голем интерес, иако сметам дека е многу битна тема особено за идните мајки кои го имаат овој проблем.
Мене почна многу забрзано д ами чука срцето, некако ме фаќа и паника и не знам дали од тоа или од забрзана работа на срцето и тешко воздух земам, се осеќам како да се качувам по скали а може само седам, не знам и гинекологот ми рече да пијам бедоксин, а ако не ми се смирува рече да ме прати на интернист, до сега инаку имам качено 4,5 кг, значу сум 17 недели и 2 дена, не знам дали е многу па од тоа нешто да нее, ми рече не се прејадувај, но многу внимавам на исхраната
И кај мене е висок пулсот и тешко земам воздух, направив и екг, се е во ред, така ми било поради ниското железо т.е. хемоглобин. На почеток се плашев, ама веќе се навикнав. Кога ќе осетам такво нешто пијам бедоксин и мирувам
Пред да останам бремена вакво нешто не ми се случуваше, сега скоро секој ден тахикардии, бодежи околу мускулот и не престануваат, почнуваат да ме загрижуваат
Мене ми се има jaвено едно 2-3 пати до сега...баш како нeкоj си момент на паника да е, неможам да дишам, ме стега во гради и тука ме мава ужасна нервоза....страв ми е вакво нешто да не ми се случи среде порагаj...незнам дали претходно треба да си приjавам таква поjaва или они си знаат си следат преку апаратите.
Искрено не те следат тебе за време на пораѓај на никакви апарати. Јас прв пат кога се пораѓав мислев сега којзнае на што ќе ме приклучат, ќе има апарати околу мене, ама........ јас незнам ни што е тоа цтг. Ме оставија цела вечер за да се отворам сама, без ниеден преглед, без цтг, без мерење на притисок, ама баш нишшшшшшшшто Сепак мислам дека немаш место за паника околу дишењето, а пробај да пријавиш ништо не губиш
jas imam ekstrasistoli sekojdnevno si go sejkam srceto kako mi preskaka, gi imav i pred bremenost za vreme na pms ili pod stres, mnogu sum cuvstvitelnai nervozna a sitnici i mozebi i od toa mi se slucuvaat
вчера премногу се изнервирав и плачев премногу дури и липав, поота цел ден очите ми жежеа, ме пецкаа.. во 21 часот почна да ме фаќа некоја паника легнав, ама сепак срцето го чувствував како ми скока, и го слушав лупањето, неможев на нормален начин да земам воздух, само се трудев, земав длабок здив и така некако дишев... толку бев изнервирана што несакав да му се јавам на мм да го прашам кога ќе пристигни дома(на работа беше) чувствував дека само до тоа да ми беше и ќе ми прекинеше.. Решив ќе му се јавам, ми текна дека немам кредит, ѕвонев кај лица од мојата линија но не ми крева, мене паника уште повеќе ме фати, место не ме држеше, мислев ќе прекинам да дишам. Седев на кревет, ама ми требаше сила да одам кај свекрвами, да не бидам сама, мислев на најлошото... Цела вечер така, дури и мрдањето на бебето ми предизвикуваше стрес, исто така мирисав ракија постојано за да не забегам ( имам чувство дека ќе се породам сега, предвремено ). во мисла ми се врти тоа дека во нашиот град нема гинеколози, дека оваа паника ќе ме фати за порајѓај, и сте тоа ми се натруваше во мозокот и се рефлектираше на дишењето мое и паниката.... Само што си дојде мм јас некако се смирив, сакав само да го гушкам, иако му бев претерано лута, заборавив на се... СЕ ИЗВИНУВАМ НА ДОЛГИОВ ПОСТ, МОРАВ НЕКАДЕ ДА ГО ИСКАЖАМ ОВА, НА СИТЕ ШТО ИМ КАЖАВ ИМ СЕ НЕМАЛО ДЕСЕНО ОВА И НЕЗНААТ ДА МИ ПОМОГНАТ...
Не смееш така да се вознемируваш ти штети и тебе и бебето.и зошто се оптереруваш со предвремен порагјај далеку си од тоа.не разбрав дали паниката од тоа ти се створила или од друго?како и да е немој од ништо да се плашиш се е природна работа која ке трае неколу часа и после завршува тоа а почнува еден нов доооооллллггг процес кој се нарекува мајчинство јас ја поминав истата паника со првата бременост на крај сватив дека за дџабе било се породив за два часа мн лесно.ако повторно те снајде ваков паничен напад сврти ги мислите кон нешто порелаксирачко
Паниката почна да ми се појавува кога слушнав како ми лупа срцето и почнав да мислам на глупости, сврзував несврзани работи, мм не беше дома, претходно со него се карав,сакав се да решам, да го гушнам и да заборам дека сме се карале. потоа и ова со гинеколозиве наши, се присетив што ако ми се јават болки и треба да одам до друг град, што ако се породам в кола.. абе да не ми е никој во кожата.. што ако ваква паника ми се појави за време на порајѓајот.. можам да набројувам до утре какви се мисли ми поминаа низ глава.. а и дополнително ми е тоа што бебето последнава недела не е активно како што беше, претходно мрдаше постојано, и наеднаш пазуа.. сеа по малку го чувствувам и одвај чекам утре да дојди да одам на гинеколог да ми кажи дали е се во ред. неможам , само на тоа мислам
bebeto93 Внимавај многу со тахикардија. Не е тоа состојба на срцето кое е за потценување. Оди испитај се на кардиолог кој е добар и стручен за да видиш што е проблемот. Тахикардија може да ти прави многу, многу проблеми кога е во прашање дишење, енергија, подвижност. Ќе се чувствуваш загушливо, ќе имаш проблеми да дишеш и многу други работи. Ако чувствуваш некое пецкање обавезно јави се на доктор, не размислувај воопшто. Нека ти проверат срчани како ти се движат. Можеби дава некои индикации за пред инфарктна состојба, можеби имаш некои залистоци на срце , запушувања. Тахикардија и висок притисок се основни елементи за инфаркт или мозочен удар. Не дека твоето е страшно, али не беше ни на еден мој пријател, па доби инфаркт и едвај извлече жива глава. Запознав жена со 4 инфаркта на 35 години. Веќе не се само мажите жртви на инфаркт, туку има и добар процент жени.
леле што изнапиша ја испоплаши женана , дај какви инфракти и триста чуда, точно дека не треба да се занемари ама не е страшно до толку, мајка ми тахикардија без некоја посебна причина има од 19 години, а роди две деца природно, правеше и операции па ене ја уште си ја има, сега е веке жена во години и мора да пие терапија , кај секого може да се јави тахикардија тоа не значи дека е нешто страшно , искрено јас се исплашив кога прочитав па не девојчево кое е бремено и тахикардијата и се јавила од стрес и нервози
Без навреда ама отиде малце предалеку ја плашиш уште повекје.Нејзината состојба ми личи повекје на паничен напад отколу на пред инфарктна состојба.Била сама и ситуацијата се влошила дополнително ја плаши тоа што во местото во кое се наогјаат гинеколог нема.Во бременоста дупло се зголемува количеството на крв и затоа е нормално некогаш срцето забрзано да чука.Јас кога ке легнам на лева страна исто се гушам и забрзано дишам.Плус седми месец е бебето е големо и ја стиска дијафрагмата и отука и дишенјето е отежнато.Како и да е мила докторот ке ти каже за што се работи па пиши утре
Има различни видови на тахикардија. Тоа што мајка ти го има не е ништо страшно, но што на пример човек со инфаркт, вграден стент има константна тахикардија? Дали е во ред тоа? Различни луѓе, различна генетика, различно срце. Ако мајка ти немала проблем не значи дека кај девојкава не е ништо сериозно( дај боже да не е). Тахикардија може да прави многу големи проблеми и треба да се испита причината на истата. Знаеш ли ти каков е филингот со низок притисок и 150 пулс? Мислиш дека ќе пропаднеш во земја. Мој пријател заврши на боца за дишење поради тахикардија и не можеа 4-5 дена да му ја смират на кардиологија.
Не ја плашам воопшто, претпоставувам дека можеби е страв и малку анксиозност, али сум ја осетил на своја душа, па зборувам од искуство. Човек мора да се испита инаку цело време ќе ти се повторува и ќе се чувствуваш лошо без воздух.
Матичниот гинеколог, ми рече дека тоа ми е од нервоза, заради претходна расправија со мм.. фала ви сепак...